fbpx
Таг: ЈП за државни патишта

таг: ЈП за државни патишта

Корона кризата нема да го откаже воведувањето на видео-надзорот на автопатот на Коридор 10

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да ја откаже реализацијата на проектот за воведување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Од Министерството за транспорт и врски најавуваат пролонгирање на објавата на тендерот за избор на изведувач, па така наместо кон средината на годинава, тој ќе биде објавен до крајот на 2020 година. Од...

Годинава целосно ќе се реконструира оштетениот дел од патот Градско – Прилеп

До крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на магистралниот пат Дреново - Фариш во должина од 9,1 километри. Проектот вреден 1,5 милиони евра ќе обезбеди зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрза патна врска на Пелагонискиот регион со останатиот дел од земјава, информираат од Министерството за транспорт и врски. Увид во градежните работи на терен денес извршија министерот...

Тендер за реконструкција на делницата Петровец – Катланово од автопатот Скопје – Велес

Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за рехабилитација со проширување на делницата Петровец - Катланово од автопатот Скопје - Велес. Со зафатот ќе се реконструира и прошири левата коловозна лента во должина од 5,18 километри, ќе се обнови асфалтот на десната коловозна лента во должина од 4,75 километри и ќе се прошири постојната десна коловозна лента во...

Стопанствениците бараат да се забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце

Доколку не може да се забрзаат подготовките и процесот на изградба на автопатот Скопје - Блаце, тогаш барем да се испочитува ветениот рок од 2023 година за пуштање во употреба на делницата долга 12,5 километри. Ваков е ставот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија во однос на актуелните рокови за изградба на овој автопат до крајот на 2024 година. -...

Автопат Скопје – Блаце: Две децении ветувања за 12,5 километри дупки и нерамнини (видео)

Македонскиот главен град го делат околу 20 километри пат до границата со Косово. Јадранската магистрала денес е преполна со дупки и нерамнини има застарена сообраќајна сигнализација и заштитни огради на патот, како и неосветлен тунел што се наоѓа на трасата. Максималната брзина на движење на возилата е од 60 до 80 километри на час, па требаат 30 минути да...

Пролетва тендер за изведба на првата и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

И покрај тоа што беше најавено за јануари, објавувањето на тендерот за продолжување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп е поместено за претстојнава пролет. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека со експерти од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) започнале со изработка на тендерската документација за делницата од Фаришка и Дреновска...

Возачите негодуваат за лошата состојба на автопатот Скопје – Велес

Нереконструиран коловоз и дупки во асфалтот, одрони на патот, недоволно осветлување на критичните места и недоволно одржување во зимските месеци се само дел од забелешките на граѓаните што патуваат на автопатот меѓу Скопје и Велес. Тие плаќаат патарина од 120 денари по еден правец. Најгласни во негодувањата за состојбата на автопатот Скопје - Велес - Скопје се граѓаните од Велес....

Австриски „Страбаг“ ќе ја гради и втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши постапката за избор на изведувач за втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш, со должина од 16,9 километри. Австриската компанија „Страбаг“ е избрана како најповолен понудувач со доставената понуда од 14,9 милиони евра. Станува збор за трасата од клучката Три чешми кај Штип до мостот на реката Брегалница и...

Кон Бугарија за две години ќе возиме по нов асфалт – потпишан договор и за Куманово – Страцин

Само неколку дена по отпочнувањето на реконструкцијата и проширувањето на делницата Крива Паланка - Деве Баир, Јавното претпријатие за државни патишта објави дека е потпишан договорот за втората фаза од рехабилитацијата на патот Куманово - Страцин. Станува збор за делница долга 16,6 километри, која што ќе ја реконструира скопски „Бетон“. За изведба на овој градежен зафат се издвоени над...

Автопатот Тетово – Гостивар е најфреквентниот пат во земјава (инфографик)

Девет од десетте најфреквентни патишта во 2019 година во земјава се изградени во профил на автопат, а најмногу возила лани биле регистрирани на автопатот Тетово - Гостивар. Просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) е еден од главните индикатори во развиените земји за донесување на одлуки за инвестиции во нови патишта или за реконструкција и надградба на постојната инфраструктура. Според податоците на...

Започна реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир

Најдоцна до почетокот на 2022 година ќе биде завршена реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка - Деве Баир. Денеска започна изведбата на градежните работи на оваа делница со должина од 13 километри. Проектот вреден 12,4 милиони евра ќе овозможи изградба на трета коловозна лента долж целата траса, изведба на 4 нови моста и реконструкција на постојниот коловоз. - Овој...

Моторџиите од 10 февруари ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина

Јавното претпријатие за државни патишта од 10 февруари ќе започне со ефективна примена на новите цени за патарина за моторџиите. Мотоциклите со две тркала лани беа вклучени во посебна категорија на возила - категорија 1 А, со што тие ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите. Надоместокот за употреба на пат за мотоциклите ќе...

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира системот за воведување на...

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат со средства од буџетот на...

„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје - Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Тендерот за автопатот Скопје...

Рекордни 44,3 милиони евра од патарини во 2019 година (инфографик)

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра, односно за околу 9,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Наплатните станици во последниот квартал од 2019 година оствариле приход од над 10,1 милиони евра, додека најмногу средства биле...

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип -...

До средината на годинава ќе биде распишан тендерот за поставување камери и електронски знаци на Коридорот 10

Министерството за транспорт и врски го изработува тендерот за воведување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопатот од Коридор 10. Претстојните предвремени парламентарни избори нема да влијаат на реализацијата на овој проект, така што се очекува најдоцна до средината на оваа година да се распише тендерската постапка за избор на најповолен понудувач, информираат од ова министерство за „Мета.мк“. Идниот комуникациско...

Изборите нема да ја одложат реализацијата на инфраструктурните проекти

Формирањето на техничката влада на 3 јануари, одржувањето на предвремените парламентарни избори и пост-изборните договарања за новата извршна власт ќе одземат најмалку пет месеци од 2020 година. И покрај ваквата преокупација со политика во најава, државните власти тврдат дека претстојните избори нема да влијаат на одложување на најавените инфраструктурни проекти што треба да почнат да се градат, ниту пак...

Во јануари ќе има тендер за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

Извор: Министерство за транспорт и врски
Јавното претпријатие за државни патишта планира наредниот месец да го објави тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп. Неколкумесечниот застој на изведбата на 10-те нови километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура настанаа откако изминатово лето беше раскинат договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“, а двете...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...