fbpx
Таг: непочитување мерки

таг: непочитување мерки

За групирање на журка во стан, ОЈО предложи казна од по 2.000 евра за осум лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против осум лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд-Скопје за обвинетите полнолетни лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна...

Карневал во Вевчани: Василичарите не го исполниле ветувањето, интервенирала полицијата

Жителите на Вевчани и покрај забраните за групирање, на денот на традиционалниот карневал, денеска ги ставија маските и се обидоа да направат дефиле, но полицијата ги спречи во намерата. „Полициски службеници интервенираа во Вевчани поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на корона вирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица, со што се загрозува...

Полицијата со помалку казни за неносење маски иако расте бројот на новозаболени од ковид-19

Полицијата во изминативе неколку дена напишала помалку казни на граѓаните за неносење маски на лицето, иако бројот на новозаболени лица од ковид-19 периодов руши рекорди. Полицијата вчера регистрирала 306 прекршоци во однос на мерката носење лична заштита на лицето, завчера имало 283 прекршоци, додека во петокот биле регистрирани 436 прекршоци. Наспроти ова, минатата недела биле изречени 737 санкции за...

Кога кафулињата рано ќе затворат, забавата продолжува во Градскиот парк

Стотици млади, на возраст од 16 до 20 години, собрани во групи и од по десетина, вечерва можат да се забележат во Градскиот парк во Скопје. Најголем број од нив се без маски на лицата, слушаат музика и се забавуваат седнати на сепарињата кај фонтаната „Лотос“ и по околните тревници. Реки од луѓе кои се излезени на прошетка вечерва може...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...