fbpx
Таг: општина Чаир

таг: општина Чаир

Порталб: Проектот за модернизација на зелениот пазар „Бит Пазар“ никако да заврши

Ветен пред многу години, проектот за модернизација на зелениот пазар „Бит Пазар“ никако да заврши, градежните работи се одолговлекуваат со години, а предвидените рокови се пречекорени, пишува Порталб.мк. Општина Чаир, која го вети овој проект, ја отфрли одговорноста, со образложение дека одговорна за реализација на проектот е АД „Скопски Пазар“, друштво во кое во текот на годините дошло до смена...

Порталб: Општина Чаир започна со изградба на водоводната и канализационата мрежа во Серава

Општина Чаир започна со изградба на водоводната и канализационата мрежа во населбата Серава. Од ова општина за „Порталб.мк“ рекоа дека во моментов се одвиваат работи во две улици, а се обезбедени средства и за другите улици. „Ве известуваме дека процесот на регулирање на водоводната и канализационата мрежа во населбата Серава веќе е започната и во моментов работите се одвиваат во...

Порталб: Општина Чаир сѐ уште ја нема регулирано атмосферската канализација за населбата Серава

Скопјани веќе неколку дена се будат со врнежи од дожд, а прогнозите се дека истите ќе продолжат и во наредните денови. За повеќето граѓани ова е обично и очекувано известување во текот на есента, но за жителите од населбата Серава, ова е причина за вознемиреност, пишува Порталб.мк. Врнежите од дожд се страв и грижа за жителите на оваа населба, каде...

Почна рушењето на дивоградбата кај „Мавровка“ (галерија)

По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има и полициски службеници што...

МВР поднесе кривична пријава за бесправно градење пред ДТЦ Мавровка

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев, на платото пред ДТЦ Мавровка. „Од страна на СВР Скопје - Единица за економски и...

Ниту една компанија не е заинтересирана да ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Уривањето на дивоградбата што започна да се гради пред трговскиот центар „Мавровка“ нема да се одвива едноставно и брзо како што се очекуваше, пишува „Порталб.мк“. На постапката за избор на економски оператор што ќе ја руши дивоградбата не се јави ниту една компанија. Поради ова, рушењето на објектот без одобрение за градење ќе биде одложено уште повеќе, бидејќи треба...

Не е познато кој ја гради дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, одлуката за уривање ќе помине неколку постапки

Одлуката за уривање на објектот без градежна дозвола „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, сé уште не стапила во сила, бидејќи не е утврдено кој ја реализира изградбата. Во објектот се работи интензивно и работите се при крај. По извршените проверки од страна на инспекторите, констатирано е дека градежните активности се вршат незаконски, но сепак од Општина Чаир велат...

Во Скопје најголемо намалување на одѕивот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.660 гласа пред Можеме (инфографик)

Мал одѕив на гласачите во главниот град на одржаните парламентарни избори на 15 јули, како и тесна изборна трка меѓу двата главни конкуренти - коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволство од работата на политичките партии или страв од можноста за ширење на ковид-19? Овие прашања се поставуваат по објавувањето на конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за...

Во Чаир се чека летото за да се започне со изградба на паркинзи

Сè уште нема решение на проблемот со недостигот на паркинг места во општина Чаир, иако ова беше клучно предизборно ветување на актуелниот градоначалник на општината, известува „Порталб.мк“. Од Општината не даваат конкретна информација, а пред извесно време градоначалникот Висар Ганиу рече дека проблемот ќе почне да го решава ова лето, Откако одговори не добиле од градоначалникот и од портпаролот на...

Сменети трасите на осум автобуски линии во Скопје

ЈСП Скопје соопшти дека поради почеток на асфалтирањето на дел од булеварот „Христијан Тодоровски  - Карпош“ во Бутел, осум автобуски линии од јавниот превоз од денеска ќе бидат изменети. Така автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 кои доааѓаат од Бит Пазар, на семафорите кај Општина Чаир ќе вртат лево и ќе се движат по улицата...

Скелето стои со месеци, фасадата на „Цветан Димов“ во Чаир сè уште не е завршена

Проектот на Град Скопје за реконструкција на фасадите во средните училишта во Скопје заглави во средното училиште „Цветан Димов", бидејќи скелето е поставено уште во октомври, но досега ниту еден работник не се појавил да започне со работа, известува „Порталб“. Информацијата ја потврдува директорот на училиштето, Висар Дураку, кој вели дека нема сознанија зошто работите не се започнати. - Скелето за...

„Имри Елези“ во Чаир отвори нова паралелка – решен е проблемот прекубројните ученици

Во основното училиште „Имри Елези“ во населбата Дижон во Општина Чаир, се отвори нова паралелка во прво одделение, и на тој начин, се реши проблемот со надминување на бројката на максимум дозволен број на деца во една паралелка. За овој проблем, порталот „Порталб.мк“ имаше неколку последователни написи. Имено, во прво одделение беа запишани 108 ученици кои учеа во три паралелки, и на тој...

Распука мозаикот на плоштадот „Скендербег“

Една година по официјалното отворање на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, мозаикот  распукува, јави „Порталб“. Покрај мозаикот на фотографијата, има и бројни други пукнатини по ѕидовите на издигнатиот плоштад. Од сајтот се обратиле во Општина Чаир, чија инвестиција беше плоштадот, а од таму добиле одговор дека нема оштетувања на мозаикот. „Секторот за урбанизам во Општина Чаир постојано се грижи за одржувањето на плоштадот...

Општина Чаир има проект за проширување на училиштето „Исмаил Ќемали“, на ред е МОН

Од Општина Чаир, под чија надлежност е основното училиште „Исмаил Ќемали“, велат дека имаат проект за решавање на проблемот на преголемиот број на ученици, каде што во речиси сите паралелки е надминат максималниот број дозволен со закон - 34 ученици. Од оваа општина велат дека барањето за проширување на сегашниот училиштен објект е испратено до Министерството за образование и наука...

ОУ „Исмаил Ќемали” e преоптоварено со ученици и со недостиг на простор

Основните училишта „Имри Елези” и „Петар Здравковски-Пенко“ во скопските општини Чаир и Бутел не се единствените што имаат проблем со преголемиот број на ученици. Уште еден случај на прекршување на законот откри редакцијата на „Порталб“ во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во населбата Топанско Поле. Во ова училиште речиси сите паралелки се многу блиску до законски утврдената граница за дозволен број...

Во „Имри Елези“ во Чаир 108 првоодделенци учат во три паралелки

Основното училиште „Петар Здравковски - Пенко“ во Скопје Север не е единственото училиште што се соочува со проблемот на пренатрупаност со голем број ученици, а со тоа и го прекршува законот. Истата судбина ја дели и основното училиште „Имри Елези“ во населбата Дижонска во општина Чаир, каде годинава се запишани 108 првоодделенци, кои се поделени во три паралелки, и...

Во Општина Чаир утре почнува владиниот карван „Твојот глас“

Со Отворен ден во Општина Чаир утре од 13 до 18 часот, на кој граѓаните ќе може да дискутираат со вицепремиерот Бујар Османи, почнува владиниот карван разговори со граѓаните „Твојот глас“. Во рамките на овие настани, граѓаните ќе може да разговараат со министри, заменик- министри, државни секретари и пратеници, и да предлагаат идеи и да кажуваат забелешки за работата на...

Општина Чаир ќе доделува субвенции за велосипеди

Општина Чаир денеска ја пушти во употреба велосипедската патека на улицата Втора Македонска бригада и соопшти дека ќе доделува субвенции за велосипеди. Новата велосипедска патека е поставена на коловозот на улицата и е обележана со пластични конуси. Таа беше поставена заедно со Град Скопје, а завршувањето на работите денеска свечено го одбележаа градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и  Сенад...

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, поднесе оставка на функцијата

Потпретседателот на Беса, Зекирија Ибрахими, денеска информираше дека поднесува оставка на функцијата, јави Алсат-М. Тој исто така вели и дека нема да се кандидира за лидер на Беса на партискиот конгрес кој треба да се одржи во февруари. Оваа негова одлука доаѓа на само еден ден пред утрешниот состанок на Централниот одбор. Зекирија Ибрахими беше градоначалнички кандидат на Беса за општина...

Излезноста до 10 часот на ИМ 2901 во Чаир е 4,45 проценти, соопшти ДИК

До 10 часот наутро на гласање на избирачкото место 2901 во општина Чаир, каде се прегласува вториот круг од локалните избори излегле 4,45 проценти од запишаните избирачи, соопшти денеска портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска. - Гласањето почнало навреме во 7 часот и се одвива непрекинато – рече Гугуческа, додавајќи дека до 10 часот гласале 32 лица. Доколку на некој...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...