fbpx
Таг: ММФ

таг: ММФ

ММФ: Можно е да се отпише дел од долгот на Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека можеби ќе биде неопходно да се отпише дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го враќа поради слабеење на структурните реформи и пад на буџетскиот дефицит, пишува во соопштението на ММФ. Фондот ја намали прогнозата за порастот на Грција од 2,5 на нула проценти во 2015 година, истакнувајќи...

ММФ: Владата на Ципрас е одговорна за бавните реформи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека на Грција ќе ѝ биде потребна помош од 50 милијарди евра во новиот круг финансиска помош од крајот на октомри годинава, па сè до 2018 година. ММФ денеска соопшти дека Атина била бавна во усвојувањето на економските реформи, а за тоа е виновна актуелната влада на Алексис Ципрас. Минатата година ММФ предвидуваше дека грчкиот...

Истече времето, Грција не ја плати ратата, неизвесноста сè поголема

Истече времето за Грција и во Вашингтон и во Брисел. Грчката влада не ја исплати ратата од 1,6 милијарда евра од долгот кон ММФ, европската финансиска помош не е обновена и државата останува без финансиски средства, со огромен долг кон меѓународните институции. Со ова државата е во „дифолт“, односно нема да може да врши сервисирање на долговите ниту, пак, да...

Тим на ММФ во посета на Македонија

Од утре до 8 јули, тим на Меѓународниот монетарен фонд, предводен од Џесмин Рахман, ќе претстојува во Скопје. Посетата е за спроведување на Годишниот преглед на економијата во Македонија. Како што соопштуваат од ММФ, на крајот ќе се соопштат прелиминарни оцени, а ќе се подготви извештај за кој ќе се дискутира на состанок на извршниот одбор на ММФ. Посетата е дел од редовните...

ММФ ќе ја скенира економијата во Македонија

Тим на Меѓународниот монетарен фонд ќе престојува во Скопје за да го спроведе редовниот годишен преглед на македонската економија. Тимот ќе биде предводен од Џесмин Рахман и ќе престојува од 29 јуни до 8 јули. Прелиминарните оцени за состојбата во македонската економија ќе бидат објавени во извештај за кој ќе се дискутира на состанок на Извршниот одбор на ММФ, чиј датум ќе биде објавен...

Грција ненадејно ги напушти преговорите во Брисел

Преговорите меѓу Атина и Брисел повторно удрија во ѕид. Грчкиот преговарачки тим ненадејно ја напушти преговарачката маса и се враќа назад во Грција без да биде постигнат конечен договор со европските кредитори. Според информациите, двете страни остануваат на своите црвени линии, а со тоа големи се разликите и несогласувањата околу реформите и мерките што би требало да ги преземе Грција. Грчката страна, наводно, заминала...

Грција во трка со времето

Европската Унија и САД праќаат нови пораки и апел до Грција да се забрзаат преговорите и да се дојде до конечен договор. На синоќешната средба на силната европска тројка, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, според светските медиуми, присуствувале и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, и првиот човек...

ММФ: Пад на украинскиот БДП за девет отсто

Украина годинава ќе има пад на домашниот бруто-производ (БДП) од девет отсто, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Априлската, а сега ревидирана процена на ММФ за економските движења во Украина превидувала речиси двојно помал пад на БДП во Украина од 5,5 отсто. ММФ очекува инфлацијата во Украина, која е економски опустошена од едногодишната војна, да достигне дури 46 отсто поради неповолниот курс...

Грција во нов јуриш за договор со европските кредитори

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, најави дека Грција нема да ја плати следната рата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доколку не биде постигнат договор со европските партнери. Во интервју за американската телевизија „Си-Ен-Ен“, грчкиот министер истакна дека Атина веќе нема да може да ги плаќа ратите како досега бидејќи претходно постоел договор дека Атина ќе добива финансиска помош за да...

ММФ: Русија годинава ќе има пад на БДП за 3,4 отсто

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека годинешниот домашен бруто-производ (БДП) на Русија, која е во економска криза, ќе се намали за 3,4 отсто и оти следната година ќе биде забележан помал пораст, беше објавено денеска во Москва. ММФ ги ревидираше своите претходни предвидување за пад на БДП од 3,8 проценти за оваа година и за 1,1 отсто во 2016 година. Економскиот...

ММФ ги подготвува балканските подружници на грчките банки за банкрот?

Грчките медиуми, повикувајќи се на весникот „Вол стрит џурнал“, јавуваат дека ММФ ги подготвува државите од Југоисточна Европа каде има грчки банки за справување со евентуален грчки банкрот. Според информацијата, ММФ ги советува и разменува мислења со Бугарија, Македонија, Романија, Албанија и со Србија за тоа какви мерки да се преземат за да се избегнат можни последици во грчките...

НБРМ останува на проекцијата за пораст од 4,1отсто на БДП

НБРМ останува на проекцијата за пораст од 4,1 отсто на БДП за оваа година и 4,5 проценти во 2016 година. - Порастот во оваа и наредната година, во најголем дел ќе се должи на релативно силно позитивниот придонес на инвестициите, на извозот и во помал дел на порастот на личната потрошувачка. Засилениот пораст на извозот и натамошниот пораст на сите компоненти...

ММФ почна преговори со Србија

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска во Белград почна разговори со делегацијата на Србија по повод ревизијата на аранжманот во вредност од 1,2 милијарда евра. Главна тема на првата ревизија на тригодишниот аранжман ќе биде состојбата во јавните финансии во Србија, преструктуирање јавни претпријатија, намалување на бројот на вработените во секторот и негова приватизација. ММФ на 23 февруари ѝ одобри на...

Уапсен поранешниот директор на ММФ

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд и шпански министер за економија, Родриго Рато, е уапсен за поради затајување данок и перење пари, соопштија судските власти. Рато подоцна е пуштен на слобода поради соработка со полициските власти, кои во неговиот дом и во канцеларијата пронајдоа документи кои посочуваат на перење пари, измама и на проневера на имот.

ММФ прогнозира пораст од 3,8 проценти за Македонија

Меѓународниот монетарен фонд прогнозира пораст на економијата на Македонија за 3,8 отсто за оваа година. Со оваа прогноза Македонија се најде на второ место меѓу земјите од регионот, зад Црна Гора, за која се прогнозира пораст од 4,7 отсто. За годинава, ММФ очекува дека Македонија ќе ја заврши со стапка на инфлација од 0,1 отсто, а следната година земјава ќе има...

Грција денеска треба да врати уште една рата од долгот кон ММФ

Грција денеска треба да плати рата од 340 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд, пишуваат грчките весници. Се очекува в понеделник Атина да плати  580 милиони евра, а останатите 350 милиони на ММФ ќе му бидат префрлени околу 20 март. Минатата недела Атина на ММФ му ја плати првата рата од 310 милиони долари за враќање на кредитот од 1,5 милијарда евра.

ММФ одобри 17,5 милијарди долари за Украина

Новата четиригодишна програма во износ од 17,5 милијарди долари за Украина ја одобри Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави првиот човек на оваа организација Кристин Лагард. Лагард истакнала дека примирјето во Донбас генерално се почитува, но сепак неговото прекршување ќе претставува ризик за давањето на кредитот. Според неа, украинските власти покажале желба да ги спроведуваат реформите.  

Ставрески: ММФ забележа дека има напредок во намалување на невработеноста

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нотираше напредок во намалувањето на стапката на невработеност во Република Македонија, во извештајот „15 години транзиција Западен Балкан, можности за наоѓање работа во однос на младите од регионот“, истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, кој учествува на конференцијата организирана од ММФ во Виена. - За Македонија беше истакнато дека има повисоки стапки на пораст во...

ММФ го поздрави предвременото отплаќање на долгот

Меѓународниот монетарен фонд го поздрави предвременото враќање на кредитната линија за претпазливост за Македонија. - Ја поздравувам одлуката на Македонија за предвремено враќање на заостанатите обврски кон Фондот, што го покажува подобрениот пристап на земјата до меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме продолжување на блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти - изјави Кристин Лагард, директорка на ММФ. Република Македонија...

Предвреме отплатен долгот кон ММФ

Република Македонија предвреме го отплати долгот за кредитната линија за претпазливост во износ од 312 милиони американски долари кон ММФ, со што заштеди пет милиони евра, информираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Со вчерашната трансакција во Вашингтон, во износ од 174 милиони долари, е исплатен целиот долг од оваа кредитна линија и тоа е направено поради порастот на...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...