fbpx
Таг: Република Чешка

таг: Република Чешка

Пендаровски – Павел: Безбедноста на Западен Балкан зависи од европската перспектива

Со чешкиот претседател Петр Павел сме согласни дека стабилноста и безбедноста на Западниот Балкан, како и неговиот демократски развој, зависат од неговата европска перспектива, изјави претседателот Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател. Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Република Чешка. „Тоа е причина повеќе Европската Унија да го зголеми своето присуство во нашиот регион за...

Дали поезијата ќе биде доволен поттик за Чесите да ја прифатат вакцинацијата против ковид-19?

Откако вакцината против ковид-19 стана достапна во Европската Унија, Чешката влада отпочна нова комуникациска кампања наменета за надминување на стравот или сомнежот поврзани со вакцинирањето. Овој пат, инспирација за кампањата потекна од место кое ретко се поврзува со објави од областа на јавното здравство: поезијата, пишува „Глобал војсис“. На 27 декември, профилот на Твитер на Канцеларијата на Чешката влада објави...

Чешката Академија на науки ја објави својата архива на старословенски јазик во дигитална форма

Академијата на науки на Република Чешка (АНРЧ) на 22 декември 2020 година објави на интернет дигитализирана верзија на својата архива за старословенскиот јазик, меѓу другото и огромен речник со над 20.000 одредници и над 840.000 зборовни форми, пренесува агенцијата Мета.мк. Дигиталниот портал за старословенскиот јазик Горазд (gorazd.org) е достапен на чешки, руски и англиски јазик, а за објавените материјали се...

Спасовски утре на состанок на Вишеградската четворка за мигрантската криза

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утре патува за Прага, Република Чешка, каде ќе учествува на состанокот на Вишеградска четворка, која ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Словачка и Полска, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). На состанокот, покрај македонскиот, поканети се и министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и на Србија. Како што информираат од МВР, една од клучните теми...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...