fbpx

Академијата за судии и јавни обвинители го поништи огласот поради лажните сертификати

-

Огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители е поништен поради истражната постапка која Основното јавно обвинителство (ОЈО) ја се води против дел од пријавените кандидати, соопшти Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

„Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на седницата одржана на 11 декември 2017 година донесе одлука за поништување на јавниот оглас на Академијата за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители, објавен во Службен весник на Република Македонија од 30.08.2016 година и во дневните весници „Лајм“ и „Нова Македонија“, стои во одлуката, објавена на веб страницата на Академијата.

Четириесет и едно лице од пријавените доставиле фалсификувани сертификати за англиски, поради што ОЈО покрена кривично дело „фалсификување исправа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...