fbpx
Таг: студенти

таг: студенти

На претставници од „Студентски пленум“ им беше забрането да влезат на дебата во Министерството за образование

На студентите од „Студентски пленум“ не им беше дозволено да влезат на дебатата за измените во Законот за високо образование, која експресно беше пренесена во просториите на Министерството за образование. Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата за одржување на најавената дебата. Таа денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје, но наместо таму, се...

Министерството за образование во последен момент ја смени локацијата на дебатата

Во последен момент, Министерството за образование и наука ја промени локацијата на одржување на најавената дебата, која денеска требаше да се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје. Таа се одржа во просториите на Министерството. Тоа ги изреволтира дваесетината студенти од „Студентски пленум“ кои со транспаренти, иако непоканети, се упатија на дебатата. Нив, пак, ниту вчера, ниту денеска никој не ги поканил и информирал...

Масовноста на маршот ќе го потисне стравот од протести

Масовната посетеност на студентскиот марш значи почеток на промените, преставува чекор напред да се потисне стравот што владее во Македонија, а студентите се движечка сила која може да ги поттикне и другите слоеви на општестовото. Ова е ставот на експертите кои го проследија маршот и го подржуваат правото на студентите да протестираат и слободно да говорат. Професорот по социологија на...

Српските студенти со поддршка за македонските колеги

Студентите од Белград им дадоа поддршка на македонските студенти. Тие денеска излегоа пред македонската амбасада во Белград, Србија, со пароли „Да живее борбата на студентите во Македонија! Еден свет – една борба!“.

Адеми: Сè уште нема конкретен предлог за државен испит

Министерот за образование Абдилаќим Адеми, по денешната посета на тетовското основно училиште „Миѓени“, уште еднаш го повтори истиот став дека сè уште нема конкретен предлог за државниот испит, пренесе „Радио Слободна Европа“. - И претходно кажавме, кога ќе излеземе со конкретен предлог, ќе ги повикаме сите да се вклучат во дебата и во тој период да дадат нивни размислувања, сè со...

Студентски марш: Брзи реформи, слепи студенти раѓаат!

Писмо со барања доставија студентите до Владата на Република Македонија на крајот на вториот студентски марш организиран од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. И покрај притисоците, маршот беше масовен, со двојно повеќе присутни од првиот марш одржан на 17 ноември. - Главниот аргумент во писмото е дека предлогот се коси со автономијата на Универзитетот. Ние сме против одборот за акредитација...

Студентите од Битола со порака до Владата: Не сме експериментални глувци

„Сега ќе нè слушнете“, „Лесно ви е вам, никогаш не сте студирале“, „Индексот е книшката“, „Екстерно за Владата“ и „Стоп за лошите реформи во образованието“, беа само дел од паролите што ги скандираа студентите и средношколците од Битола на денешниот протест на кој масовно маршираа низ градот. Преку илјада млади, но и возрасни битолчани, почнувајќи пред Техничкиот факултет во Битола, повеќе...

(ВИДЕО) Студентите маршираа со пароли и со свирежи (Обновено)

„Автономија, автономија“ ,Ние не сме клиенти, ние сме студенти“, „Заокружете нè“ се паролите што ги извикуваат студентите на студентскиот марш. Тие се упатуваат кон Собранието на Република Македонија, извести репортерот на новинската агенција „Мета“. Како што јави нашиот репортер, студентите масовно се приклучуваат на протестот, а за сè да помине во најдобар ред, имаат задолжено и редари. Се забележува и зголемено присуство...

Студентите масовно се собираат пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Двојно повеќе студенти во споредба со минатиот протестен марш се собраа денеска пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје да го искажат својот револт против воведувањето екстерно тестирање, јави репортерот на новинската агенција „Мета“, кој е на местото на настанот. Како што нè информираше нашиот репортер, студентите сè уште се собираат, а за кратко време треба да тргнат и по...

Кодекс на студентски марш: Аплаудирајте ако видите насилство

Вториот студентски марш почнува денеска, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а ќе продолжи кон Собранието и кон Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ објавија „Упатство за учество на марш“, во кое се вели дека доколку некој забележи говор на омраза, истакнување симболи или поттикнување насилство, да му се даде групен аплауз,...

Адеми: Кога ќе утврдиме модел, ќе разговараме со студентите

Наредните денови ќе се разгледува информацијата на Министерството за образование за проектот државен испит, истакна денеска министерот Абдилаќим Адеми. - Не успеавме да дискутираме поради голем број точки. Се надевам дека деновиве ќе има продолжение на седницата и ќе се дискутира за пакетот закони кои МОН ги достави до Владата како нацрт-закони. Тука се законите за педагошката реформа која ја...

„Студентски пленум“: Дојдете на маршот без партиски и национални симболи

Утре, во 12 часот, пред платото на УКИМ ќе почне вториот студентски марш против предлогот на Владата да се воведе државен испит на факултетите. Студентите ќе маршираат од платото на УКИМ покрај Собранието и ќе го завршат маршот пред Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат на мирен марш, без насилство и без истакнување на партиски...

„Студентски пленум“: Нашите барања ја надминуваат партијата

Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ истакнуваат дека зад студентските протести не стои ниту една политичка партија и дека нема да дозволат да бидат прибрани под ниту едно „партиско милје“. „Би сакале уште еднаш да подвлечеме дека нема да дозволиме да бидеме прибрани под ниту едно партиско милје. Нашите барања ја надминуваат партијата, тие се нешто повеќе. Како значаен општествен сегмент, како...

Величковски: Да покажеме дека сме ја научиле лекцијата од нашата интелектуална иднина

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, упати повик до сите либерали, членови и симпатизери на партијата, како и до слободоумните и до партиски неопределените граѓани да присуствуваат на студентскиот марш во организација на „Студентски пленум“. „За 10 декември е закажан студентски марш во организација на „Студентски пленум“. Студентите се спротиставуваат на владиното решение за т.н. „екстерно тестирање во високото образование“....

Пендаровски го повика народот да им се придружи на студентите

Претседателскиот кандидат на СДСМ од последните претседателски избори, кои се одржаа годинава, Стево Пендаровски, на синоќешната трибината на СДСМ во Прилеп им даде поддршка на студентите и ги повика граѓаните да им се придружат. - 10 декември е денот на човековите права. Во Скопје е закажан голем протест на „Студентски пленум“ на студентите кои ќе излезат вторпат да ги бараат...

„Студентски пленум“ доби поддршка од студенти од САД и од Србија

Асоцијацијата на студенти од Балканот на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во САД ги подржаа ставовите на „Студентски пленум“ против најавените реформи во високото образование. Студентите од Србија, преку социјалните мрежи, почнаа да се организираат за поддршка на своите колеги во Македонија, против најавениот државен испит. Тие имаат намера в среда да излезат на протести пред македонската амбасада во Белград, во исто...

Протести против ректорот во Приштина, тројца повредени

Во судир на приврзаници на Здружението на воени ветерани и инвалиди на ОВК со полицијата, пред зградата на Ректоратот во Приштина, двајца демонстранти и еден полицаец се повредени. Демонстрантите бараат смена на ректорот Рамадан Зејнулаху. Демонстрантите, според косовскигте медиуми, се обидуваат насилно да влезат во зградата на Ректоратот, а на полицијата ѝ се придружија и припадници на специјалната единица на полицијата на...

„Студентски пленум“: Колку повеќе нè има, толку е потешко да нè заокружат!

„На 10 декември, кој воедно е и Меѓународен ден на човекови права, ве повикуваме на втор студентски марш против необмислените реформи во високото образование. Студентскиот марш ќе се случи на 10 декември 2014 година, среда, со почеток во 12 часот. За збирно место е избрано платото на УКИМ“, се вели во соопштението на „Студентски пленум“. „Маршот е неопходност во времиња кога институциите не...

Втор студентски марш в среда, на Денот на човековите права

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ одлучи в среда, на 10 декември, да го одржи вториот студентски марш против одлуката на Владата да воведе државен испит на факултетите. Збирно место на студентите ќе биде платото на УКИМ во 12 часот. „Она што сите го очекуваа од последниот студентски пленум па сè досега е официјален датум и место за вториот студентски марш. Датумот...

МОН доделува стипендии за 2.905 студенти

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 година ќе додели вкупно 2.905 стипендии кои се поделени во три групи. Студентите треба да ги поднесат документите во Министерството за образование и наука од 15 до 30 декември, а резултатите ќе бидат објавени на порталот stipendii.gov.mk на 3 фебруари следната година. - Право да добијат стипендија имаат редовните студенти на јавните...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...