fbpx
Таг: ОЈО

таг: ОЈО

Кривична за „Инфомакс“ поради објавената фотка од исказот на Камчев

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) соопшти оти поднело обвинителен предлог против лицето коешто на 23 август преку интернет порталот „Инфомакс“ ја објавило првата страница од записникот за примање кривична пријава во случајот „Рекет“, во која бил содржан исказот на бизнисменот Орце Камчев даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај годинава. Како што информираат од ОЈО, лицето ќе биде...

Кичеец беше на распит за „Рекет“, утре – Катица Јанева

Второосомничениот во предметот „Рекет“ Зоран Милески - Кичеец денеска бил на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тој утрово од затворот Шутка бил однесен во обвинителството. Зоран Милески - Кичеец се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. На распит денеска била повикана и пензионерката Лилјана Тодоровска, која е потписничка на проектот за европски центар за...

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ за „Рекет“ кај Русковска

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е повикана да даде исказ за предметот „Рекет“ во обвинителството во вторник, во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи обвинителката Вилма Русковска. Сведочењето на Катица Јанева следува неколку дена по објавувањето на снимените разговори од италијанскиот весник „Ла Верита“, во кои се слушна нејзиниот глас заедно...

Четири месеци по несреќата кај Ласкарци, од Обвинителството сè уште нема обвинение

По Четири месеци по трагичната несреќа на автобусот на “Дурмо турс“ кај село Ласкарци, при што починаа 16 лица, Основното јавно обвинителство сè уште нема покренато обвинителен акт, иако причините за несреќата се веќе познати , пишува „Порталб.мк“. "Нема ништо ново. Се уште се работи на случајот", изјавија од ОЈО. На прашањето кога се очекува Обвинителството да поднесе обвинение, од ОЈО...

Три месеци од несреќата кај Ласкарци: Обвинителството уште „ги утврдува фактите“

Навршија три месеци од трагичната автобуска несреќа на компанијата „Дурмо турс“ кај село Ласкарци, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) сè уште не поднело обвинение за истото, пишува „Порталб.мк“. Основно јавно обвинителство соопшти дека шестмина осомничени се во домашен притвор, додека за еден е пропишана мерката надзор. „Со одлука на Основниот суд Скопје 1, на шестмина осомничени за кривично дело - Тешки...

ОЈО Струга поведе постапка против три лица за сечење на трската на езерото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга започна постапка против двајца осомничени, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. На 16 март двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата...

Притворен Митко Чавков, ОЈО се сомнева дека сакал да избега

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков синоќа бил приведен и однесен во истражниот затвор во Шутка. Решението за одредување на мерка притвор се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател. Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му...

Неделна анализа: Притвори, тепачки, тероризам и политика

Во период од неполни три дена во земјава се случија редица настани поврзани со последните месеци од владеењето и одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да замине од власт. За да остане на власт оваа партија пред две години реши да се стави над Уставот и да продолжи да владее со помош на насилство маскирано со упад на „народот“ во Собранието, а...

Инстутуциите се координираат за утврдување на причините за автобуската несреќа

Заради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдување на причините за автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во Основното јавно обвинителство Скопје денеска се одржа работен состанок на претставници од надлежното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска...

Се врши увид на местото на несреќата, на возачот на автобусот ќе му се испитува крв и урина

Најголем дел од жртвите и повредените во трагичната сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Скопје - Тетово се граѓани на Гостивар, информираше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. -Жалосен ден за цела Македонија. Има голем број повредени, 13 се загинати, а петмина се во сериозна животнозагрозувачка состоба. Најголем дел од повредените и загинатите се од Гостивар. Се преземаат сите...

ОЈО за бегството на Груевски утврдилo пропусти во постапувањето на институциите

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја извести јавноста за досега преземените дејствија во предметот за бегството на осуденото лице Никола Груевски. „Надлежниот јавен обвинител веднаш по настанот отвори предмет по допрен глас со цел да се утврди дали постои евентуална кривична одговорност  за помагање на сторител по извршено кривично дело од страна на службени и други...

Јовески: Груевски ја нема напуштено Македонија на било кој граничен премин

Поранешниот премиер Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на било кој граничен премин. Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, вели во интервју за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. -Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна...

Обвинителствата дадоа позитивно мислење за уште четири амнестии

Основните јавни обвинителства, согласно пред некој ден изгласаниот Закон за амнестија, денеска до Основниот суд Скопје 1 доставиле мислења за преостанатите барања за амнестија и позитивно мислење дале само за четири од нив. Интересното е што Основното јавно обвинителство - Скопје, од 37-те барања се изјаснило позитивно само за едно, а другите ги оценило како неприфатливи. Основното јавно обвинителство за...

СВР и ОЈО се координираат за расчистување на случајот со говорот на омраза на навивачките групи

Полицијата и Обвинителството работат координирано во обелоденувањето на настаните кои се случија во саботата и неделата во Тетово во кои навивачите на групите „Војводи“ и „Балисти“ користеле говор на омраза по етничка основа, а кое според Кривичниот законик е кривично дело казниво со глоба или казна затвор од 1 до 5 години, известува „Порталб.мк“. Во саботата, навивачката група „Војводи“ од...

Државниот инспекторат не нашол докази дека Дрисла загадува, ОЈО ќе продолжи со проверките

Државниот инспекторат за животна средина во одговорот до надлежниот јавен обвинител навел дека депонијата Дрисла не загадува над дозволените граници, информираат од ОЈО Скопје од каде побарале информации од Инспекторатот постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривично дело Загадување на животната средина и природата во врска со работењето на депонијата Дрисла. „Државниот инспекторат за животна...

Симболична е бројката на пријави, имавме најмирен ден на гласање, вели Бајрами

Симболична е бројката на пријави пристигнати до привремената комисија формирана од Јавното обвинителство на РМ за евентуални противправности при спроведувањето на референдумот. -Генерално можам да заклучам дека атмосферата беше мирна, немаше поголеми нарушувања на редот и мирот за време на гласањето во текот на денешниот ден. Можеме да заклучиме дека денешното гласање на референдумот е едно од најмирните денови на...

До сега поднесена една кривична пријава за поткупи при избори

Обвинителот Џелал Бајрами денеска на прес-конференција соопшти дека Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески формирал привремена комисија во Обвинителството за евентуални кривични дела поврзани со гласањето на референдумот в недела. Во Комисијата членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и еден обвинител на ОЈО Скопје. Бајрами вели дека оваа Комисија ги следела активностите за организирање на референдумот и проблеми...

ОЈО: Се уште нема осомничен за тројното убиство во Дебар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издал наредба за обдукција на тричленото семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка кои беа убиени во Дебар. Обвинителот издал и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, информираат од ОЈО. „По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во...

Рускоска: Нарачателите за 27 април ќе бидат обвинети кога ќе има цврсти докази

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година. Вчера, на првото рочиште, воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите. Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две за „помагање“. -Триесет и шест сведоци...

ОЈО: Кривична пријава за две лица од Битола за говорот на омраза во Крушево

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин камен, информираат од ОЈО. „Во обвинителството е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати лица а за сторено кривично...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...