fbpx

Полошкиот регион претпоследен по транспарентност со полош резултат од минатата година

-

Со намалена активна транспарентност од еден процентен поен, Полошкиот регион е претпоследен од осумте плански региони и еден од двата со полоши резултати од лани, покажува Индексот на активна транспарентност за 2020 година, што го објави Центарот за граѓански комуникации. Годинава активната транспарентност, односно објавување информации по сопствена иницијатива, на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) е проценета на 58,2 отсто.

„За разлика од лани, кога сите региони забележаа подобрување на активната транспарентност, годинава два региони имаат послаби резултати – Југозападниот и Полошкиот“, нагласува анализата.

Најдобро рангираните два региони, Источниот и Пелагонискиот, имаат просечно ниво на исполнување на обврските поголемо од 60 отсто и се во групата со ’добра‘ активна транспарентност. Сите останати региони имаат ’просечна‘ активна транспарентност, со исполнување на обврските меѓу 40 % и 60 %.

„По ланското подобрување за повеќе од 20 процентни поени и скок од претпоследното на петтото место, Полошкиот Регион годинава повторно падна на претпоследното место со намалување на активната транспарентност за еден процентен поен, од 48,7 на 47,7 отсто“, наведува анализата.

Најтранспарентна општина во регионот е Гостивар, а Тетово е на второто место. Обете општини годинава биле потранспарентни од лани. Теарце и Врапчиште, пак, се на дното на табелата и влегуваат во групата општини со „слаба“ активна транспарентност

„Под ’активна транспарентност‘ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации“, се наведува во анализата. „Сепак, постои и законска основа за активната транспарентност на институциите, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони, како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од добрата практика, а институциите имаат обврски за проактивно објавување информации и од акциските планови во рамките на иницијативата за Отворено владино партнерство“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Спајдермен Мајлс Моралес слика од Clutchpoints

Квалитетни нови игри беа најавени на настанот PlayStation Showcase 2023

Пред неколку дена излегоа голем број трејлери за нови добри игри на настанот Playstation Showcase 2023. Решивме да ги издвоиме најинтересните игри и да ви ги презентираме:    Immortals of Avenum  Оваа...
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download
download karbonn firmware
Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=