fbpx

Централен регистар: Небулозни се тврдењата на СЈО

-

­Централниот регистар денеска преку соопштение ги демантира и ги квалификува како небулозни информациите за уништување, прикривање или затајување на документацијата, а во врска со синоќешната акција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за одземање документи, потребни за постапките што ги води.

Оттаму велат дека на дописот на СЈО за доставување на документацијата одговориле во законскиот рок, односно побарале прецизирање на барањето.

„Наместо да достави појаснување, СЈО приложи судска наредба за привремено одземање списи од одговорното лице на Централниот регистар. Во наредбата од судот, СЈО, сепак, го формулирало барањето во согласност со насоките од Централен регистар. За тоа дека не се случило никакво уништување на документација, сведочи фактот што СЈО на самото место утврди дека документите постојат во целост и дека ниеден документ не е уништен, а дел од бараните предмети и беа предадени, додека другите ќе бидат предадени во согласност со заемно договорената динамика според потребите на СЈО во периодот што следува“, стои во соопштението од Централниот регистар.

Оттаму додаваат дека на 11 декември минатата година на СЈО му е овозможен неограничен пристап до базите на податоци на Централниот регистар по електорнски пат и дека оттогаш не бил пријавен никаков проблем.

Во соопштението се наведува дека со информациите за уништување или криење на документација се напаѓа и се урива угледот на институцијата.

„Во досегашното постоење и успешно работење на оваа институција не се памети ваков напад и нарушување на угледот на Централниот регистар. Напротив, Централниот регистар со години наназад е рангиран како најдобра институција во Република Македонија според најригорозни методологии и на прво место во Европа и на второ место во светот според Светска банка“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...