Таг: Олаф Шолц

таг: Олаф Шолц

Силна поддршка од Германија по средбата на Ковачевски со канцеларот Шолц

По вчерашната официјална посета на премиерот Димитар Ковачевски во Германија и средбата со канцеларот Олаф Шолц, политичките партии од земјава денеска реагираат на пораките коишто ги упатија премиерите на двете земји. Од владејачкиот СДСМ велат дека посетата на Ковачевски на Германија донела дополнителни придобивки за државата и нашата европска иднина. „Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека...

Руска ракета заврши во станбена зграда во Запорижја, најмалку четворица загинаа

Најмалку четворица цивили загинаа, а осум се повредени откако руските сили изминатава ноќ погодија станбена зграда во градот Запорижја, пренесува Укринформ. Објектот бил погоден со ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300, при што истиот бил делумно срушен, а настрадале и околни згради и автомобили. Украинското обвинителство во Запорижја отвори истрага за извршениот ракетен напад. Цивилни жртви во изминатово деноноќие...

Не е точно дека Германија ја води „својата трета светска војна“ против Русија

Германија не е страна во војната којашто Русија ја започна со Украина. Тоа го потврдува интернационалното право – да се стане страна во воениот конфликт бара формална декларација за војна или директно учество во специфични борбени операции. Од германската амбасада во Москва се децидни дека „помагањето на Украина да го одржи правото на самоодбрана против руската нелегална војна и агресија...

Самитот на Берлинскиот процес со три важни договора потпишани меѓу земјите од Западен Балкан

Самитот на Берлинскиот процес, кој деновиве се одржа во германскиот главен град ги собра лидерите на сите шест земји од Западен Балкан и овозможи потпишување три договорa што се важни за регионалната соработка помеѓу земјите. Премиерите од балканската шесторка ги потпишаа договорите за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, за меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите на медицина,...

Германскиот канцелар Шолц: Драги Македонки и Македонци, ве сакаме зачленети во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц во отворено писмо до Северна Македонија, кое го објави Германската амбасада во Скопје, посочува дека Германија сака Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Шолц вели дека разбира оти на Северна Македонија ѝ беше предолго и премногу ветувано и го разбира сомнежот дали со прифаќањето на европскиот предлог навистина ќе се отвори патот за влез во...

Шолц, Макрон и Драги стигнаа во Кијив, по бројните критики за „млакост“

Лидерите на најмоќните членки на Европската Унија пристигнаа во главниот град на Украина, Кијив, утрово, со „порака за европската обединетост“, како што рече претседателот на Франција, Емануел Макрон. Макрон допатува заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ја покажат поддршката за Украина, по бројните критики, посебно за...

Канцеларска посета и регионален самит

На крајот на француското претседателство, германскиот премиер одбра да го посети Балканот. И тоа не само „Западниот“ Балкан, туку и Бугарија, но и да присуствува на Самитот на државите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун - Грција. Да се потсетиме – овој процес е најстарата регионална иницијатива (од 1996 година), чија институционална поддршка е подоцна...

Шолц: Северна Македонија ги исполнува сите предуслови и заслужува пристапни преговори

„Северна Македонија ги исполнува сите предуслови за отпочнување на пристапни преговори и јас ќе се заложам првиот чекор да се случи што побрзо“, истакна канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц на заедничка прес конференција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, за време на неговата еднодневна официјална посета на С. Македонија. Германскиот канцелар истакна дека Западен Балкан за Германија има...

Шолц: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е наш стратешки интерес

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на пленарната седница на Бундестагот, на која присуствува и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија. Шолц пред пратениците потсети дека шест земји од...

Руските сили повторно го нападнале аеродромот во Днипро, Зеленски и Шолц разговарале за нови санкции

Володимир Зеленски
Руската војска повторно го нападна аеродромот во Днипро, уништувајќи го објектот и инфраструктурата во непосредна близина до него, јави украинската новинска агенција „Укринформ“. Ова го соопштил Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена администрација. „Повторен напад на аеродромот во Днипро. Од него не остана ништо. Аеродромот и инфраструктурата во близина се уништени. А ракетите продолжуваат да летаат. Го разјаснуваме бројот на...

ЕУ со жестоки санкции кон Русија, НАТО не планира да праќа војници во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата ќе ја брани секоја една педа од својата територија по средбата со сите амбасадори на земјите-членки на НАТО во Брисел. „Мора да одговориме со обновена одлучност и со уште поцврство единство“, изјави Столтенберг. Столтенберг додаде дека на состанокот било одлучено да се зголеми бројот на воени сили стационирани во источното крило...

Гутереш до Путин: Во име на човештвото, вратете ги вашите сили назад во Русија

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутереш апелираше до рускиот претседател Владимир Путин да ги запре своите сили, додавајќи дека рускиот напад на Украина е најтажниот момент во неговиот петогодишен мандат. „Претседателу Путин, запрете ги вашите сили од нападот на Украина. Дајте му шанса на мирот. Премногу луѓе веќе загинаа“, изјави тој отворајќи ја итната седница на Советот за...

Канцеларот Шолц по потегот на Москва: Гасоводот „Северен поток-2“ ќе биде запрен

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека проектот за гасоводот „Северен поток-2“ нема да биде сертифициран од Германија по најновиот потег на Русија да го признае суверенитетот на двете пара-држави (Народните републики Донецк и Луганск), јавува Дојче веле сервисот на англиски јазик. Шолц пред новинарите во Берлин изјави дека Германија презема мерки за да одговори на руските акции во Украина. „Ова звучи...

Олаф Шолц е новиот канцелар на Германија

Олаф Шолц од Социјалдемократската партија е новиот, деветти канцелар на Германија. Тој ја наследи досегашната канцеларка Ангела Меркел со голема поддршка од членовите на Бундестагот. Шолц доби 395 од 707 дадени гласови, што е многу над потребното мнозинство од 369 гласа во Бундестагот со 736 места. Коалицијата на Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП), има 416 места во...

Социјалдемократот Шолц ќе биде новиот германски канцелар, до Божиќ Германија ќе има влада

Трите партии на Социјалдемократите, Зелените и Либералите денеска објавија дека постигнале договор за формирање на новата германска влада, која што ќе биде изгласана во Бундестагот до Божиќ, односно во текот на наредниот месец. Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија, Олаф Шолц рече дека трите партии постигнале договор со којшто ќе се стави крај на владеењето на Ангела Меркел. Наследник на...

Социјалдемократите, Зелените и Либералите на чекор до формирање на новата германска влада

Актуелниот германски министер за финансии Олаф Шолц е на чекор да постане иден германски канцелар, кој ќе дојде на местото на Ангела Меркел. Германските Социјалдемократи, Зелените и Либералите постигнаа начелен договор, усвојувајќи заеднички текст од подготвителните разговори за формирање на новата германска влада, јавува Дојче Веле. Социјалдемократот Олаф Шолц веќе изјави дека очекува преговорите меѓу трите партии за формирање на...

Социјалдемократите со тесна победа на изборите во Германија, неколку коалиции се можни

Социјалдемократската партија на Германија (СДП) победи на вчерашните парламентарни избори во Германија со освоени 25,7 отсто од гласовите, наспроти демохристијанската коалиција ЦДУ/ЦСУ за која гласаа 24,1 отсто од Германците кои излегоа на изборите, јавува Дојче Веле. Првичните изборни резултати покажуваат дека социјалдемократите ќе имаат 206 пратеници во Бундестагот, додека демохристијаните освоија 196 пратеници. „Deutschlands neues Normal“ е водечкиот текст на...

Една недела пред изборите во Германија: социјалдемократите во водство, крај на “ерата” на Меркел?

Со незапамтена изборна трка се соочува Германија пред претстојните парламентарни избори што треба да се одржат на 26 септември. На една недела пред изборите, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и нејзиниот кандидат за канцелар Олаф Шолц се во водство со 6 проценти пред демохристијанската алијанса на ЦДУ/ЦСУ и нејзиниот кандидат Армин Лашет. Крајот на "ерата" на Ангела Меркел беше одамна...

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...