fbpx

ЕУ со жестоки санкции кон Русија, НАТО не планира да праќа војници во Украина

-

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата ќе ја брани секоја една педа од својата територија по средбата со сите амбасадори на земјите-членки на НАТО во Брисел.

„Мора да одговориме со обновена одлучност и со уште поцврство единство“, изјави Столтенберг.

Столтенберг додаде дека на состанокот било одлучено да се зголеми бројот на воени сили стационирани во источното крило на Алијансата сѐ до Медитеранот, како и да ги активираат одбранбените планови. Сепак, тој рече дека НАТО не планира да бидат испратени воени сили од нејзините членки во Украина.

Шефот на НАТО изјави и дека Алијансата ги зајакнува своите одбранбени способности со повеќе од 100 воени авиони кои се во состојба на подготвеност за да го заштитат воздушниот простор на членките на НАТО.

Столтенберг уште еднаш во име на сите 30 земји членки го осуди рускиот напад врз Украина на најостар можен начин, нарекувајќи го нападот брутален чин на војна.

По средбата на Столтенберг со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, таа нагласи дека земјите-членки на ЕУ ќе се согласат на санкции кон Москва што ќе го спречат рускиот економски развој. Лејен рече дека санкциите ќе доведат до зголемена инфлација во Русија, зголемување на одливот на капитал од земјата и еродирање на нејзината индустриска основа.

„Нашите мерки ќе ја ослабнат руската технолошка позиција во клучните области во кои елитата ги прави најголемиот дел од парите“, изјави претседателката на Европската комисија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска побара од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да го запре нападот врз Украина и целосно да ги повлече руските трупи од украинска територија.

„Со својот напад врз Украина рускиот претседател повторно еклатантно го крши меѓународното право“, рече Шолц, нагласувајќи дека нападот го загрозува мирот во цела Европа.

„За сето тоа нема оправдување. Ова е Путинова војна“, рече германскиот канцелар Шолц и додаде дека ќе се покаже дека Путин со оваа војна направил тешка грешка.

Шолц најави и натамошни остри санкции кон Русија по денешниот напад.

„Во тесна соработка со нашите меѓународни партнери во НАТО и ЕУ уште денеска ќе донесеме натамошни остри санкции против Русија. Целта на санкциите е на руското раководство да му се стави јасно до знаење – за оваа агресија ќе платите горчлива цена“, изјави Шолц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...