петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Регулаторна комисија за енергетика | 94 резултати

Регулаторната комисија за енергетика добила 150 претставки за високи сметки за струја

јуни 4, 2020

Во врска со реакциите што стигнуваат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од страна на потрошувачите за нивните сметки за струја, за месеците март, април и мај, РКЕ информира дека секој потрошувач има право сам да си го отчита своето броило и да ги достави своите податоци до ЕВН, односно до операторот […]

Регулаторна за 37 отсто ја намали цената за приклучок на системот за дистрибуција на парно

мај 20, 2020

За 37 отсто се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Ова е една од главните измени во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија што ги одобрија регулаторите, а кои треба да го поттикнат приклучувањето на што поголем број на […]

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

мај 6, 2020

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број […]

Инвестирањето во намалување на загубите на води е до 40 пати поевтино од барањето нови извори (инфографик)

мај 5, 2020

Македонија е една од земјите во кои најголем потрошувач на водата за пиење се самите системи за снабдување со вода на општинските јавни претпријатија. Со дотраените цевки од кои протекува вода, неконтролирањето на дивите потрошувачи на вода, непоставените мерачи за потрошена вода и неутврдениот начин на контрола на питката вода што се троши за полевање […]

Цената на нафтените деривати од утре ќе се намали за 2 до 4 денари за литар

април 27, 2020

Рекордно ниски цени на дизелот и на мазутот во Македонија. Регулаторната комисија за енергетика ги објави малопродажните цени по кои нафтените деривати ќе можат од ноќеска на полноќ да се набавуваат на бензинските станици. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 4 денари за литар, така што од утре истиот ќе се продава […]

Вода за пиење ќе имаме сѐ помалку ако не ги намалиме губитоците (инфографик)

април 16, 2020

Дури 93 отсто од македонските домаќинства имаат пристап до вода за пиење од водовод. Водата за пиење во нашата земја се смета за универзално загарантирано право кое треба да биде достапно за сите, по што е можно пониска цена. Граѓаните негодуваат пред секое зголемување на сметките за вода, исто како и во моментите кога мора […]

По шест недели пад, минимално зголемување на цената на бензините во земјава

април 13, 2020

Регулаторната комисија донесе одлука од ноќеска на полноќ да се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,49 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени на 6 април. Ова зголемување на цените на нафтените деривати доаѓа по нивниот шестнеделен континуиран пад како последица на „нафтената војна“ меѓу Русија […]

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

април 11, 2020

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на […]

Бензините за два месеца поевтинија 20 денари за литар, мазутот двојно во споредба со јануари (инфографик)

април 6, 2020

Вртоглав пад на цената на нафтените деривати предизвика глобалната пандемија со корона вирусот и „нафтената војна“ што ја водат Русија и Саудиска Арабија во изминативе неколку недели. За нешто повеќе од два месеци, цената на бензините на македонскиот пазар на почетокот на април опадна за дури 20 денари по литар, додека мазутот денес може да […]

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

март 27, 2020

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци […]

Неопходни се сериозни инвестиции за да се намалат загубите на вода за пиење

март 24, 2020

Водоводните системи низ македонските општини се стари по неколку децении и во моментов им се неопходни сериозни инвестиции за да ги намалат загубите на вода за пиење. Податоците за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека процентот на неприходувана вода изнесувал помеѓу 32 и 78 отсто на годишно ниво […]

Цената на бензините и дизелот од ноќеска пониска за 3 до 5 денари по литар

март 23, 2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 9,18 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 16.03.2020 година, информираат од комисијата. Од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за […]

Од полноќ бензините поевтинуваат за два денари, дизелот за денар и пол

март 9, 2020

Од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за два денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 1,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Литар бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за […]

Со електраната „КОГЕЛ“ за третина може да се зголеми бројот на корисници на парно греење во Гази Баба, Бутел и Чаир

февруари 14, 2020

Со новата когенеративна гасна електрана „КОГЕЛ“, лоцирана во кругот на скопската железарница, за една третина може да се зголеми постојниот број на приклучени корисници на парно греење на „ЕСМ – Подружница енергетика“ во скопските општини Гази Баба, Бутел и Чаир. Во моментов на централно греење од оваа електрана се приклучени околу 3.500 домаќинства, 17 градинки, […]

Се грееме како во среден век, исклучително неефикасно, скапо и токсично (видео)

февруари 6, 2020

Скап увоз на струја, уништување на дрвниот фонд на шумите, огромно загадување на воздухот во градовите и дотраена мрежа за снабдување со централно греење се само дел од оценките на Светската банка за затоплувањето на објектите во земјава во текот на зимските месеци. Банката во еден од извештаите за реализација на проектот за енергетска ефикасност […]

Собранието го одобри финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2020 година

јануари 24, 2020

Собранието на 123. пленарна седница го разгледа и го усвои Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2020 година. „Вкупниот буџет за годинава изнесува околу 86 милиони денари (1,3 милиони евра) и со одобрување на истиот Регулаторното тело ќе може во полн капацитет со зголемените надлежности да ги извршува надлежностите,“ истакна […]

Дизелот од полноќ ќе поевтини за 1,5 денари, цената на бензините останува иста

јануари 20, 2020

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот ќе поевтини за 1,5 денари за литар, додека цената на бензините нема да се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со донесената одлука се врши намалување на малопродажната цена на нафтените деривати во просек за 2,32 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари […]

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

декември 30, 2019

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 денар по литар и со тоа неговата малопродажна цена […]

Цената на приклучокот за струја се намалува од 500 на 370 евра

октомври 24, 2019

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го одобри новиот ценовник за стандардни приклучоци и новиот трошковник на ЕВН за електрична енергија со кој за 26 отсто се намалува цената за стандарден приклучок. -Со новиот ценовник за стандадни приклучоци, цената ќе изнесува 370 евра што е намалување од 26 проценти – рече претседaтелот на РКЕ, Марко Бислимоски […]

Дизелот поскапе за половина денар, кај бензините без промени

август 19, 2019

Од ноќеска на полноќ, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за половина денар по литар, додека бензините ќе се продаваат по истите цени како и досега, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на еуродизел ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска […]

Страна 3 од 5