fbpx

Советот на јавни обвинители ќе ја чека Јанева за да го разгледува извештајот

-

Советот на јавни обвинители на денешната седница не го разгледа извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, поради тоа што таа не беше присутна, а претседателот на Советот, Петар Аневски, тоа го оцени како „непријатна работа“ и „непочитување на институцијата“.

Аневски рече дека Јанева е должна да дојде на седницата меѓу другото и поради бројните нејаснотии и проблематични делови во извештајот за кои членовите на Советот имаат прашања.

– Членовите на Советот на јавни обвинители заеднички заклучија дека е нужно нејзиното присуство поради доста нејаснотии во извештајот. Членовите ги интересираат проблемите што се наведени во тој извештај и од тие причини извештајот ќе биде разгледуван в среда – рече Аневски.

Тој повторно ја повика специјалната обвинителка да дојде в среда на седницата, истакнувајќи дека тоа е нејзина должност, односно дека Советот на јавни обвинители е органи пред кој таа одговара за своето стручно и законито работење.

Аневски не одговори на новинарските прашања какви нејаснотии и проблеми има во извештајот и додаде дека тоа ќе биде изнесено на седницата в среда. Според него, од минатата година сите раководители на вишите и на основните јавни обвинителства се должни да присуствуваат и да реферираат за извештаите. Одговарајќи на новинарско прашање дали републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, реферирал за своите извештаи, Аневски изјави дека тој секогаш бил присутен на седниците на Советот на кои ова било точка на дневен ред.

Инаку, Зврлевски денеска не беше присутен на седницата.

Аневски информираше дека на денешната 110. седница на Советот биле избрани седум нови јавни обвинители, со завршена Академија за судии и јавни обвинители. Петмина од обвинителите се избрани во Основното јаво обвинителство – Скопје, еден во ОЈО – Гостивар и еден во ОЈО – Битола.

Денеска, пак, за „Мета“ од Специјалното јавно обвинителство изјавија дека Јанева нема да присуствува на седницата. Оттаму велат дека специјалната обвинителка нема законска обврска да учествува на седницата ниту досега било практика раководителите на обвинителствата во Република Македонија да присуствуваат и да реферираат пред Советот за вакви извештаи, како и тоа дека треба да се има предвид автономијата на Специјалното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...