fbpx
Таг: поплава

таг: поплава

Невремето во Западна Србија предизвика голема штета

Поројниот дожд, проследен со град и грмежи кој синоќа ја погоди западниот дел на Србија предизвика штети на патната инфраструктура и на земјоделските насади. Најпогодени територии од невремето биле општините Чачак, Горњи Милановац, Пожега, Косјериќ, Бајина Башта и делови од Лучане, а според податоците на метеоролозите наврнале и до 60 литри дожд на метар квадратен. Како што јавуваат српските медиуми поради...

Општина Гази Баба апелира да не се користат возила во регионите погодени од невремето

Општината Гази Баба ги повика граѓаните да избегнуваат да користат возила во регионите кои најмногу се погодени од поплавите за да не се отежнува движењето на механизацијата која работи на санација. „Се апелира до граѓаните од настраданите места во општина Гази Баба: Смилковци, Црешево, Виниче, Страчинци, Стајковци, Брњарци, Сингелич, Ченто, Економија, Инџиково и од останатите населени места во општината и...

КОНТРАСПИН: Најмалку што треба да направи Трајановски, е да понесе морална одговорност

Во ситуација кога во Скопје се случи потоп и кога има над 20 жртви, крајно несоодветно е со невидена леснотија да се елиминира одговорноста во стилот „така сакал Господ“! Наместо да се турка спинерската приказна дека „природата била сурова“, најмалку што треба Трајановски да направи, е да ја напушти градоначалничката функција од морални причини, пишува „Вистиномер“. Градоначалникот на Град Скопје,...

Во тетовско се нормализира состојбата по големото невреме

Кризниот штаб е постојано на местата зафатени во невремето во тетовско. Градежна механизација се уште работи на расчистување на патниот правец Шипковица - Бродец каде се одвива сообраќајот, но со помали тешкотии. Се работи и на проширување на речните корита кои беа наполнети со земја и камења, по обилните врнежи кои го зафатија тетовскиот регион во саботата. - Нашата механизација...

„Охридско лето“ го презакажа вечерашниот концерт на Ана и Игор Дурловски

Фестивалот „Охридско лето“, вечерва нема да организира настани, поради трагичните настани со поплавите и човечките жртви и поради прогласениот Ден на жалост. Вечерашниот концерт на Ана Дурловски Игор Дурловски заедно со Оркестарот на Македонската Филхармонија под диригенската палка на Борјан Цанев, е презакажан за утре, 9. август во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток од 13 часот. „Охридско лето“ изрази...

Градот Скопје отвори книга на жалост

Градот Скопје денеска отвори книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го погоди градот. Книгата ќе биде поставена во просториите на Советот на Град Скопје и сите граѓани што сакаат ќе можат да се запишат денеска до 21 часот и утре до 16 часот. Од МВР известија дека вкупната бројка на починати лица досега изнесува 22 лица. Од синоќешното ново невреме...

Амбасада на Германија: Сочувство за загинатите и повредените во поплавите

Германската амбасада во Македонија денеска изрази сочувство за жртвите од поплавите. „Амбасадата на Сојузна Република Германија ја изразува својата длабока жалост за жртвите од невремето на 06.08.2016 година. Нашите мисли и нашето сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства“, стои во соопштението од амбасадата. Сочувство за загинатите и повредените изразија грчката амбасада во Македонија, амбасадорите на САД, Велика Британија и...

Пустош во Ченто по невремето: Скокале од балкони за да се спасат од поплавите

Возило на Итната медицинска помош само што изнесе средовечна жена од нејзиниот дом во населбата Ченто, која, како што раскажуваат членови на нејзиното семејството, во обид да ја избегне поплавата во куќата, од синоќешното невреме, морала да скокне од балконот на првиот кат. Соседите велат дека состојбата на улицата Алија Авдовиќ била најстрашна. Поплавени се сите дворови и подруми, а...

Во тропска бура во Кина, шест лица загинаа, осум се исчезнати

При ударот на тајфунот Непартак, кој прерасна во тропска бура откако во саботата ја погоди континентална Кина, шест лица загинаа, а најмалку осум се водат како исчезнати. Предизвиканата економска штета е проценета на 860 милиони јуани, односно 116 милиони евра, јавуваат кинеските медиуми. За доаѓањето на Непартак, кој го зафати и Тајван, Кина се подготви евакуирајќи околу 230.000 луѓе, соопштија властите на...

Четири лица загинаа во поплавите во Германија

Најмалку четири лица, меѓу кои и едно девојче загинаа, а голем број се повредени во поплавите кои ги предизвика силен дожд и невреме кое синоќа го зафати јужниот дел на Германија. Тринаесетгодишното девојче загина кога во неа удрил воз додека се обидувала да пронајде засолниште од дождот под железничкиот мост. Дванаесетгодишното момче кое било со девојчето не е повредено. Невремето најмногу...

Укината вонредната состојба во Србија

Српската влада денеска ја укина вонредната состојба во земјата, која на 10 март беше воведена поради поплавите. Како што јавуваат српските медиуми, одлуката е донесена по предлог на Републичкиот штаб за вонредни ситуации, а исто така е усвоена и одлуката за прогласување прекин на елементарната непогода. Експертите веќе вршат процена на штетите од поплавите, а според информациите од теренот, водата во...

Поплави во Србија, во некои општини прогласена е вонредна состојба

Обилните врнежи од дожд во Србија предизвикаа излевање на реките и поплави. Вонредна ситуација е прогласена во општините Арлија и Лучани, каде што се излеале реките Моравица и Бјелица. Во овие две општини поплавени се повеќето сообраќајници, домови, фабрики и училишта. Нивото на водата во реките е зголемено и во ужичкиот крај, а во некои области поставени се и насипи. Надлежните органи и спасувачките...

Во Албанија поплавени големи земјоделски површини

Поројниот дожд што во Албанија врне во последните два дена, предизвика поплави во повеќе области во земјата, јавуваат албанските медиуми. Според пишувањето на медиумите, големи површини земјоделско земјиште се под вода бидејќи повеќе реки во северниот и во централниот дел на Албанија се излеани од коритата. Во Тирана реката Лана е излеана од коритото, а десетина села во североисточниот дел од...

Во поплави во Индија загинаа 71 лице

Во поплави во Индија, предизвикани од обилни дождови, за една недела загинаа 71 лице, а војската помага за евакуација на загрозените жители. Според пишувањата на медиумите, воените хеликоптери доставуваат храна и питка вода во областите кои се најтешко погодени од природната непогода, а дел од училиштатата на југот на Индија не работат. Премиерката на државата Тамил Наду, Џајалита Џајарам, рекла дека владата...

Дождовите предизвикаа поплави во Кумановско

Поројните дождови го зголемија новото на реките во кумановскиот регион, поради што поплавени се земјоделски површини, патна инфраструктура, подруми и неколку помошни објекти во населбата Бедиња, кај селото Доброшане, на вливот во Пчиња и на неколку куќи во населбата Бавчи. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, денеска соопшти дека екипи од локалната самоуправа во претпладневните часови излегле на терен и направиле...

Најмалку 13 лица загинаа во поплави на француската ривиера

Најмалку 13 лица го загубиле животот откако француската ривиера беше зафатена од силна бура што предизвика поплави во повеќе градови. Помеѓу загинатите се и три лица во старечки дом, кој се поплавил откако надојдената река го пробила својот насип, соопштија локалните власти. Една шеесетгодишна жена синоќа загина во Кан кога тој град го зафати силна бура, што предизвика на улиците на овој...

Невреме го зафати Скопје, сообраќајниците поплавени

Поројниот дожд што попладнево го зафати Скопје, поплави дел од улиците и го отежна одвивањето на сообраќајот и движењето на пешаците. На дел од најфреквентните сообраќајници, како булеварот Никола Карев, односно т.н. Пластичарска улица, Митрополит Теодосиј Гологанов, на улицата кај трговскиот центар „Рамстор“, има собрано поголемо количество вода. Во некои делови од Скопје, паѓаше и град. Од УХМР за попладнето најавија поројни...

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа „за“ да им се дадат пари на поплавените во Тетовско

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Битола денеска не го поддржале предлогот на опозицијата за поплавените во Тетовско да се издвојат еден милион денари од буџетот на Општината како помош за претрпените штети. Советникот на ЛДП, Валентин Груевски, на денешната седница дал предлог дневниот ред да биде дополнет со одлука за утврдување финансиска помош за поплавените во Тетово и во Тетовско во висина...

Поплавените села добија чиста вода за пиење

Селата на Шар Планина и на нејзиното подножје зафатени од невремето, добија чиста вода за пиење. Анализите на Центарот за јавно здравје, покажаа техничка и бактериолошка исправност, во дел од резервоарите во овие населени места. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи која одржа заедничка прес конференција со Министерот за животна средина Нурхан Изаири, изјави дека при крај се и со...

Водата во Шипковица е исправна за пиење

Водата за пиење во Шипковица е исправна. Ова го покажале најновите резултати од испитувањата на водата за пиење во подрачјата во тетовскиот регион кои беа зафатени од поплавите. Претходно, Министерството за здравство информираше дека водата може да се пие и во Тетово, Лешок и Непроштено. Инаку во населените места на овој регион континуирано се дистрибуираат едукативи флаери со препораки за заштита...

Автопатот Скопје – Блаце заглави на првите два километра

Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница –...