fbpx
Таг: ИДУЕП

таг: ИДУЕП

Анализа на ИДУЕП: Политичарите да сфатат дека социјалните медиуми не постојат само за забава и себепромоција

Новиот државен врв е присутен на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Дополнително, претседателката на државата, претседателот на Собранието, како и премиерот, имаат и свои ТикТок кориснички сметки. Премиерот и собранискиот спикер, пак, имаат свои профили и на мрежата за професионална комуникација и поврзување – Линкдин. Но, во официјалното дигитално присуство на јавните институции, досега во континуитет се бележи поголемо...

Дебата на ИДУЕП: Младите се веќе во ЕУ, властите да најдат начини да ги вклучат во ЕУ интеграцијата

Потребна е вистинска и поголема вклученост на младите во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирање на јавни политики, особено како дел од процесот на пристапување кон ЕУ. Ова беа заклучоците од втората дебата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) насловена „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски...

Дебата на АЛПИ: Неопходна е дигитализација на универзитетите

На македонските универзитети недостасуваат сеопфатни дигитални платформи и лиценцирани апликации кои ќе се одржуваат редовно и ќе бидат достапни за сите студенти и професори. Онаму каде што се користат дигитални услуги, студентите се задоволни од искуствата. Професорите, од една страна, поддржуваат настава во живо, додека студентите претпочитаат хибридна настава. Ова се дел од заклучоците во анализата „Дигитална трансформација во...

Студентски лидери: Младите треба да добијат шанса да ги менуваат институциите – решенија за „билетот во еден правец“

Институциите целосно да се отворат за младите и нивните барања и идеи, а студентите со конкретни активности за подобрување на јавните услуги да покажат дека навистина има што да понудат за позитивна промена во општеството – беше заклучено на дебатата насловена „Билет во еден правец - Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“. На јавниот настан кој беше...

Во новата епизода на „Шорткат“: Приказната на украинската дизајнерка Матјушенко

Елизавета Матјушенко е една од украинските бегалци кои спасот од руските гранати го нашла во Македонија. Младата дизајнерка денес, со дел од своето семејство, живее и работи во Скопје. Повеќе за нејзината приказна дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во неделните вести за млади информираме и за новоотворената просторија за дружење во студентскиот дом „Пелагонија“, за недоволната селекција на отпад...

Националниот совет за евроинтеграции ги усвои препораките за поквалитетни работни услови за младите

Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) на својата деветта седница ја разгледа анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и ги усвои препораките од истата, соопшти ИДУЕП. Препораките содржани во документот вклучуваат квалитетни работни места за младите, соодветни плати, законско регулирање на работата од дома,...

Анализа: Кои функционери и институции колку ги користеле социјалните мрежи во 2022 година?

Статус кво и пад во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и институции во 2022 година, покажа анализата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). 115 од 120 пратеници биле присутни на најмалку една социјална мрежа, 20 од 21 министри користеле барем еден социјален медиум, додека претседателот на државата бил онлајн во целост. „Сепак, политичарите и...

ДЕБАТА: Политичарите разговараа со младите за како да се подобри нивниот стандард

Корупцијата како главна причина за иселување на младите од земјава, состојбата со студентскиот и ученичкиот стандард, мерките што државата ги презема за подобрување на состојбата на младите, беа дел од темите што се најдоа во фокус на настанот „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“ во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата...

Дебата на ИДУЕП: Се подготвува законска можност за работа од далечина

Во последниот период сè погласно се говори за нов Закон за работни односи, од кој, со воведувањето на можноста за работа од дома и работа од далечина, токму младите со стекнати дигитални вештини и знаења ќе го имаат најголемиот бенефит, истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на втората јавна дебата посветена на подигање на јавната свест...

Младите да бидат вклучени во одлучувањето – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во посета на Валандово

Иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП) во соработка со Општина Валандово ќе бара од законодавниот дом повеќе активности за да се доближи законодавната до локалната власт. Исто така, според заклучоците од иницијативата постои и потреба од конкретни младински иницијативи и заложба за...

Младите бараат модел што ќе ги мотивира да излезат на гласање, а за тоа е потребна демократска комуникација

Младите сакаат изборен модел кој ќе ги рефлектира нивните потреби и интереси и ќе ги мотивира да излезат на гласање, како и да гласаат за кандидат чиј успех ќе се мери според сработеното. Ова се ставовите на учесниците на дебатата  „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ што неодамна се одржа во Собранието на Република Северна Македонија. На дебатата...

Младите бараат флексибилно работно време, можност за онлајн работа и повисоки плати

Поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите, развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, повеќе пракса отколку теоретска настава, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано, се дел од решенијата за тоа како професиите на инидната да се прилагодат и да бидат...

Ќе се работи на младинска иницијатива за дигитализација како приоритет на младите да останат во земјава

Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) денеска во Собранието одржаа средба, на која беше постигнат договор за заедничко работење на имплементација на иницијативи за дигитална трансформација на општеството. Тие ќе придонесат да им се обезбеди полесен и подобар живот на младите во земјава, како...

ИДУЕП: Младите од „Отворен Балкан“ бараат властите да поддржуваат дигитални апликации за подигање на јавната еколошка свест

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во текот на месец февруари спроведе истражување на тема за потребите и мислењата на младите за заштитата на животната средина. Во фокус групите на ИДУЕП учествуваа студенти од С. Македонија, Албанија и Србија. Според направеното истражување се покажува дека младите во овие земји поттикнувањето на промена во животната средина го гледаат преку...

ДЕБАТА: Нема доволно политичка волја за дигитализација на општинските услуги

Има недостиг на стратешки пристап за развивање на дигитализацијата на локално ниво, оти речиси сите стратегии во моментов се насочени на услугите што ги дава централната власт, а постои и недостиг на интегриран систем на јавни услуги што ќе овозможат одговорна и безбедна испорака на услуги за сите граѓани без исклучок. Отсуствува и разбирање на потребата од дигитализација од...

ДЕБАТА: Дигитализацијата ќе донесе придобивки за граѓаните, но бара дополнителен напор и средства

Дигитализацијата би донела огромна предност и за граѓаните и за транспарентноста и отчетноста на локалните власти, но за да се достигне потребното ниво ќе бидат потребни многу напори и пари. Во меѓувреме, треба да се продолжи со работа на процесот на „дигитализирање“ на општините под контрола на некаков „центар“, оти самостојните обиди не донесуваат многу корист. Ова се дел од...

ИДУЕП за социјалните мрежи: Политичарите и институциите не се отворени за мислењата на граѓаните

Носителите на извршната власт – Претседателот и Владата во целост биле онлајн, а бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми пораснал за 3 споредено со 2020 година и изнесува 80 од вкупно 81. Политичарите и јавните институции се присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, да се одбранат или да нападнат, а мислењата од граѓаните речиси...

Утрешните лидери и лидерки се градат денес, тие се во училиштата – панел дискусија за средношколско организирање

Подигањето на јавната свест за потребата од средношколско организирање, кое ќе биде ефикасно и функционално, но истовремено избрано во целосно демократска процедура, беше во фокусот на панел дискусијата „Какви новини се потребни во средношколското организирање“ која попладнево во „Europe House Skopje“ ја одржаа Сојузот на средношколци (ССРСМ) и Инситутот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). Панел дискусијата е само...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...