fbpx
Таг: ОЈО

таг: ОЈО

Отфрлена кривичната пријава против Заев и Димитров за загрозување на независноста

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава која ја поднесе Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ – Движење на носителите и бранителите на државниот суверенитет „Македонска преродба“ против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров за загрозување на независноста бидејќи пријавеното дело не било кривично дело за кое се гони по службена должност. Како...

ОЈО ќе го истражува ревизискиот извештај на МЕПСО за 2016 година

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ќе го разгледува ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 бидејќи Владата во него забележала две спорни ситуации, информираше денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Првата се однесува за купување на имот. Во 2011 МЕПСО добила понуда да купи имот од 2.178 квадратни метри по цена од 3,7 милиони евра. МЕПСО ја одбива таа понуда,...

Кривична пријава за поранешниот штипски градоначалник Захариев

Секторот за внатрешни работи Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“  и две кривични  дела „несовесно работење во службата“. „И.З. во својство на градоначалник на општина Штип и И.И. како вршител на должност...

ОЈО поднесе обвинение против 30 лица за упадот во Собрание на 27 април

Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија на 27 април кога беше извршен упад во Собранието и беа нападнати пратеници, новинари и собраниски службеници. Од вкупно 35 осомничени, обвинението е поднесено против 30 лица, од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца се обвинети за помагање при вршење на...

ОЈО во 13 часот ќе поднесе обвинение за упадот во Собранието на 27 април

Основното јавно обвинителство денеска во 13 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за завршената истражна постапка за насилството од 27 април минатата година во Собранието. Вчера Врховниот суд донесе одлука да му го замени притворот со куќен притвор на осомничените во овој случај, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и пратениците Крсто Мукоски и Сашо...

Давидовиќ: Истекува рокот за обвинителен акт за настаните во Собранието од 27 април

Звонко Давидовиќ адвокат на еден од обвинетите за настаните во Собранието од 27 април минатата година, изјави дека очекува деновиве да биде објавен обвинителниот акт за овој предмет, бидејќи веќе истекува рокот. Според него, преостануваат десетина дена. Давидовиќ потврди и дека адвокатите добиле еден дел од доказите. Во однос на одлуката на Врховниот суд за притворените пратеници и другите осомничени...

Обвинителите кои се побунија за случајот „Алмир“ за Јовески се пристрасни

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески преку соопштение до јавноста ја осуди постапката на четворицата јавни обвинители кои изјавија дека одлуката случајот со трагичната смрт на 4-годишниот Алмир Алиу да се преквалификува во сообраќајка е „скандалозна“. Според Јовески, таквото обраќање е непрофесионално и вели дека со тоа се повредува функцијата јавен обвинител и тешко се прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители...

Царовска: ОЈО одлучува против кого ќе има обвиненија за злоупотребуваните штитенички

Истрагата на Обвинителството ќе покаже кон кого и за што ќе се покренат обвиненија во случајот со злоупотребуваните штитенички од Домот „25-ти Мај“, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа потсети дека за ова, Министерството направило детален инспекциски надзор и на установата „25 Мај“ и на центрите за социјална работа. - Против 12 лица е поднесена кривична пријава...

Обвинителството смета дека Села не бил убиен затоа што напаѓачите мислеле дека е мртов

Дарко Јакимовски, јавниот обвинител кој го води случајот за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села при упадот во Собранието на 27 април минатата година, рече дека единствената причина поради која Села не е убиен е тоа што сите мислеле дека е мртов. - Доказите ќе покажат дека во моментите кога нападот и тепањето го достигнале екстремот, единствена околност за...

ОЈО отвори предмет против Дрисла за загадување на животната средина

По допрен глас, Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за кривично дело, загадување на животната средина и природата, информираат од таму. „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата Дрисла, како и доколку е извршена...

ОЈО ја расветлува сообраќајката кај Кичево во која животот го загуби тримесечно бебе

Основното јавно обвинителство Кичево ја расветлува сообраќајната несреќа на магистралниот пат Кичево - Македонски Брод, во којa, животот го загуби тримесечно бебе, информираат од таму. „Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка „голф“ со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило – влекач...

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите не смеат да бидат алатка за политички прогон

Не постои никаква правна аргументација уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам да се држат во притвор, се вели во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реагира на продолжувањето на притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. „Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна...

Владата ги утврди законите за ОТА, за следење на комуникациите и за контрола на полицијата

Владата на денешната 45. седница усвои повеќе предлог-закони за измени и дополнувања на повеќе законски решенија кои се однесуваат на дел од легислативата во правосудството, внатрешните работи и полицијата, како и на регулативата за работата на безбедносните служби, како дел од итните реформи опфатени со планот 3-6-9, соопшти владината прес-служба. На денешната седница владата го утврдила предлог - законот за...

Академијата за судии и јавни обвинители го поништи огласот поради лажните сертификати

Огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители е поништен поради истражната постапка која Основното јавно обвинителство (ОЈО) ја се води против дел од пријавените кандидати, соопшти Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. „Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на седницата одржана на 11 декември 2017 година донесе одлука...

И Чавков доби 30-дневен притвор, спроведен е во затворот во Шуто Оризари

Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, по што е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Иста мерка е одредена и за полицискиот службеник Мунир Пепиќ и за оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на...

Да не се потпалуваат страстите и да се почитуваат институциите, порача Груби

Tреба да се даде простор на целиот процес за да излезе вистината на виделина, да веруваме, секако, со почит кон сите институции, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби, во врска со денешното приведување на 36 лица, меѓу кои и пратеници, за насилствата во Собранието од 27 април годинава. Прашан дали смее да се апсат пратеници, Груби рече дека за тоа...

Невладините немаат официјална информација дека истрагите против нив се затворени

Граѓанските организации што беа предмет на истраги на МВР по налог на ОЈО, сè уште немаат добиено официјална информација дека истрагите се завршени и не е пронајден криминал, вели Фани Каранфилова-Пановска, извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ - Македонија, на денешната конференција „Е-општество“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. - Многу ми е драго што слушнавме изјава...

Уапсено лице кое се барало со потерница поради шверц на 20 килограми марихуана

Полицијата вчера го уапсила 39-годишниот М.О., по кој била распишана потерница поради шверц на 20 килограми марихуана од Косово во Македонија, во март годинава, соопшти МВР. По неколкумесечно бегство, осомничениот бил пронајден вчера и веднаш предаден на Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка. Тој и 65-годишниот Д.И., кој бил приведен при обидот за шверц на марихуната, се товарат за неовластено производство и...

Со помош од граѓаните уапсени се тројцата насилници од 27 април

По објавувањето на фотографиите на интернет-страницата на МВР, трите лица што беа барани поради учество во насилствата во Собранието од 27 април, се уапсени, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. „Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани, со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени...

Препродавачите на билети за Супер купот се спогодиле со ОЈО да платат казни по 500 евра

Петмината препродавачи на билети за Супер купот, за кои МВР поднесе кривични пријави, денеска се спогодиле со Основното јавно обвинителство Скопје, да платат парични казни во висина од 500 евра, информираат од таму. „Еден од осомничените е државјанин на Република Србија, двајца се државјани на Велика Британија, додека двајца имаат двојно државјанство и на Република Македонија и на САД. Со...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...