Во „Имри Елези“ во Чаир 108 првоодделенци учат во три паралелки

-

Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во Скопје Север не е единственото училиште што се соочува со проблемот на пренатрупаност со голем број ученици, а со тоа и го прекршува законот. Истата судбина ја дели и основното училиште „Имри Елези“ во населбата Дижонска во општина Чаир, каде годинава се запишани 108 првоодделенци, кои се поделени во три паралелки, и сите три го надминуваат максималниот број од 34 ученици во една паралелка, известува „Порталб.мк“.

Директорката на училиштето, Мерита Коџаџику, вели дека во текот на оваа година бројот на запишани ученици е поголем отколку во претходните години.

– Во моментов се запишани 108 ученици во прво одделение, кои се поделени во три паралелки, со што се надминува бројот определен со законот за образование. За да се реши проблемот, треба да се отвори уште една паралелка од прво одделение бидејќи тоа е крајно неопходно – објаснува Коџаџику.

Вели дека просветни инспектори го посетиле училиштето и ја констатирале состојбата, а за решавање на проблемот дале рок од десет дена, кој одамна е истечен.

– Просветните инспектори беа во нашето училиште  во септември и направија увид во моменталната фактичка состојба, ги проверија сите документи на децата, за да утврдат дека припаѓаат на регионот во кој се наоѓа училиштето, и беше утврдено дека децата ги исполнуваат сите неопходни услови за да учат во ова училиште. Затоа беше одлучено да се преземат мерки во рок од десет дена, но за жал досега ништо не е направено. На барањето за отворање на една нова паралелка се приложени и записникот и одлуката на инспекторатот – рече Коџаџику.

Барањето за отворање нова паралелка, според Коџаџику, е поднесено одамна, но сè уште нема позитивен одговор.

– На почетокот на септември бројот на запишани ученици беше 106 и во тој момент поднесовме барање до општината за да се додаде уште една паралелка, а потоа дојдоа уште двајца ученици и така бројката се заокружи на 108. Според информациите што ги имаме, општината го доставила барањето до Министерството за образование и наука, а тие го  проследиле за одобрување до Министерството за финансии, но за жал, се уште нема позитивен одговор за ова прашање – објасни Коџаџику.

Родителите, од друга страна, бараат ова работа да не се оддолжува, туку да се реши што е можно побргу, бидејќи се работи за нивните деца и условите во кои ќе се одвива наставата понатаму.

Согласно законот на Министерството за образование и наука, минималниот број ученици во едно одделение е 24, а максималниот 34.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...