fbpx
Таг: Горан Грујевски

таг: Горан Грујевски

Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

За злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за противзаконито дејание, на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. На Мијалков во затворската казна...

Процес „Таргет-Тврдина“- прислушуваните сведоци бараат милиони евра отштета

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување во периодот од 2008 до 2015 година. За нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, избеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски, Тони Јакимовски, како и неколку вработени во...

На Грујевски ќе му се суди во отсуство за „Трезор“

По четири месеци одлагање, почна судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. На обвинетиот ексначалник во УБК Горан Грујевски ќе му се суди во отсуство. На обвинителната клупа се и Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет. Судискиот совет со кој раководи судијката, Џенета Бектовиќ одлучи да не го чека известувањето на...

Апелација му ја укина затворската казна на бегалецот Грујевски за „Тврдина 2“

Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата за поранешниот  началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, во предметот на СЈО „Тврдина 2“. Со пресудата, Грујевски кој сега е бегалец во Солун, беше осуден на година и пол затвор за уништување списи и документи за незаконското прислушување. Тоа значи дека за овој предмет, судењето за Грујевски треба да почне од...

Врховниот суд на Грција одлучи да нема екстрадиција за Грујевски и Бошковски

Горан Грујевски и Никола Бошковски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот суд во Атина одлучил дека двајцата не треба да бидат испорачани во земјава бидејќи нема услови тука да им се овозможи фер судење. Претходно судот во Солун одлучи спротивно од Врховниот суд во Атина. Тамошниот суд пресече дека тие треба...

Завршни зборови во судењето за луксузниот „мерцедес“, рочишта и за „Трезор“ и за „Шпион“

Во Основен суд Скопје 1, денеска повторно судиите и обвинителите се со пополнет распоред, бидејќи ќе се одржат три рочишта од најзначајните судски процеси. Во случајот „Тенк“, во кој, за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба да бидат изнесени завршните зборови...

Во судница денеска Јанкулоска, Мијалков и Ѓорчев

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат две судења - за случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и за обидот за убиство на Зијадин Села во нередите во Собранието на 27 април минатата година. Во „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски,...

Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски на 18 мај

Во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое се одвиваше зад затворени врати. Одлукaтa на судот ќе биде соопштена нa 18 мaј. За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е...

Рочиштето за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски одложено за 26 април

Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април. Денешното рочиште, како што јави дописникот на МИА од Атина, беше прекинато поради правни прашања. По барање на адвокатите, рочиштето за жалбата по одлуката на Судот во...

СЈО дополнително ќе решава дали ќе се жали за пресудата на Талевска

Специјалното јавно обвинителство дополнително ќе решава дали ќе се жали на пресудата на Кривичниот суд со која новинарката и уредничка на „Сител“, Ивона Талевска, вчера беше осудена на условна казна затвор од две години, доколку во следните четири години не стори друго кривично дело. Талевска ја доби пресудата откако вчера призна вина на првото рочиште за случајот „Тифани“, во кој...

Рочиштето за жалбите на Грујевски и Бошковски во Атина одложено за 2 март

Врховниот суд во Атина го одложи за 2 март рочиштето на кое треба да се разгледува жалбата на одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Грујевски и Бошковски биле денеска во судот во Атина заедно со нивните адвокати. Советот на судии во Солун на...

Судењето за „Трезор“ одложено, ќе се чека екстрадиција на Грујевски од Грција

Судијката Џенета Бегтовиќ го одложи судењето за случајот на СЈО „Трезор“ за 29 март, оставајќи простор за завршување на екстрадицоната постапка за второобвиниетиот Горан Грујевски заради, како што рече, економично и целисходно водење на постапката. Останатите обвинети во случајот, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот помошник министер Небојша Стајковиќ и екс шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, беа...

Солунскиот суд даде зелено светло за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Советот на судии во Солун донел одлука поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија, јавува солунскиот портал „Вориа“. Според истиот извор, веднаш по објавувањето на пресудата, двајцата обвинети поднеле жалби на одлуката до Врховниот суд во Грција. Како што пишува „Вориа“, Грујевски и Бошковски барале сослушувањето да бидe пред...

Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошковски одложена за 5 јануари

На 5 јануари конечно може ќе биде познато дали поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во земјава. За тогаш е одложено објавувањето на пресудата на судот во Солун за барањето на македонските власти, јавува „Алсат М“. Пресудата требаше да биде објавена денеска, но Грујевски и Бошковски се пожалиле дека не ја разбираат преведувачката која...

На Грујовски и на Бошковски во Солун ќе им се суди за лажните пасоши

Во Првостепениот суд во Солун би требало денеска да почне судењето за поседување лажни пасоши против поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујовски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски. По нив македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, по обвинението од  Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името...

Немало судски преведувачи – одложено рочиштето за Грујевски и за Бошковски во Солун

Рочиштето во Првостепениот суд во Солун за поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, по кои македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, денеска е одложено поради тоа што во солунскиот суд немало преведувач, јави грчкиот портал „Ефсин“. Судот го презакажал рочиштето за вторник, за кога би требало да се обезбедат судски преведувачи...

Данев: Одлуката за притвор е политичка, а не правна – судот подлегна на притисоците

Одлуката на Апелацискиот суд, да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство, е срамна и без никаков издржан правен аргумент, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е доказ дека судот подлегнал на притисоците. - Одлуката е политичка, а не правна. Медиумите под контрола на...

СДСМ: Грујовски прима ефективна плата и во графата боледување му стои нула

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, се преправа дека не ја разбрал прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и се крие зад МВР, велат од СДСМ. „Документот од УЈП, ги побива обидите на Чавков да се оправда. Од документот може да се види дека Грујовски прима ефективна плата и дека во графата боледување стои нула. Чавков сака да каже...

СЈО до судот: Барањето за притвор на Грујовски е во ред, вие го проблематизирате

Специјалното јавно обвинителство одговори на барањето на Кривичниот суд за доуредување на предлогот за притвор за Горан Грујовски, осомничен во случајот „Тврдина“, односно одредување мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Судот во петокот побара од СЈО во рок од три дена да го доуреди предлогот, а во спротивност ќе ги...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...