fbpx
Таг: раст

таг: раст

Јавниот долг на Македонија достигна 6,7 милијарди евра

Во првиот квартал од годината, надворешниот бруто-долг изнесува 6.707, 4 милиони евра или 70,9 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), што претставува пораст од 1,1 процентен поент од домашниот бруто-производ на квартална основа, објави Народна банка. Споредено со крајот на првиот квартал на 2015 година, надворешниот бруто-долг се зголемил за 1,8 процентни поени од домашниот бруто-производ, во услови на пораст на јавниот и...

Лагард повикува да се заврши неизвесноста околу Брексит во интерес на економијата

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска повика да се заврши неизвесноста по гласање на Британците за излегување од ЕУ, бидејќи тоа го забавува светскиот економски пораст. - Наша препорака е оваа неизвесност околу Брексит што побргу да заврши за да ги знаеме условите за тргување и начините на кои Обединетото Кралство ќе продолжи да дејствува во рамките...

Невработеноста во Велика Британија под 5 проценти првпат од 2005 година

Стапката на невработеност во Велика Британија заклучно со мај oпадна на 4,9 проценти, што е најниско ниво од 2005 година, соопшти денеска британската канцеларија за статистика. Како што наведува њујоршката агенција „Блумберг“, британскиот пазар на труд продолжил да покажува сигнали на закрепнување по одлуката Велика Британија да излезе од Европската Унија. Кога станува збор за платите, порастот на основните примања неочекувано...

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари

Буџетскиот дефицит на САД ќе се зголеми на 600 милијарди долари годинава, што е за шест милијарди долари помалку од очекуваното, соопшти канцеларијата за управување со буџетот на Белата куќа. Според новите проекции, дефицитот ќе изнесува 3,3 отсто од домашниот бруто-производ. Сепак, прогнозираниот дефицит е за 162 милјарди долари поголем од минатогодишниот. Администрацијата на претседателот Барак Обама предвидува дека економијата во САД...

НБРМ: Политичките случувања ја забавуваат економијата и ја зголемуваат неизвесноста

Податоците за домашниот бруто-производ (БДП) за првиот квартал од годинава укажуваат на понизок пораст на економијата од очекуваниот, објави Народна банка. - Домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесностa околу остварувањата и оцените за економската активност во следниот период - информираат од Народна банка. Во однос на инфлацијата, се вели дека таа и понатаму умерено се зголемува, а...

Драги: Потребна е подобра координација на централните банки во светот

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги, денеска апелираше на подобра координација меѓу водечките централни банки во светот за подобро соочување со предизвиците на денешната глобална економија. Ова Драги го истакнал на специјалниот форум во организација на ЕЦБ во лускузното одморалиште Синтра во Португалија. Претседателот на Европската централна банка ги повикал светските лидери да се усогласат околу тоа кои се ризиците...

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на глобалната економија

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на светската економија за оваа година од 2,9 проценти, колку што прогнозираше во јануари, на 2,4 проценти. Во земјите на еврозоната се очекува пораст од 1,6 проценти, што е на исто ниво како и минатата година. Светска банка ја намали проекцијата за порастот на американската економија од 2,4 на 1,9 проценти. Како еден од главните...

Одржување на ниска и стабилна инфлација една од целите на Народна банка

Oдржување ниска и стабилна инфлација преку одржување на стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржувањето на финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет, ќе бидат главните активностите на Народната банка, информираат од таму. - Стратегискиот план за 2017 - 2019 година претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во спроведувањето...

Зголемената продажба на автомобили во САД сигнал за подобри состојби во економијата

Малопродажбата на автомобили и на други производи во САД, во април забележа најголем пораст од 1,3 отсто во последната година, што укажува на зголемување на економскиот пораст по стагнацијата во првото тримесечје годинава. Продажбата на автомобили истиот месец се зголемила за 3,2 отсто, а прометот во продавниците забележал пораст од еден отсто, што е највисок од мај 2015 година. Интернет-продажбата се зголемила за...

Пад на аквизициите на почетокот на 2016 година

Бројот на склучени глобални договори за спојување и за преземање меѓу компаниите е значително намален на почетокот на оваа година во однос на рекордите во 2015 година, покажуваат податоците на агенцијата „Томсон Ројтерс“. Како што се оценува во нивната анализа, тоа може да биде сигнал на слабост на светската економија и ранливост на берзанските индекси. Вредноста на договорите реализирани оваа година на...

Градежништвото лани со најголем придонес во порастот на економијата

Домашната економија во 2015 година забележа пораст така што, во согласно со проценетите податоци, домашниот бруто-производ се зголеми за 3,7 отсто, што претставува речиси идентичен износ со 2014 година, објави Народна банка. - Во споредба со 2014 година, најзначајна промена во придонесот кон годишниот пораст имаше градежништвото, по што следуваа трговијата, транспортот и угостителството, додека новите капацитети ориентирани кон извозот и понатаму...

ММФ прогнозира пораст на македонската економија од 3,6 отсто за годинава

Економскиот пораст во Македонија оваа и следната година ќе достигне 3,6 проценти, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова проекција објавена на Пролетните средби на оваа финансиска институција и на Светска банка во Вашингтон. Во однос прогнозата за глобалниот пораст, ММФ ја намали од 3,4 на 3,2 отсто. На Пролетните средби на ММФ и на Светска банка, кои неделава се одржуваат...

Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во март изнесува 8,4 отсто

Првичните податоци за кредитниот пазар за март 2016 година покажуваат понатамошен месечен пораст на кредитите, кој изнесува 0,9 отсто на месечна основа и е малку побрз во споредба со претходниот месец, соопштуваат од Народна банка - Најголемиот дел од кредитите се насочени кон секторот население, а умерен пораст бележат и корпоративните кредити. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во...

Умерен пораст на девизните резерви и покрај очекувањето за нивно намалување

Последните податоци за девизните резерви заклучно со март, покажуваат умерен пораст од почетокот на 2016 година, наспроти очекувањата за нивно намалување во рамки на октомвриската проекција, информираат од Народна банка. - Анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурната зона. На девизниот пазар беа остварени стабилни движења, при што дел од нето-продажбата...

НБРМ: Домашната економија во пораст со солидно темпо, политичките случувања влијаат ограничено

Според најновите показатели, домашната економија и понатаму е во пораст со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, се вели во најновиот извештај на Народна банка. - Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, кое е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија со 3,7 проценти

Пораст на македонската економија од 3,7 проценти за оваа и зголемување на 4 отсто во 2017 година, предвидува Светска банка во нејзиниот најнов извештај. Невработеноста е намалена на 26,1 отсто, сиромаштијата за 2 отсто. - Најбрз пораст во 2015 година од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а по неа е Косово со 3,6 проценти. Порастот се пресликува во создавање нови работни места...

ОЕЦД: Слабата светска економија ги загрозува финансиите на државите

Слабиот економски раст во светот ја отежнува можноста владите да ги подмируваат своите обврски и долгови, оцени денеска главната економистка на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Кетрин Ман. Оваа организација во ноември ја намали проекцијата за економски раст во светот за годинава. Со помал раст, државите можат да соберат помалку даночни приходи. Според Ман, за поголем раст потребен е поттик...

Се зголемува кредитирањето на фирмите и на граѓаните

Банките на фирмите и на граѓаните во февруари им одобриле за 8,6 отсто повеќе кредити во споредба со првиот месец од годинава, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Вкупната кредитна изложеност на банките во февруари изнесувала 4.515.040.650 евра или за 23,6 милиони евра повеќе во однос на јануари, кога изнесувале 4.491.365.853 евра. Во јануари е забележан пад на вкупните кредити на приватниот...

Велика Британија би останала без 128 милијарди евра со излегувањето од ЕУ

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да предизвика „сериозен шок“ за економијата на таа земја, со ризик да се изгубат речиси еден милион работни места, се наведува во истражувањето на групацијата „Си-би-ај“ (CBI). Во истражувањето се наведува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ би можело да го чини Лондон 128 милијарди евра до 2020 година, што е пет...

НБРМ: Економијата бележи солидно темпо на пораст

По порастот на бруто-домашниот производ од 3,5 проценти во третиот квартал од 2015 година, најновите расположливи показатели упатуваат на веројатно задржување на солидното темпо на пораст и во четвртиот квартал при поволни движења регистрирани во главните економски сектори, информираат од Народна банка. - Досегашните движења кај показателите за економската активност упатуваат на можност за умерено повисок пораст во 2015 година...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...