fbpx
Таг: Граничен Премин

таг: Граничен Премин

Вучиќ не се меша за референдумот, вели за Белград е добра вест ако се реши спорот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во врска со претстојниот референдум во Македонија рече дека Србија не сака да се меша во внатрешните прашања на другите земји, но дека ќе поддржи сè што води кон стабилност во регионот и дека секогаш позитивно ќе реагира ако нејзините соседи ги решаваат проблемите. - Сè што придонесува за регионалната стабилност е од значење за...

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од...

Шверцери фатени на „Табановце“ со големо количество антички монети и други артефакти

Македонски државјанин што живее во Виена и српски државјанин што живее во валандовско Марвинци добија кривични пријави поради шверцување антиквитети. Случајот бил откриен во петокот рано наутро на граничниот премин „Табановце“ на излез од Македонија. Во облеката на С.Г. (47) од Србија со живеалиште во Марвинци се пронајдени 20 антички монети, едно античко копче, а во автомобилот „волво с80“ сопственост...

Полицијата спречила криумчарење на 143 килограми марихуана

Во две одвоени акции, Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спречила криумчарење на околу 143 килограми марихуана, при што приведени се осум лица. Шестмина се македонски државјани, а другите двајца албански државјани, соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБМ), Лазо Велковски на денешната прес конференција во МВР. Во првиот случај, од Албанија преку Македонија во Грција требало да бидат...

ВМРО-ДПМНЕ секој ден ќе блокира по еден граничен премин

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека добило известување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги блокира граничните премини во текот на наредните четири дена. Партијата денеска од 16 до 18 часот ќе го блокира граничниот премин Богородица, утре од 17 до 18 часот граничниот премин Ќафасан, во петок од 17 до 18 часот на граничниот премин Деве Баир и внедела,...

МВР пронајде 26 мигранти во две возила на патот Гевгелија – Скопје

Вчера, во 12 часот, мешовит патролен тим од полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, на автопатот Гевгелија - Скопје, забележал автомобил „рено еспејс“ со велешки регистарски ознаки, при што на даден знак возачот да го запрел возилото, тој ја зголемил брзината и се упатил кон село Миравци, каде се обидел да побегне. Полицијата го привела лицето С.М. (35) од село...

Запленети 16 килограми марихуана на Блаце

Двајца скопјани добија кривични пријави за трговија со дрога, поради обид во земјава да внесат речиси 16 килограми марихуана. Тие на 28 октомври, на граничниот премин Блаце, се пријавиле за влез во Македонија од Косово. При прегледот на автомобилот „шкода октавија“ со кој патувале биле најдени 22 пакувања, односно 15 килограми и 725 грама марихуана. Шверцерите рекле дека дрогата ја презеле од...

Сообраќајот кон Грција утре ќе биде во прекин поради штрајк на грчките царински служби

Поради штрајк на грчките царински служби, утре ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, информираат од Министерство за внатрешни работи. „Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот на 20 октомври, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин на 20...

Откриени 12 килограми марихуана во автомобил на Табановце

Полицијата вчера доцна вечерта спречила обид од Македонија во Србија да бидат прокриумчарени 12 килограми марихуана, скриени во автомобил. Како што соопшти МВР, на полицајците им се сторил сомнителен автомобил „опел астра“ со скопски таблички, во кој биле двајца скопјани на возраст од 30 и 31 година. При извршената детална контрола на возилото, под задните тапацири се пронајдени 25 пакувања марихуана, со...

Евозни отворен за сите видови возила

Штрајкот на грчките земјоделци е прекинат. Граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози,...

Грчките земјоделци почнуваат да се повлекуваат од Евзони

Земјоделците кои го блокираа граничниот премин Евзони денеска ќе почнат да се повлекуваат од блокадата. Како што јавуваат грчките медиуми, земјоделците од пладне ќе започнат да го напуштаат блокот на граничниот премин. „Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката кај Идомени, блиску до преминот Евзони на границата меѓу Грција и БЈРМ и да се вратиме...

Продолжува блокадата на граничниот премин Евзони

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени и нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација од Автомото-сојузот на Македонија се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на државните патишта сe одвива по наместа влажни коловози. Сообраќајот на патниот правец А3...

Блокадите продолжуваат, превозниците го намалуваат бројот на камиони

Граничниот премин Евзони е затворен веќе две недели, а македонските превозници најмногу трпат од блокадата на грчките земјоделци кои протестираат против владините мерки на Грција. Камионите кои превезуваат нафта и нафтени деривати се пренасочуваат преку Ново Село, но и преку Меџитлија, граничен премин преку кој од денеска може да поминуваат камиони кои пренесуваат само нафта, но не и друг вид...

Затворен и граничниот премин Дојрани до 14 часот

Граничниот премин Дојрани денеска во 12 часот е затворен за сообраќај за сите видови возила, а се очекува да биде отворен во 14 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Сообраќајот е во прекин и на патниот правец Штип - Радовиш поради сообраќајна несреќа. Сообраќајот на државните патишта се...

Сообраќајот Скопје – Велес се одвива по една лента поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Скопје - Велес, кај Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози. Намалена видливост од 50 до 100 метри, поради магла, има на патниот правец Лисец - Попова Шапка. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е...

Блокиран граничниот премин Евзони поради штрајк на грчките земјоделци

Од 16.30 часот, на самиот граничен премин Евзони се поставени трактори, поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила, преку граничниот премин Богородица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп - Битола - Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Патниот...

МНР: Грчките земјоделци ќе го блокираат преминот Евзони околу пладне

Грчките земјоделци денеска ќе го блокираат граничниот премин Евзони во рамки на протестите против владините политики на Грција, информира Министерството за надворешни работи. Оттаму додаваат дека блокирањето на граничниот премин се очекува да почне околу пладне и нема информација колку ќе трае блокадата.

Грчките земјоделци размислуваат и за блокади на граничниот премин кон Македонија

Нова блокада од грчките земјоделци на преминот Евзони-Богородица кон Македонија е сè поизвесна како што се интензивираат земјоделските протести во Грција. Кон штрајкот и блокадите на земјоделците се очекува од утре да се приклучат уште повеќе нивни колеги од северниот дел на земјата. Според информациите од грчката информативна агенција АПЕ, земјоделците размислуваат да се блокира повремено преминот Евзони на македонско-грчката граница,...

МВР: Се пропуштаат камионите што чекаа на граничниот премин со Грција

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утринава од 9.30 часот почна пропуштањето на тешки товарни возила кои чекаа во меѓупоросторот за влез во Република Грција. „МВР ги известува граѓаните дека утринава од 9.30 часот од страна на грчките погранични органи на граничниот премин Евзони почна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Република Грција во меѓупросторот поради...

Забранет влез за камиони и за автобуси во Грција, поради лошите временски услови

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од АМСМ велат дека поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и на автобуси во Грција. Забранa за сообраќај за тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово - Дебар. Снег...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...