fbpx

Кон Бугарија за две години ќе возиме по нов асфалт – потпишан договор и за Куманово – Страцин

-

Само неколку дена по отпочнувањето на реконструкцијата и проширувањето на делницата Крива Паланка – Деве Баир, Јавното претпријатие за државни патишта објави дека е потпишан договорот за втората фаза од рехабилитацијата на патот Куманово – Страцин. Станува збор за делница долга 16,6 километри, која што ќе ја реконструира скопски „Бетон“. За изведба на овој градежен зафат се издвоени над 7,1 милиони евра, а дополнителни 310.000 евра се наменети за надзор над градежните работи, покажуваат објавените договори на Електронскиот систем за јавни набавки.

Рехабилитацијата на коловозот на делницата од Куманово до Страцин е дел од неколкуте проекти, кои во моментов ги реализира ЈП за државни патишта во функција на модернизација на патното поврзување со Бугарија. На овој дел од Коридорот 8, пролетниве месеци треба да заврши обновата на постојниот пат меѓу Ранковце и Крива Паланка, во должина од 21 километар. Во наредниот период паралелно ќе се работи на делниците Куманово – Страцин и Крива Паланка – Деве Баир, со што меѓу Куманово и Деве Баир ќе може во целост да се вози по обновен пат веќе на почетокот од 2022 година.

Заедно со комплетната обнова на постојниот пат кон Бугарија, во моментов непречено тече и изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Оваа патна делница од 25 километри се очекува да биде завршена во 2021 година, а се финансира преку кредит од Светската банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...