недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: хидроцентрала | 10 резултати

Компанијата ППС од Грција единствен кандидат за изградба на ХЕЦ Чебрен

септември 7, 2022

Две понуди од компании, едната од Грција и една од Франција, пристигнале на тендерот за доделување концесија за користење на водата на Црна Река, за изградба на хидроцентралата „Чебрен“. Како што информираше денеска министерот за животна средина, Насер Нуредини, за една од понудите на компнијата ЕДФ Франција, Комисијата утврдила дека е со непотполна документација и […]

Компаниите квалификувани за изградба на „Чебрен“ ја посетија локацијата на Црна Река

април 15, 2022

Компаниите заинтересирани за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, кои се квалификуваа во првата фаза на јавниот повик, ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде треба да се гради електраната. Претставниците на компаниите добија можност да извршат извидување на околината, дополнителни мерења и земање примероци од геолошки материјал. Локацијата, информираат од АД ЕСМ, исто така […]

Жител на Турско Рудари вели дека со изградбата на хидроцентралата селото нема вода, инвеститорот негира

април 6, 2022

Јаким Јовановски, од пробиштипското село Турско Рудари, за Мета.мк раскажува дека води бескрајна битка за да оствари елементарно човеково право. Бара да имаат вода без која често остануваат откако инвеститорот ДИС Енергија од Скопје на Шталковичка река гради мала хидроцентрала, но наместо да види решение како ехо го слуша само неговиот лелек. Јовановски вели дека […]

Исцрпени сите можности – Општина Кочани пред издавање на дозволата на хидроцентралата на Мала Река

март 17, 2021

До доцна во понеделникот советниците на Општината Кочани разговараа за Информацијата за текот на активностите за изградба на мини хидроцентрала на Мала Река, за на крај да ја отфрлат и дадат поддршка на двете граѓански иницијативи, кои се противат на овој проект. Општината поднесе извештај за досегашниот обид да издејствува прекин од државните институции на […]

Кочанскиот Совет побара да запрат активностите на хидроелектраната на Мала Река

август 11, 2020

Загрижени за влијанието врз животната средина, но и езерото Гратче, како единствениот поголем воден резерват во Кочани, членовите на Советот на Општината од сите политички партии, на итна седница побараа запирање на сите постапки врзани со изградбата на мини електрана на Мала Река. Поучени од многу примери во регионот, кога цели реки исчезнаа поради изградбата […]

Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче

април 28, 2017

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења. Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај […]

Страна 1 од 1