Младите да бидат вклучени во одлучувањето – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во посета на Валандово

Фото: Институт за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП)

Иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП) во соработка со Општина Валандово ќе бара од законодавниот дом повеќе активности за да се доближи законодавната до локалната власт.

Исто така, според заклучоците од иницијативата постои и потреба од конкретни младински иницијативи и заложба за нивно финансирање, амандмански предлози и други законодавни иницијативи, како и симулации на собраниски активности побара како практична настава за учениците.

Пратеничката Моника Зајкова, која е координаторка на Клубот на младински прашања и политикиво Собранието во кој членуваат пратеници до 35 години од различни политички партии посочи дека оваа инцијатива има за цел

„Ги ставаме младите во фокусот бидејќи тие се важен дел во креирањето на политиките, а разговараме и за тоа како во пракса функционира Законот за млади. Истовремено, го поттикнуваме и процесот на дигитална трансформација бидејќи токму дигитализацијата се покажа дека може да реши многу отворени прашања и проблеми во општеството. Неопходно е да ги слушаме младите луѓе, да ги спроведуваме нивните активности, но што е многу поважно, да најдеме многу повеќе конкретни начини за нивно вклучување во процесите на носење на одлуки во законодавната, извршната и локалната власт“, рече Зајкова.

Таа потенцираше дека собранискиот Клуб за младински политики е отворен и стои на
располагање за сите отворени иницијативи бидејќи е натпартиско тело кое како главен приоритет ги става младинските интереси и прашања.

Според Бојан Кордалов, комуниколог и координатор на Програма во рамки на Институтот за добро управување и евроатлански перспективи, охрабрува фактот што веќе јасно се гледа дека како натпартиски приоритет се ставаат младите и дигитализацијата.

„Носителите на јавни функции е потребно на вакви важни теми да разговараат со единствена цел да ги подобрат условите за живот и работа на младите, како и да остварат одржлива дигитализација од интерес за целото општество. Партиските теми треба да се вратат онаму каде што им е местото, меѓу политичарите и тоа само како борба на концепти, идеи и предлози“, рече Кордалов.

Во рамки на иницијативата „Младите во фокусот“, беа остварени и средби и со советници од Советот на општина Валандово од различни политички партии, одговорните лица од општината за млади и дигитализација, како и претставници и претставнички на младински организации кои се активни во Општината.

Исто така, беше одржана и интерактивна обука наменета за младите луѓе од Валандово на тема „Info vs.Disinfo“, а во рамки на Проектот „Градење на отпорност кон дезинформациските практики” кој го спроведува Евро-Атлантскиот Совет со поддршка на НАТО секторот за јавна дипломатија и ИДУЕП.

Иницијативата „Младите во фокусот“ има за цел зајакнување на соработката помеѓу Собранието и единиците на локалната самоуправа, со вклученост и на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општеството, како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани.