fbpx

Итните набавки поврзани со корона вирусот носат ризици од корупција

-

Центарот за граѓански комуникации, ЦГК, оценува дека вонредната состојба со корона вирусот, општиот недостиг на неопходните производи и брзината со која се спроведуваат набавките, го зголемуваат ризикот од корупција при примената на оваа, и онака нетранспарентна постапка за јавна набавка.

„Добавувачите, знаејќи дека институциите се во тесно и немаат голем избор, можат да го искористат овој период за зголемување на цените над вообичаените и реалните. За да се стесни просторот за  злоупотреба на и онака скромните јавни ресурси, потребно е да се вложат максимални напори за зголемување на транспарентноста, отчетноста и рационалноста на овие набавки“, се констатира во извештајот на ЦГК.

Се додава дека три други прашања се наметнуваат во услови на итни набавки. Првото е дали цените по кои се набавуваат производите се разумни и според пазарни услови, бидејќи постои зголемен ризик тие да се неразумно високи. Второ, дали се почитува рокот на испорака на набавените стоки, услуги и работи, а навременоста на испораката е клучен фактор во услови на криза. И трето, дали секој договорен орган детално ја образложил причината за набавката со сите елементи – вид, количина, квалитет и рок, како што тоа го бара Законот за јавни набавки.

Иако за набавките што се спроведуваат со постапката со преговарање без објавување оглас треба да се добие претходно мислење од Бирото за јавни набавки, овие набавки можат да се спроведуваат директно, без претходно обезбедено такво мислење од Бирото за јавни набавки, а во согласност со член 55 став (6), од Законот за јавни набавки, кој се однесува за услови кога се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето.

Главните наоди на извештајот покажуваат дека, заклучно со 5 април 2020 година, објавени се вкупно 17 известувања за склучен договор, како и 12 одлуки дека е направен избор на најповолна понуда и дека ќе се склучи договор. Со оглед на малиот број договори, се отвора прашањето дали институциите ја почитуваат законската обврска – известувањата за склучените договори и самите договори да ги објават во рок од десет дена од склучувањето на договорот.

Понатаму, во половина од склучените договори за итни набавки се преговарало само со една фирма. Но, и во овие вонредни околности треба да се вложат максимални напори и да се настојува во преговорите да се вклучат повеќе добавувачи, како единствена гаранција дека јавните пари ќе се трошат рационално поради ризикот да се набавува по цени што се повисоки од разумните. Се забележува и дека цените за слични производи се различни во зависност од тоа дали институцијата преговарала само со еден понудувач или вклучила повеќе понудувачи. „На пример, една институција купила хируршки трослојни маски за 32 денари, а друга, обични маски за 35 денари. Првата вклучила 8 понудувачи, а втората само еден. Некоја институција, пак, платила 3,9 денари за една заштитна ракавица, иако најчестата малопродажна цена на ракавиците дури и во вакви пазарни услови изнесува 3,5 денари“, стои во Извештајот.

ЦГК констатира дека е потребно навремено да се објавуваат известувањата и склучените договори за набавки, најдоцна десет дена од склучувањето на договорот, да се информира јавноста и за одлуките за склучување договори за итна набавка, преку објавување и на т.н. известување за доброволна претходна транспарентност. Потоа, да се вклучуваат повеќе фирми во преговарањето, да се постигнат разумни цени, да се дава прецизен опис на набавените производи за да се овозможи увид на јавноста во оправданоста на цените, да се почитуваат роковите на испорака на набавените производи, детално да се образложуваат причините за секоја набавка во одлуката и слично.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...