fbpx
Таг: случајПуч

таг: случајПуч

Или преодна влада или ЕУ-гувернер до новите избори, предлагаат бриселски дипломати

Претставници на ЕУ ја обвинуваат Владата на Никола Груевски „дека ја води земјата кон катастрофа“ и ги повикуваат власта и опозицијата да седнат на преговарачка маса и да го спречат ваквото сценарио, јави „Еурактив“, интернет-страница што се фокусира на политиките на Европската унија. Дипломатите, како што наведува „Еурактив“, сметаат дека политичките партии во Македонија веројатно нема да најдат начин за да се вклучат...

Светските медиуми кратко пренесуваат за обвинувањата за мито во зделка со Израел

Светските медиуми ја пренесоа кратко и телеграфски вчерашната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објавувајќи ја истата информација на новинската агенција „Асошиејтед прес“ (АП). Во веста на АП, насловена „Директорот на македонското разузнавање обвинет дека зел мито за зделка со Израел“, се наведува дека Заев вчера објавил снимки кои покажуваат како директорот на разузнавачките служби, Сашо Мијалков, неговата асистентка...

МВР: Заев откри највисока државна тајна

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Заев, ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ. МВР наведува дека осомничените за аферата „Пуч“ очекуваат ослабување на капацитетите и...

И Борисов и Расмусен биле прислушувани за време на посетите во Македонија

Високи претставници на НАТО и на земји-членки на ЕУ биле прислушувани за време на своите посети во Македонија, изјавил лидерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција „Фокус“. На снимените разговори, кои ги поседува Заев, се наоѓал поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, за време на неговата посета на Скопје, на 22 мај 2014 година, како и бугарскиот премиер...

Заев: Зелениот појас на Водно станал имот на фирма од Белизе

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја објави тринаесеттата „бомба“ на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ. Тој презентираше снимки од разговори на премиерот Никола Груевски и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на една тема – парцелата на Водно за која премиерот кај министерот се интересира во неверојатни детали: Дали е зад линијата или под линијата? Ако не најдеме...

Трајанов: Потребен е брз одговор за длабоката политичка криза

Македонија повторно е во исклучително турбулентен период и се соочува со длабока политичка криза, која бара брз одговор, изјави денеска лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, на свеченоста посветена на 15-годишнината од формирањето на партијата. - Аферата „Пуч“ и аферата „Прислушување“ со масовно кршење на правата на граѓаните, мора да се реши со политички дијалог, но и со системски промени и со...

Шекеринска за „Канал 77“: Нема ниту еден снимен разговор Груевски – Мијалков!

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при гостување на „Канал 77“ во емисијата „Стадион“, рече дека еден од доказите кој прислушувал е што нема ниту еден разговор од мобилните телефони на премиерот Никола Груевски и на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Според Шекеринска, јасно е дека прислушувањето се правело за да се држи контрола над опозицијата, но и над „нивните“. Објавените материјали...

Груевски во Битола: Заев ја претвори државата во реално шоу за странски сеирџии и за профитери

Зоран Заев и СДСМ ни ја претворија државата во вулгарно реално шоу, со кое се забавуваат странски сеирџии и профитери однадвор. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред битолчани ја претстави сликата за Македонија по аферата со масовното прислушување во државата што ја обелодени СДСМ. Груевски се прашува зошто ако прислушувањето било нарачано пред четири години, дури сега се обелоденува. - Ете...

Дипломатите од Иванов побарале или да посредува или да побара помош од ЕУ, а не само да гледа

Претставниците на Европската унија, ОБСЕ, НАТО и на САД апелирале до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов посериозно да се вклучи во решавањето на политичката криза во земјата и да не биде само набљудувач на настаните, пишува бугарскиот портал „Новините“. Според дипломатите, како што наведува порталот, Иванов би можел да биде покровител на политичкиот дијалог или да побара „меѓународно посредништво за постигнување...

Ибраимовски: Власта нема бел образ, а не Ромите

„Сакаме слобода“, „И јас сум Ром“, Доста е дискриминација“, „Правда за Ромите“, „Оставка за Јанкулоска“... Со овие извици Ромите од цела Македонија го почнаа маршот против дискриминацијата, што, како што велат, врз нив ја врши власта. Протестот почна од спортската сала „Кале“, каде се паркираа неколку автобуси, за кои, според Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР, биле преполовени поради притисоци од власта. Крајната дестинација...

ОН длабоко загрижени од политичкиот ќор-сокак и од кршењата на човекови права во Македонија

Високиот комесаријат за човекови права на ОН денеска изрази длабока загриженост поради политичкиот ќор-сокак во кој се наоѓа Македонија и неговото влијание врз човековите права. Портпаролката на Комесаријатот, Сесил Поули, денеска во Женева соопшти дека Високиот комесаријат е „особено вознемирен“ од содржината на неодамна објавените снимени разговори, кои инкриминираат високи претставници за голем број прекршувања на човекови права, вклучувајќи и изборни измами,...

Јавното обвинителство покани ЕУ-експерти за надзор на „Пуч“ и на „Прислушување“

Јавното обвинителство на Република Македонија доставило официјална покана до органите на Европската унија за испраќање меѓународни експерти кои би ја следеле работата на јавните обвинители во врска со актуелните предмети, случајот „Пуч“ и аферата „Прислушување“, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Ваквата одлука е одраз на цврстиот став дека јавните обвинители доследно постапуваат во согласност со законите и дека јавноста нема...

Заев го предаде пасошот во скопскиот Кривичен суд

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, еден од четворицата осомничени во случајот „Пуч“, денеска попладне го предаде својот пасош во Основниот суд Скопје 1. Како што информираа од судот за „Мета“, судија на претходна постапка на осомничениот Заев му одредил превентивна мерка, одземен му е пасошот, и тој е задолжен еднаш неделно да се јавува кај надлежно лице во Основниот суд...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...