fbpx
Таг: поплава

таг: поплава

Странски експерти ги испитуваат причините за поплавите во тетовско

Странски експерти во координација со Дирекцијата за заштита и спасување со хеликоптер започнаа да го прелетуваат теренот над поплавените подрачја во тетовско. Целта е да се утврди што точно се случи на 3 август, кои се причините за излевањето на реките и ерозијата на земјата која затрупа повеќе населени места. Од Дирекцијата за заштита и спасување, велат дека преку механизмот...

Земјоделците од Тетовско поднесуваат документи за обесштетување

Од денеска па сè до 26 август, во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Тетово, земјоделците од Тетовско имаат можност да ги пријават штетите направени во големото невреме. За да се обесштетат земјоделците, при пријавувањето потребно е да приложат копија од лична карта или пасош, број на трансакциска сметка, катастарска општина и број на оштетената катастарска...

„Ајде“ донираше вода за настраданите од поплавите во Тетовско

Граѓанската платформа „Ајде“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, денеска донираа 1,4 тони вода за настраданите од поплавите во село Шипковица, Тетовско. „Локалното население, организирано преку кризниот штаб, постојано е на терен и трага по шестгодишното исчезнато девојче, организира помош која тековно пристигнува и ги расчистува наносите од камења, дрва и од шут кои уништија голем дел од селото. Речиси и...

Поплавен главниот град на Парагвај

Најмалку 37.000 лица се евакуирани од парагвајскиот главен град Асунсион, поради поплавите што настанаа по излевање на реката Парагвај од своето корито, јавија локалните медиуми. Метеоролозите сметаат дека излевањето на реката е последица на природниот феномен Ел Нињо, кој предизвика зголемување на температурата во источниот дел на Тихиот Океан за 5 до 10 Целзиусови степени.

Во Могила цела ноќ се спасуваа куќите и стоката од надојдените води

Се спасуваше стоката, се прибираше покуќнината. Вака жителите на селото Вашарејца во пелагониската општина Могила ја поминаа ноќта откако Црна Река повторно се излеа во атарите на неколку села. Спасе Божиновски, земјоделец од Вашарејца, вели дека цела ноќ ја испумпувале водата од дворовите и копале канали да ја насочат кон одводите само за да не им влезе во куќите. - Сè...

Повеќе од 20 куќи во општина Новаци ќе се обесштетуваат од поплавите

Жителите на пелагониската општина Новаци поднеле дури 300 пријави за обесштетување на нивните земјоделски имоти. Од поплавите досега биле уништени 20 објекти, а една куќа е целосно под вода. Ова се бројките што ги сумирале комисиите за процена на штети во општина Новаци по последните поплави во овој регион. „Барањата се веќе поднесени, комисиите треба да излезат на терен и да ја...

Втора поплава во Лакавичко за еден месец

Триесетина семејни и викенд-куќи се поплавени изминатиот викенд во лакавичкото поле кај Штип. Врнежите не беа многу интензивни, меѓутоа, испуштањето на водата од браната Мантово придонесе за втора поплава во еден месец во овој крај. Жителите низ солзи раскажуваат дека водата надошла сред ноќ, додека спиеле. - Се разбудив ноќта околу два часот и што да видам. Водата дошла до...

Во Пелагонија сè уште е рано за санирање на штетите

Регионалниот пат Битола - Новаци е прооден за сообраќај по санирањето на откорнатиот пат. Од синоќа е поставен тампон и бетон, а водата на Црна истекува преку голема цевка под преминот. Сепак, водата во поплавената Пелагонија никако да се повлече од нивите и од дворовите. Засега се одложува санацијата на оштетените патишта и мостови, како и дезинсекцијата и дезинфекцијата....

Могилчани со денови отсечени од светот

Локалната власт во општина Могила стравува од нови и од катастрофални поплави ако стрежевската акумулација ги испушти водите во реката Шемница. Градоначалникот на Општина Могила, Стево Пивковски, вели дека ситуација во неговата општина сè уште е аларманта бидејќи е под закани од нови поплави. Од минатата недела поплавени се селата Ношпал, Вашарејца, Чарлија и Радобор, каде живеат повеќе од 1.000...

Го пресекоа патот кој води до РЕК Битола

Штетите од поплавите по пелагониското поле станаа минорни откако Црна Река почна да ги поплавува и заробува во своите домови и жителите на селото Новаци. За да нема човечки жртви, властите во општина Новаци како единствен излез од оваа тешка состојба решија да го пресечат патот кој од Битола води кон селото Новаци и кон РЕК Битола. Со дозвола на...

Црна ги поплави иконостасот и фреските на манастирот „Пресвета Богородица“ во Новаци

Манастирската црква и конаците на „Пресвета Богородица“ во Новаци се метар и половина под вода. Опасноста е уште поголема ако се сруши насипот на Црна, тогаш водите сериозно ќе му наштетат на овој верски објект - предупредуваат од манастирот. Отец Душко Груевски вели дека од синоќа иконостасот и фреските се под вода и направена е голема материјална штета. - Во манастирот...

Луда Мара го поплави Кавадарци

Рекатa Луда Мара, по обилните врнежи од дожд од 62 литри на едн квадратен метар во горниот тек од нејзиното сливно подрачје на Витачево, се излеа во кавадаречкото поле. Поплавен е кејот во централното градско подрачје на Кавадарци, особено од десната страна на текот, каде клупите и шеталишптето беа под вода. Реката Луда Мара беше излеана под селото Глишиќ...

Пола Македонија под вода, најнов извештај на ДЗС

Според последниот извештај на Дирекцијата за заштита и спасување, состојбата со поплавите во  Македонија е следна: Кочани: Нивото на реките e зголеменo и поплавено е земјоделско земјиште. Дотeкот на вода во браната Калиманци е 150 кубни метри, а испустот на вода е 50 кубни метри, со што е почнато излевање на браната Калиманци. Цело кочанско поле е поплавено, а исто така има можност и за излевање на...

Црна поплави шеесетина куќи во Могила, регионот без струја

Водите на река Црна попладнево поплавија шеесетина куќи во пелагониската општина Могила. За ситуацијата да биде уште потешка, поради дефект на една од трафостаниците, целиот регион е без струја, а според најавите, проблемот ќе потрае поради поплавите. Градоначалникот на општина Могила, Стевче Пивковски, вели дека крајно критична е сотојбата во три села, Чарлија, Радобор и Вашарејца, каде се евакуирани и...

Вонредна состојба поради поплавите во источна Македонија

Браната Калиманци почна да прелива и по неконтролираното истекување на водата, во опасност се населените места по текот на реката Брегалница. Од браната има дотек на вода од околу 280 кубни метри во секунда и според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сета таа вода ќе се слее по реката Брегалница. Кризниот штаб, поради опасноста од надојдените реки и...

Пелагонија плива под вода, попуштија насипите на Црна

Плодното пелагониско поле е под вода, Црна Река го достигна нивото од 4,70 метри. Онаму каде коритото на реката не е исчистено со децении, таа се прелева и прави големи штети. По обилните врнежи од дожд во битолскиот дел на Пелагонија, каде паднаа и до 50 литри на еден квадратен метар, поплавени се повеќе од 3.000 хектари плодно земјиште. Водата влезе во...

Се излеа Брегалница во Штип

Реката Брегалница е излеана од својот тек и е поплавена целата трим-патека во населбата 8 Ноември, додека реката Отиње полека ги зголемува штетите по својот тек, објави „Прес 24“ . Останува да се чека надлежните служби да утврдат дали повторно ќе има редуцирано движење на критичните места, особено на некои мостови. Општина Штип, во координација со ЦУК, Владата и со градоначалниците...

Во Штип водата од водоводот и понатаму не е за пиење

Денеска се очекуваат резултатите од Институтот за јавно здравје и потврдата за исправноста на водата за пиење од градскиот водовод во Штип. Во меѓувреме, водата, веќе четврти  ден, е забранета за пиење и може да се употребува само како техничка вода. „Големото невреме ги поплави бунарите, од каде со вода за пиење се снабдуваат жителите на Штип. Водата е бактериолошки и...

Голгота за кочанскиот таксист во Грција

По несреќата од поплавите во Северна Грција, попладнево разговаравме со сопственикот на кочанската такси-компанија, чиј возач синоќа превезувал грчки државјанин од Кочани до Кукуш, кој загина кога заради надојдената вода, такси-возилото паднало во канал за наводнување меѓу Поликастро и Кукуш. Јоцо Каров, сопственикот на такси-компанијата, кој додека зборуваме се враќаше од Грција заедно со такси-возачот, вели дека во Кочани веднаш...

По дождот во Пелагонија, критичен водостојот на Црна Река

Секоја капка дожд во Пелагонија плива над почвата, а есенската сеидба е крајно неизвесна дали и кога ќе заврши, сметаат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, напоменувајќи дека дождовите во изминатите денови го зголемија нивото на Црна Река на критичните 3,60 метри, ако се знае дека нејзиниот капацитет е 4,30 метри. - Високиот водостој на Црна и воопшто состојбите...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...