fbpx
Таг: ЈП за државни патишта

таг: ЈП за државни патишта

До крајот на ноември ќе се прибираат понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Izvor: Ministerstvo za gradeznistvo, transport i infrastruktura na Srbija
Јавното претпријатие за државни патишта го објави вториот по ред тендер за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. До 29 ноември ќе биде отворен тендерот за доставување на понуди од заинтересираните градежни компании, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач. Финалната цена по која ќе се гради трасата долга два километри ќе биде позната...

Завршени 75 отсто од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид

Првите километри од автопатот Кичево - Охрид ќе бидат пуштени во употреба наредната година, додека целокупниот проект е предвидено да се заврши до 30 јуни 2021 година како краен рок за изведба на автопатот. Вкупниот прогрес на градежните работи на делницата во моментов е 75,42 отсто, а пробиени се околу 96 отсто од трасата. По одобрувањето на дополнителните средства за...

Нов тендер за автопатот Скопје – Блаце поради прескапа прва понуда

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Наредниве денови ќе се објави втор по ред тендер за изградба на првите 2 километри од целокупната траса долга 12,5 километри. - До крајниот рок за доставување на понуди поднесена е една понуда која го надминува буџетот...

„Гранит“ ќе го проширува патот од Крива Паланка до Деве Баир

Деновиве ќе започне проширувањето на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Јавното претпријатие за државни патишта го потпишало договорот со „Гранит“ од Скопје за изведба на 13-те километри од трасата, со која ќе се обезбеди побрза патна врска меѓу Македонија и Бугарија. Проектот ќе опфати изградба на трета коловозна лента долж целата траса, реконструкција на постојниот коловоз...

Ќе се прави анализа што сè шпански „Рубау“ (не)сработил на патот Градско – Прилеп

Извор: Министерство за транспорт и врски
Фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ е избрана од Јавното претпријатие за државни патишта да го изработи елаборатот со пресек на извршените работи и предмер - пресметка на неизведените делови за изградба на експресниот пат Градско - Прилеп, во делот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Со 10,2 милиони денари вредниот договор ќе се направи анализа на досега изведените работи...

Распишан тендерот за реконструкција на патот Куманово – Страцин на Коридорот 8

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ја комплетира реконструкцијата на магистралниот пат Куманово - Ранковце, како еден сегмент од проектот за модерно патно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Распишан е тендерот за реализација на втората фаза од санацијата на делницата меѓу Куманово и Страцин долга 16,6 километри, која што е дел патот Куманово - Ранковце долг 31,8...

Со 2,3 милиони евра ќе се поправаат грешките во проектот за автопатот Кичево – Охрид

Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево - Охрид. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора вратата за довршување на...

Кешот уште царува на патарините – одвај 5,6 отсто од приходите се електронска наплата

Електронскиот систем за наплата на патарините засега ѝ носи скромни приходи на државата. Уделот на новиот начин на наплата во вкупните приходи од патарина во изминатово лето изнесувал околу 5,6 отсто. Од продажбата на електронските уреди за плаќање на патарина и од надополнувањето на овие уреди во јули и август биле инкасирани околу 528.000 евра. Наспроти ова, вкупните приходи...

Летово низ патарините минале 13,8 милиони возила – 740.000 повеќе од лани

На македонските патарини летово поминале над 13,8 милиони возила или за над 740.000 возила повеќе од лани, не вклучувајќи ги оние граѓани што го користеле електронскиот систем на наплата. Јавното претпријатие за државни патишта во текот на јуни, јули и август годинава од патарините остварило вкупни приходи од над 13,6 милиони евра, односно за над 660.000 евра повеќе во...

Продолжен рокот за 20 дена за понуди за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Јавното претпријатие за државни патишта за 20 - тина дена го продолжи рокот за доставување понуди за изградба на првата фаза од автопатот Скопје - Блаце. Поради голем интерес за поднесување на понуди од компаниите, крајниот рок за нивното доставување е продолжен до 23 септември. Од ЈП за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека постои интерес од домашни и странски...

Ќе се подобрува безбедноста на 11 патишта низ земјава

Скопски „Гранит“ е избран за изведувач на проектот за подобрување на безбедноста на 11 патишта низ земјава. За да се намали бројката на сообраќајни несреќи на црните точки, во наредните 90 дена ќе се работи на поставување нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема за зголемување на безбедноста, на обележување на патот, на изведба на потпорни ѕидови и на...

За една година завршени 15 отсто од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Izvor na fotografija: Vlada na RSM
Јавното претпријатие за државни патишта досега успеало да заврши 15 отсто од изградбата на двете фази од идниот експресен пат Ранковце - Крива Паланка на Коридорот 8. По повеќе од една година по почетокот на градежните работи на проектот, физичкиот прогрес на првата фаза на делницата од Длабочица до Чатал изнесува 17 отсто, додека на секцијата меѓу Крива Паланка...

„Интелигентниот видео надзор“ на автопатот од Табановце до Гевгелија ќе ја чека 2022 година

Наместо да биде распишан годинава, тендерот за воведување на интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10 ќе биде објавен во првата половина од 2020 година. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектната документација за изградба на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот била испратена на ревизија до Градежниот факултет при УКИМ и...

Експресниот пат Градско – Прилеп со нов рок – 2022 година!

Извор: Министерство за транспорт и врски
Јавното претпријатие за државни патишта на шпанскиот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“ му го раскина договорот за изведба на првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп, на потегот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Од ова јавно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека изведувачот неколку пати бил опоменат за исклучително ниската ефикасност. - Поради неизвршувањето на договорните обврски согласно прифатената...

Од патарина во првото полугодие собрани над 18,2 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта остварило раст на наплатата на патарина во првите шест месеци од годинава. Од овој надоместок се инкасирани над 18,2 милиони евра, што претставува зголемување од 3,6 отсто во споредба со првото полугодие од 2018 година. Ова јавно претпријатие од патарини планира да собере над 44,6 милиони евра во текот на 2019 година, се наведува...

Автомобилите од денеска на патарината кај Гевгелија плаќаат по 100 денари

Јавното претпријатие за државни патишта од утрово ја стави во функција новата патарина на автопатот на Коридорот 10 кај Гевгелија. Возачите на автомобили во иднина ќе плаќаат по 100 денари во еден правец за патарина на оваа наплатна рампа, што претставува надоместок за користење на новиот автопат Демир Капија - Смоквица. Според ценовникот на ЈП за државни патишта, моторите на...

Одличен старт на електронските патарини – за јули и август продадени 6.830 уреди за наплата

За само еден месец остварен е промет од 14.126.731 денари, извршени се 7.675 надополнувања од возачите кои плаќаат патарина со картичка или таг, што претставува 5,8 отсто од вкупната наплата на патарина што е остварена во јули. Од Јавното претпријатие за државни патишта сметаат дека тоа е одличен старт на електронската наплата на македонските патарини и е задоволни од...

На автопатот Штип – Миладиновци уште се гради, а веќе има потреба од поправки

Поставената заштитна ограда на новиот автопат Штип – Миладиновци се покажа како недоволна заштита за возачот, кој завчера буквално прелета од едната коловозна лента на автопатот за Скопје и премина во спротивен правец. Очевидци на несреќата тврдат дека само среќа ги спасила од посериозна незгода возилата кои сообраќале во правецот од Миладиновци кон Штип.   Автопатот од пуштањето во употреба од...

Се реконструира стариот, ќе се гради нов пат од Струмица до бугарската граница

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско - бугарската граница кај граничниот премин Ново Село. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица - Ново Село. Регионалниот...

До 2021 година ќе се модернизира патната врска кон Бугарија

Со подобрувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, македонските власти активно работат и на подобрување на патната врска меѓу двете земји. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов го реконструира патот од Ранковце до Крива Паланка, чија должина е 21 километар. Оваа делница од патниот Коридор 8 ќе биде целосно санирана до крајот на годинава, за што се...

Матурантите договараат ресторани за прослава, но и учат за матурскиот испит

Откако наставата се нормализира во последниве недели после лажните дојави за бомби, матурантите се подготвуваат за претстојните прослави, но и за полагање на испитот на зрелоста. Годинава за прв...