fbpx
Таг: Собрание на РМ

таг: Собрание на РМ

Османи: МВР и Собранието доцнат со мерките од првиот дел од планот „3-6-9“

Од вкупно предвидени 73 мерки, во првиот дел од планот „3-6-9“, досега се реализирани 34 мерки, повеќе од 30 мерки се во тек, а за неколку Владата констатирала дека доцнат. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на 36. состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој се одржа по неколкугодишна пауза, а...

Собраниската комисија ќе ги разгледува извештаите на УБК и на АР за 2016 година

По одморот, пратениците почнуваат со работа во Собранието на Република Македонија, каде за денеска е закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавење (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР). Како што информираат од Собранието, на дневен ред на Комисијата се извештаите за работата на УБК и на АР за 2016 година. За денеска попладне е...

Лилјана Спасоска избрана за в.д. државен јавен обвинител

На денешната седница Советот на јавни обвинители за вршител на должноста државен јавен обвинител ја избрал Лилјана Спасоска, која ќе го менува разрешениот Марко Зврлевски до изборот на нов јавен обвинител на Република Македонија. Спасоска и според годишниот распоред на Јавното обвинителство, беше назначена за заменичка на Зврлевски. Собранието на Република Македонија на 17 август го разреши Зврлевски. На 22 август...

Собранието на 4 септември ќе решава за огласот за нов државен јавен обвинител

Предлогот на Владата за распишување на оглас за именување на нов државен јавен обвинител е ставен на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, закажана за 4 септември. Како што може да се види од најавата за седницата, на интернет страницата на Собранието, предлогот е 11. точка од дневниот ред на седницата. Според постапката предвидена со Законот за јавни обвинители,...

Џафери распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша оглас за избор на член на Советот на јавни обвинители. Огласот Џафери го распишал вчера, а денеска е објавен во дел од дневните весници, а треба да биде објавен и во „Службен весник“. Како што стои во објавата, станува збор за избор на член на Советот од „редовите на универзитетски професори по право, адвокати...

Собранието денеска паузира, откако вчера го разреши Зврлевски

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе одмораат, откако вчера помина гласањето за разрешување на, сега веќе, поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Според келендарот на интернет-страницата на Собранието, „за денеска нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“. Вчера на дневен ред беа преостанатите точки од петтата, шестата и осмата седница, но, пратениците одработија само околу половина час,...

Собрание: Повеќе за Дарко, отколку за Марко

Кадровските решенија на Владата во државните институции и откажувањето од функциите на дел од нив се една од главните теми на кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ меѓусебе си реплицираат на денешното продолжение на седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во своите реплики на говорите на своите сопартијци рече...

Поезија, вицови и исмевање на новите кадровски решенија на Владата во Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение од расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, покрај пофалбите за работата на јавниот обвинител, рецитираа поезија и раскажуваа вицови на сметка на новите кадровски решенија на власта во државните институции. Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница изјави дека за попрофесионален јавен обвинител тој не знае, а неговиот партиски колега Зоран...

Продолжува расправата за Зврлевски, се чека мислењето од Антикорупциска

Собранието денеска во 11 часот треба да ја продолжи седницата на чиј дневен ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Мали се шансите на денешното продолжение да дојде до разврска на расправата и да се премине на гласање за разрешувањето на јавниот обвинител. Вчерашната седница, како и претходните, мина во меѓусебни реплики и контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои...

Тунтев: Ова многу наликува на 27 април, нема да учествуваме во бурлеската околу Зврлевски

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на денешното продолжение на собраниската седница за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски рече дека она што го прави опозициската ВМРО-ДПМНЕ  „наликува на април“, алудирајќи на случувањата и насилствата на 27 април при изборот на претседателот на Собранието. Тунтев рече дека мнозинството нема да учествува во „бесмислената расправа“. - Сите се откажавме од...

ВМРО-ДПМНЕ бара интерпелација и за Таравари кој бил „најлошиот министер за здравство“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека до Собранието поднела барање за интепелација и на министерот за здравство, Арбен Таравари, бидејќи според партијата тој е „најлошиот министер за здравство кој македонските граѓани го виделе“. „Министерот Таравари е платен од граѓаните за да ги решава нивните проблеми и да придонесе за подобро здравство. Добро е Таравари да е повеќе на работа отколку на одмор...

Џафери: Додека имаме работа ќе мора да работиме, продолжуваме утре

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не го прифати барањето на кооридинаторот на една од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски да продолжи в понеделник и продолжението на расправата го закажа за утре во 11 часот. Денешното продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвнител помина без тензии, со реплики и...

ВМРО-ДПМНЕ поднесe интерпелација и за Алаѓозовски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа интерпелација за министетот за култура Роберт Алаѓозовски, бидејќи, како што изјави пратеничката Ане Лашкоска на прес-конференција, со доаѓањето на Алаѓозовски на функцијата, оваа област за кратко време го допрела дното. Алаѓозовски е шестиот министер од владата на Зоран Заев за кого опозициската коалиција неделава поднесува интерпелација. Лашкоска нагласи дека под итно...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги нападнаа медиумите и невладините организации

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на седницата за разрешување на државниот јавниот обвинител Марко Зврлевски ги нападнаа медиумите и невладините организации дека одработуваат за власта со критики до опозицијата дека го блокира разрешувањето на јавниот обвинител, наместо да известуваат за „важните прашања“. - Деновиве имаме оркестрирани напади од одредени портали на кои ударните наслови им се дека ВМРО-ДПМНЕ не...

Напладне продолжува тензичната собраниска расправа за разрешувањето на Зврлевски

Денеска напладне Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи шестата седница, на која се расправа за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Вчерашното, осмо продолжение од собраниската расправа за разрешувањето на јавниот обвинител во најголем дел помина во реплики и контрареплики помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки. Пратениците на опозициската партија тврдеа дека предлогот за разрешување...

Полупразна сала, реплики и контрареплики на продолжението на расправата за Зврлевски

Осмото продолжение на собраниската расправа за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, почна и се одвива според истиот шаблон на реплики и на контрареплики меѓу пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на процедурални забелешки. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на денешното продолжение на седницата побара од претседателот на Собранието да ја прекине расправата поради членот 8-а од Изборниот...

Продолжува расправата за Зврлевски, мислењето од Антикорупциска сè уште го нема

Денеска во 11 часот во Собранието на Република Македонија треба да продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Собраниската расправа за разрешувањето на Зврлевски почна на 5 јули, а досегашните седум продолжнија на седницата поминаа во реплики и во контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки, а во ваков дух се очекува да продолжи и...

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара интерпелација и за Никола Димитров

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието денеска најавија дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација и на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Антонио Милошоски на прес-конфренција соопшти дека причини за интерпелација на Димитров има повеќе, а како прва го наведе „брзоплетото и штетно“ потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој рече дека со договорот Македонија не ги „заштитила своите...

Заев: Договорот со Бугарија е директна одговорност на Собранието

Премиерот Зоран Заев од Штип им порача на граѓаните дека договорот за добрососедство со Бугарија отвора сериозна перспектива, а тој, како упатен политичар, „нема да дозоволи влакно да ѝ недостига на Македонија“. Заев одговори на прозивките за тајноста на расправата за овој договор и објасни дека договорот ќе се смета за склучен откако ќе биде ратификуван во Собранието. - Нешто што не е...

СДСМ: Заврши времето кога Милошоски можеше тајно да преговара со соседите

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Никола Груевски можеа тајно и далеку од очите на јавноста да преговараат за отворените прашања и да имаат монопол во односите што нашата земја ги воспоставува со соседите и со меѓународната заедница, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Милошоски. „Интерес и на Владата и на граѓаните е Република Македонија да...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...