fbpx
Таг: Регулаторна комисија за енергетика

таг: Регулаторна комисија за енергетика

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат од еден денар до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на „еуросупер БС-95“ се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на „еуросупер БС-98“, дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар. Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе...

Големите играчи решија да не си конкурираат со цените на бензините (инфографик)

„Макпетрол“ и „Лукоил“, како компании кои се сметаат за големи играчи во бизнисот со нафтени деривати, од денеска понудија идентични цени на горивата иако цената веќе не се определува од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Според познавачите, идентичните цени на двете компании значи дека компаниите од нафтениот бизнис користат исти методологии за пресметка на цената на горивата. Новите цени...

Бензините со повисоки цени од ноќеска на полноќ

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ се зголемува за половина денар, а „еуросупер БС-98“ за еден денар. Oд полноќ „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 62,50 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ за 64,50 денари. Цената на дизелот останува 60 денари.

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 а дизелот за 2,5 денари

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат, објави Регулаторна комисија за енергетика. Од полноќ, „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ поевтинуваат за 1,50  денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61,50 односно 63,50 денари. Цената на „еуродизел“ горивото се намалува за 2,50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58,50 денари.

УСАИД и Владата потпишаа меморандуми за енергетските реформи

Со новите меморандуми потпишани денеска меѓу Владата, Министерството за економија и Меѓународната агенција на САД за развој (УСАИД), како и помеѓу Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и УСАИД, за „Проектот за развој на регионални енергетски пазари – поддршка на реформите во секторот енергетика“, ќе се овозможи подобра иднина на енергетскиот сектор во Македонија, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо...

Струјата поевтинува за 0,1 проценти

Цената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти, a ќе важи од 1 јули. Одлуката ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како што соопшти новиот претседател на РКЕ, Марко Бислимоски, цената по која што струјата ќе ја продава државниот производител ЕЛЕМ се намалува за 3,39 проценти, цената на АД МЕПСО за дистрибуција се...

Владата предложи нови членови на Регулаторна комисија за енергетика

На 75. седница Владата го состави списокот на нови членови на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Владата на Собранието му предлага да ги избере Марко Бислимоски,  за претседател, а за членови Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, кој е актуелен член на Комисијата. Владата на 75. седница ја усвоила предлог - завршната сметка на буџетот за 2017 година, со конечен...

Државата останува на ставот за зголемена акциза на дизелот

Државата нема да преземе мерки во однос на континуираниот пораст на цената на нафтата и нафтените деривати и останува на ставот дека мора да остане акцизата за дизелот која од оваа година е зголемена за 3,5 денари, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во врска со поскапувањето на горивата. Тој вети мерки кои се однесуваат на транспортерите...

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат до два денари

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува од еден до два денари, одлучи денеска Регулаторна комисија на енергетика. Цената на „еуросупер БС - 98“ се зголемува за два денара за литар, на „еуросупер БС-95“ за еден ипол денар, а на „еуродизелот“ се зголемува за еден денар. Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел,...

Анѓушев: Во моментов, Регулаторната комисија за енергетика е зависна од опозицијата

Со стапување во сила на новиот закон за енергетика, кој беше усвоен на владина седница минатата недела и кој треба да биде изгласан во Собранието, ќе престане мандатот на претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика (РКЕ), Димитар Петров. Потоа, Владата ќе има рок од 30 дена да достави до Собранието предлог за нов претседател и двајца членови на РКЕ. На...

РКЕ новите цени за водата ги донела по локалните избори, наместо во 2016 година

Владата на вчерашната 55. седница ја разгледала информацијата за обврските и роковите кои произлегуваат од Законот за утврдување на цени на водните услуги. „Врз основа на оваа информација, од анализата произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги. Наместо да бидат донесени во 2016, Регулаторната комисија за енергетика...

Водата ќе поскапе поради воведување на тарифа за прочистување на отпадни води

Град Скопје не побара поскапување на водата, туку имаме законска обврска да ја спроведеме одлуката на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) која побара од ЈП „Водовод и канализација“, при пресметката на цената на водата, да воведе и тарифа за прочистување на отпадни води, брифираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. - Цената на водата до сега се утврдуваше врз...

Скопјани ќе пијат поевтина вода, ама може поскапо да ја плаќаaт

Новите цени на водата што Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје сака да им ги наплаќа на скопјани се повисоки од сегашната. Имено, со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која од почетокот на годинава е надлежна и за утврдување на максималните цени на водата, и со одлука на Управниот одбор на Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје,...

Дејан Бошковски разрешен од Регулаторна комисија за енергетика

Собранието, со 62 гласа „за“, го разреши поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, од Регулаторната комисија за енергетика. Според Владата, при именувањето, Бошковски не го исполнил условот најмалку една година пред назначувањето за член на регулаторното тело да не бил член на надзорен или на управен одбор или на одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска...

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,50 денари, „еуросупер БС-98“ ќе чини 68 денари за литар, а „еуродизелот“, 55 денари. Малопродажните цени на нафтените деривати, согласно методологијата за формирање на цените на РКЕ, се зголемуваат во просек за 1,10 проценти.

Бензинот „еуросупер БС – 98“ поскапува минимално

Цените на бензинот „еуросупер БС - 95“ и на дизелот остануваат исти, а цената на „еуросупер БС - 98“ се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новата одлука, цената на „еуросупер БС - 95“ ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС - 98“ ќе изнесува 64 денари за...

Владата го направи првиот чекор за враќање на евтината струја преку ден

На својата 16. седница, Владата вчера усвоила информација во врска со воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата, што беше едно од предизборните ветувања на СДСМ. Следниот чекор ќе биде подготвување владина препорака до Регулаторната комисија за енергетика веднаш да одржи работен состанок со претставници на „ЕВН Македонија“ - АД Скопје, Министерството за економија и на кабинетот на...

Горивата поскапуваат за половина денар

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“ од полноќ се зголемуваат за половина денар за еден литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66,5 денари за литар, а на „еуродизел“ 53 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ не се менува, односно останува 68,5 денари за еден литар.  

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Цената на „еуросупер БС-95“ ќе се намали за еден денар и ќе изнесува 66 денари за еден литар, додека цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за половина денар и ќе изнесува 68,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на еден литар дизел-гориво ќе изнесува 52,5 денари. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 54,2 долари...

Горивата поскапуваат за два денари по литар

Од ноќеска на полноќ, бензинот поскапува за два денари по литар, а нафтата за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. „Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 62 денари за еден литар, а литар „еуросупер БС-98“ ќе чини 64 денари.  Малопродажната цена на „еуродизелот“ се зголемува за 1,5 денар за еден литар.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...