fbpx
Таг: Собрание на РМ

таг: Собрание на РМ

Полицијата со шок-бомби се обидува да ги истисне демонстрантите од Собранието

Специјални полициски единици два часа по избувнувањето на насилствата во Собранието, по изборот на Талат Џафери за нов спикер, почна со обиди за истиснување на демонстрантите кои го „зазедоа“ Собранието. Во Собранието, одекнуваат татнежи од шок-бомби. Според последните информации, во Собранието е исклучена електричната енергија и осветлувањето. Голем дел од демонстрантите во Собранието почнаа да се движат и да излегуваат...

Могерини и Хан: Насилството во Собранието е целосно неприфатливо, повикуваме на воздржаност

„Најостро ги осудуваме денешните напади на членовите на парламентот во Скопје. Насилство во парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и на воздржаност“, стои во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан. Тие ги повикуваат Министерството за внатрешни работи...

Стефансон во име на ЕУ и на САД: Сега не е време за насилство, ова е време за дијалог

Сега не е време за насилство, ова е време за дијалог, порача амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон, осудувајќи ги насилството и инцидентите во Собранието на Република Македонија, по изборот на Талат Џафери за нов спикер на законодавниот дом. - Слушнавме вознемирувачки вести за настаните во Собранието, кои резултираа со насилство и со инциденти. Маскирани напаѓачи извршија напади врз...

Арифи: Ќе го чекаме Уставниот суд да „пресече“ за локалните избори

Потпретседателката на ДУИ, градоначалничка на општина Тетово, Теута Арифи, изјави дека за разврска на политичката криза најважно е да се избере претседател на Собрание. Таа не ја исклучува можноста за лидерска средба, нагласувајќи дека „ДУИ никогаш не бегала од средби, било да се лидерски или на други нивоа“. - Најважно е да се избере претседател на Собрание. ДУИ никогаш не...

НСДП: Идеите за лидерска средба се неприфатливи и непотребни

Пласирање на идеите за одржување лидерска средба, како начин за деблокада на институциите на системот и за излез од политичката криза, е неприфатливо и непотребно затоа што седнувањето на маса со криминалци ќе значи враќање на состојбите во државата од пред две години, дури и пoлошо од тоа, велат од НСДП. Од партијата посочуваат дека смислата и целта на политичките...

Денеска нов собраниски обид за деблокада и за трансфер на власта

Пред почетокот на денешното 18. продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во своите редовни утрински соопштенија ги повторуваат своите позиции за излез од политичката криза. Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на одржување нови предвремени парламентатни избори, додека СДСМ порачува дека мора да има деблокада на демократските процеси и мирен трансфер на власта. „ВМРО-ДПМНЕ апелира криминогената врхушка во врвот...

Дроновите (не)законски влетаа во политиката

Дроновите станаа политички алатки пар екселанс во Македонија и на Балканот. Првиот случај на користење дрон во политички цели беше регистриран на средината на октомвври 2014 година на мечот меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија во Белград, кога среде натпревар, на стадинот на ФК „Партизан“, се појави дрон на кој беше закачено знаме со мапа на „голема Албанија“. Настанот...

СДСМ: Ако не се одблокира Собранието, следува целосна блокада на државниот систем

Парламентарното мнозинство има должност да ја реализира мнозинската волја на граѓаните и да ја спаси државата од хаос, а граѓаните од егзистенцијален крах, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ. Од партијата велат дека уставниот поредок на државата е нарушен со неразумното однесување на Никола Груевски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои за да ја избегнат правдата, користат насилство...

Манчевски: Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски

Времето и моментот од стратегијата за деблокирање на Собранието и за избор на спикер, ќе го зачуваме за себе за да избегнеме каква било шанса за каков било конфликт помеѓу граѓаните, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања. - Ниту еден живот, ниту една гребнатинка не е вредна за Никола Груевски - рече Манчевски. Прашан за коментар на...

Утре ново продолжение на репликите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Со реплики и со контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и без дискусии на пратениците на СДСМ заврши денешното 15. продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Следното продолжение, претседавачот со седницата, Трајко Вељаноски, го закажа за утре во 11 часот, отстапувајќи од досегашната практика - во петок да нема седница, бидејќи, како што образложи тој, претходно тоа бил...

Седницата продолжува в понеделник, предлогот на СДСМ не се најде на дневен ред

Без суштинска расправа и со многу процедурални забелешки, заврши денешното деветто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за избор на претседател и на членови на Комисијата за избори и за именувања и за избор на претседател на Собранието. Претседавачот со седницата, поранешниот спикер на Собранието, Трајко Вељаноски, не го стави на гласање предлогот на СДСМ да се...

Илија Димовски ја нападна агенцијата „Мета“ од собраниската говорница

На второто продолжение на конститутивната седница на Собранието, пратениците Стефан Богоев од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во дискусија во врска со анализа на новинската агенција „Мета“. Богоев од собраниската говорница рече дека за неговиот говор ќе се послужи со анализата на „Мета“ за промената во наративот на ВМРО-ДПМНЕ за платформата на албанските партии, кој драматично се промени...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си контрираат за законот за јазиците во Собранието

Пратениците на денешното второ продожение на конститутвината седница, како и вчера, наместо да дискутираат по првата точка за избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, најголемиот дел од дебата го поминаа во дискусија за палтформата на албанските партии и за употребата на законот за јазиците. Артан Груби од ДУИ рече дека албанската платформа не...

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која прва точка на дневен ред е изборот на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, а втора точка е изборот на претседател на Собранието. Вчера претседавачот Трајко Вељаноски ја прекина седницата во 18 часот, иако пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, побара...

Денеска нова седница со стари позиции и со деловнички блокади

Конститутивната седница на Собранието, на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, ќе продолжи денеска напладне. Вчера, 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Разврската останува неизвесна, како поради бројот на пријавените пратеници за дискусија, така и поради генералната атмосфера...

Јанева ќе го достави извештајот во Собрание, а пратениците ќе го разгледаат кога ќе се соберат

Специјалното јавно обвинителство ќе го достави новиот шестмесечен извештај за неговата работа до службите на Собранието на Република Македонија, а пратениците ќе го разгледуваат кога ќе се соберат и ќе го заокружат конституирањето на законодавниот дом, велат за „Мета“ од СЈО. Освен до Собранието, според законот, СЈО треба да го достави извештајот и до Советот на јавни обвинители. Од своето формирање на...

СДСМ: Пресудата на Стразбур е доказ дека власта на Груевски ги прекрши Уставот и законите

Со пресудата на Судот во Стразбур се потврди дека на 24 декември 2012 година, Владата предводена од Никола Груевски изврши грубо прекршување на законите и на Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ по повод пресудата на Европскиот суд за човекови права во корист на новинарите кои физички беа отстранети од собраниската седница на т.н. „црн...

Денеска ќе се конституира деветтиот собраниски состав

Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот ќе ја одржи конститутивната седница на новиот состав, на која треба да бидат верифицирани мандатите на новоизбраните пратеници и да биде избран новиот претседател на законодавниот дом. Конститутивната седница во средата ја свика претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, веднаш откако Државната изборна комисија (ДИК) им ги врачи уверенијата на кандидатите...

Собранието утре отворено за граѓаните

Собранието на Република Македонија утре ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните. Заинтересираните посетители, информираат од Собранието, ќе имаат можност да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и доколку имаат некакви прашања, да добијат одговор. „Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно...

Владата бара продолжување на кризната состојба до јуни 2017 година

Комисијата за одбрана и за безбедност и Законодавно-правната комисија во Собранието на Република Македонија денеска ќе го разгледуваат предлогот за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантската криза. Ако предлогот биде усвоен, наместо до 31 декември оваа година, кризната состојба ќе трае до 30 јуни 2017 година. Продолжувањето на кризната состојба е на барање на Владата, која на седницата на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...