Таг: Специјално јавно обвинителство

таг: Специјално јавно обвинителство

Мијалков го наредил нечовечкото и брутално апсење на Бошкоски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е првоосомничениот во случајот „Тортура“, бидејќи ги организирал и ги навел останатите шестмина осомничени, инаку припадници на полициската едница „Алфа“, на нечовечки и брутален начин да го уапсат лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, еден ден по изборите во 2011 година. Апсењето на Бошкоски, во кој полицајците...

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата. Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“, со нови осомничени. Во случајот „Титаник“, СЈО на почетокот на февруари отвори...

СЈО го презема случајот „Шпион“

Претставник од Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште на Апелацискиот суд на кој се разгледуваше жалбата на осудените во случајот „Шпион“, рече дека предметот во своја надлежност го презема СЈО, пренесува „Нова ТВ“. Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе, меѓу кои првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што, според...

Централен регистар: Небулозни се тврдењата на СЈО

­Централниот регистар денеска преку соопштение ги демантира и ги квалификува како небулозни информациите за уништување, прикривање или затајување на документацијата, а во врска со синоќешната акција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за одземање документи, потребни за постапките што ги води. Оттаму велат дека на дописот на СЈО за доставување на документацијата одговориле во законскиот рок, односно побарале прецизирање на барањето. „Наместо...

СЈО: Од Централен регистар ќе одземаме документација и во наредните денови

Специјалното јавно обвинителство во синоќешната акција одзело дел, а во наредните денови треба да ја подигне целокупната документација од Централниот регистар, соопшти попладнево СЈО. Оттаму не откриваат за какви документи и за потребите на кои предмети се одземаат материјалите, но велат дека станува збор за „обемна документација“. „Во текот на вчерашниот ден (вечерта) воспоставена е соработка со Централниот регистар и доставен...

Кривичен суд: Акцијата на СЈО во Централен регистар како по холивудско сценарио

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 вчера на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за одземање документација од Централниот регистар, соопшти денеска Основниот суд. Оттаму додаваат дека од СЈО не била побарана наредба за претрес. Во соопштението се наведува дека конкретниот случај покажува дека судот „соработува и има позитивен пристап кон работата на СЈО, наспроти јавно...

СЈО синоќа одзело документи од Централниот регистар

Истражителите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) синоќа влегле во Централниот регистар и ги одзеле документите што СЈО ги бара за истрагите што ги води, објавија дел од медиумите, кои се повикуваат на извори од обвинителството. Според телевизијата „24 Вести“, обвинителите на СЈО го напуштиле Централниот регистар утрово, околу 4 часот, откако успеале да ги соберат сите документи што ги барале. Од СЈО засега...

СЈО го чува влезот на Централен регистар, истражителите ќе запленуваат документи

Истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и припадници на единицата „Алфи“ синоќа, го чуваа влезот на објектот на Централниот регистар за да не дозволат во текот на ноќта да се изнесат или уништат документи што се предмет на истрага на СЈО, објави телевизијата „Алсат М“. Како што објавува телевизијата, ова го потврдиле и од СЈО, од каде што изјавиле дека пред...

Јанева: Не ги деградирам институциите туку се сомневам во резултатот на изборите

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска преку соопштение појаснува дека нејзината изјава околу легитимноста на институциите била во насока на укажување на важноста на истрагите на СЈО и на „улогата на фер и демократски избори во градењето на институциите и на нивниот легитмитет“, а не во насока на „деградирање на државните институции“. „Како што и во самата изјава наведов, имајќи ги предвид...

Собраниската комисија денеска ќе ја чека Јанева за извештајот

Собраниската комисија за политички системи денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Претседалот на комисијата, Владимир Ѓорчев, вчера ја одложи седницата поради, како што рече, неприсуството на Јанева, кое го оцени како непочитување на Собранието, Уставот и на законите. – Нејзиното недоаѓање е целосно непочитување кон...

Романската обвинителка Лаура Ковеси се сретна со Катица Јанева

Главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија, Лаура Кодрута Ковеси, денеска се сретна со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. „Во текот на денешниот ден, во посета на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите беше главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија – Лаура Кодрута...

На Јанева не ѝ даваат да дише – секој ја кани, куди и ја прозива

Името на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, минатата седмица, а според редот на најавените настани и оваа недела ќе биде најспоменувано. Сите ја канат, а по нејзиното недоаѓање, ја кудат и ја обвинуваат за непочитување на институциите. А работата поради која овие две недели не ја остават да дише е извештајот за нејзината шестмесечна работа. Минатата недела Јанева до Собранието и...

Извештајот на Јанева денеска пред собраниска комисија

Собраниската комисија за политички системи и односи меѓу заедниците денеска во 11 часот ќе го разгледува извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Не се очекува Јанева да присуствува на седницата. Специјалната обвинителка не присуствуваше и на седницата на Советот на јавни обвинители за извештајот, во петокот минатата недела, поради што, како што соопшти претседателот на Советот, Петар...

СЈО: Не ја коментираме одлуката на Уставниот суд за Законот за помилување

Специјалното јавно обвинителство не ја коментира одлуката на Уставниот суд со која се укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година и му се даде право на претседателот на државата да помилува лица кои се осудени или кривично се гонат за изборни измами. Ваквата одлука на Уставниот суд, во јавноста се толкува како интервенција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, чии...

СЈО: Дали Јанева ќе оди на седница ќе кажеме кога ќе добиеме известување од Советот

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ќе одлучи и ќе каже дали ќе присуствува на седницата на Светот на јавни обвинители в среда, за кога е презакажно разгледувањето на нејзиниот извештај, откако ќе добие писмена покана од Советот, кој денеска го одложи разгледувањето на документот поради неприсуството на Јанева. - Првин да добиеме писмено известување од Советот на јавни обвинители за...

Советот на јавни обвинители ќе ја чека Јанева за да го разгледува извештајот

Советот на јавни обвинители на денешната седница не го разгледа извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, поради тоа што таа не беше присутна, а претседателот на Советот, Петар Аневски, тоа го оцени како „непријатна работа“ и „непочитување на институцијата“. Аневски рече дека Јанева е должна да дојде на седницата меѓу другото и поради бројните нејаснотии и проблематични делови во извештајот...

Јанева нема да присуствува на седницата на Советот на обвинители за извештајот

Советот на јавни обвинители денеска на седница, закажана за 10 часот, ќе го рагледува извештајот за шестмесечната работа на специјалната обвинителка, Катица Јанева, што таа пред три дена го поднесе до Советот и до Собранието на Рапублика Македонија. На седницата ќе присуствува републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој е член на Советот на јавни обвинители по службена должност, а поканета...

Кај Јанева има точно 540.646 снимки од незаконски прислушувани разговори

Во извештајот што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го достави со Собранието, Советот на јавни обвинители и до медиумите, првпат прецизно е наведена бројката на снимки од незаконски прислушуваните разговори, од кои, според она што може да се види, мал дел објави опозицијата минатата година. Пописот на материјалите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги достави до СЈО на...

Извештај на СЈО: Детали, бројки и факти

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, до Собранието на Република Македонија, Советот на јавни обвинители и до медиумите го достави извештајот за нејзината работа во првите шест месеци од основањето на Специјалното јавно обвинителство. Извештајот е поделен на шест глави, во кои се наведени состојбите во СЈО од неговото конституирање, односно човечките ресурси со кои располага, просториите во кои работи, детален...

Јанева утре треба да го поднесе извештајот за првите шест месеци од работата

Утре (15 март) е последниот рок до кога Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева треба да поднесе извештај за својата работа до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители. Според ставот 1 од членот 7 на Законот со кој е основано специјалното јавно обвинителство, на 15 септември, минатата година, Јанева за својата работа е одговорна единствено пред Собранието и...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...