fbpx
Таг: Федерика Могерини

таг: Федерика Могерини

Шекеринска во посета на Словенија, на средби со Пахор и со Могерини

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со делегација од Министерството, утре и задутре ќе престојува во Република Словенија, на покана на министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич. Во рамки на посетата Шекеринска ќе има средби и со претседателот на Словенија, Борут Пахор, и со потпретседателот на словенечката влада, Дејан Жидан. Шекеринска утре ќе учествува и на Бледскиот стратегиски форум, на...

Могерини: ЕУ на Балканот може многу да изгуби, но многу и да добие

Балканот е еден од четирите приоритети на надворешната политика на Европската Унија, изјави синоќа високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, на отворањето на конференцијата со амбасадорите на Унијата во Брисел, истакнувајќи дека „како што добро знаат, ЕУ (на Балканот) може многу да изгуби, но и многу да добие“. Могерини на почетокот на дводневното советување...

Договорот со Бугарија ги зацврстува ЕУ-перспективите на Македонија, порача Брисел

Европската Унија го поздравува потпишувањето на билатералниот Договор за пријателство, доборососедство и за соработка меѓу Бугарија и Македонија, стои во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан. Могерини и Хан истакнуваат дека договорот треба да биде пример за земјите од регионот за тоа како се...

Могерини: Посветеноста ни овозможува да ја насочиме сета енерија на реформите

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска на 13. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, на кој присуствуваа и еврокомесарката и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, го образложија владиниот план „3-6-9“. Димитров и Османи, како што велат од Секретаријатот за европски...

Османи утре на состанок на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, од денеска ќе биде во официјална посета на Брисел, а утре ќе учествува на тринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА). Со Советот ќе претседава министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, а копретседавач ќе биде високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика...

Могерини до Заев: Ако се спроведат реформите, ЕУ е подготвена да возврати

Првата официјална дипломатска посета што се реализира во Брисел, заедно со министрите задолжени за реализација на надворешно-политичките приоритети на Македонија, ја покажува одлучноста на Владата на Република Македонија за забрзување на евроинтегративниот процес, изјавил премиерот Зоран Заев на средбата со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. - Во интерес на граѓаните на Македонија е...

Заев утре првпат официјално во Брисел, на средби со Туск, Могерини, Хан и со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев утре во Брисел ќе се сретне со високи претставници на ЕУ и на НАТО, информираат од Владата. Ова претставува прва официјална посета по преземањето на должноста претседател на Владата. Оттаму велат дека целта е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграциите во ЕУ и во НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира...

Могерини – Хан: А сега работете на реформската агенда

Високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, утринава со заедничко соопштение го честитаа изборот на новата влада на Република Македонија. „Го поздравуваме гласањето за новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. Европската Унија е подготвена да ја поддржи работата на новата влада, но и на опозицијата, за...

Рама: По изборите, ќе побараме од Брисел да почнеме со претпристапните преговори

„По изборите во Албанија, ќе побараме од Брисел да почнеме со претпристапните преговори за членство во Европската Унија,“ изјавил албанскиот премиер Еди Рама по неформалната средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Тој додал дека тоа барање ќе биде поддржано од мнозинството и од опозицијата. Рама, меѓудругото информирал дека со Могерини разговарале за решавање на политичката...

За Вучиќ не е кривично дело што српскиот разузнавач бил во Собранието

Српскиот премиер Александар Вучиќ, по вчерашната неформална вечера на премиерите на земјите од Западен Балкан, на новинарско прашање за присуството на советник во српската амбасада во Скопје при насилствата во Собранието на 27 април, изјавил дека советникот не учествувал во кривично дело, ниту пак нешто организирал, јави агенцијата „Бета“. Телевизијата „Телма“ завчера објави дека Горан Живаљевиќ, офицер на српската разузнавачка...

Лидерите на Западен Балкан се обврзале да соработуваат и меѓусебно да се почитуваат

Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност на неформалната средба со премиерите од земјите од Западен Балкан разговарала за европската перспектива на регионот во ЕУ, соопштуваат од кабинетот на Могерини. Од таму велат дека за време на средбата, сите присутни ја потврдиле нивната целосна посветеност да продолжат да работат на процесот на нивна интеграција во Европската...

Заев: Посакувам во 2018 година да се отвори датум за отпочнување на преговори со ЕУ

Среќен сум што денеска успеавме сите меѓу себе да поразговараме и да заклучиме дека сите стоиме на линијата на потребата на сите наши граѓани за унапредување на соработката. Констатиравме овде во присуство на Могерини дека и ЕУ ќе не почитува повеќе ако ние во регионот соработуваме, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на неформалната вечера на лидерите...

Заев се сретна со Могерини, шефицата на европската дипломатија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево имаше билатерална средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. „Пред вечерата со претставниците на Западен Балкан, Федерика Могерини се сретна со Зоран Заев, определениот за премиер на Поранешна Југословенска Република Македонија“, напиша на „Твитер“, Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија. https://twitter.com/MajaEUspox/status/867424898175692800 По билатералните средби со Могерини, претставниците на шесте земји...

Могерини: Заложбата на ЕУ е тесна соработка помеѓу Унијата и земјите од Западен Балкан

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, денеска на прес-конференција во Брисел ја најави вечерашната неформална средба со, како што рече „премиерите и определениот за премиер од шест балкански држави“, посочувајќи дека средбата е со цел овие претставници со ЕУ да се договорат како да работат подобро заедно во иднина. – Видовме дека Западниот Балкан...

Заев денеска на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мандатар за состав на новата Влада денеска ќе престојува во работна посета на Брисел каде што ќе има билатерална средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. „Заев ќе биде присутен на вечерата што ја организира високата претставничка на ЕУ, Могерини во Брисел, со шест премиери на Влади...

Заев: Посетата на Брисел е можност да ѝ дадеме причина на ЕУ да се фокусира на Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека утрешната вечера со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и со премиерите од Западен Балкан е одлична можност да се видат сите, но и за да се поразговара за европската перспектива на Македонија. - Можност да објасниме колку многу ќе работиме на реформите за да им...

Заев утре на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре во Брисел ќе присуствува неформалната вечера на премиерите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврдија од СДСМ. Како што соопшти портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов Заев пред неформалната вечера ќе има и билатерална средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Могерини...

Коцијанчич: Трпение, до 24 мај ќе дознаете кој ќе вечера со Могерини

Европската комисија засега не открива кој ќе патува во Брисел на средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, дали тоа ќе биде техничкиот премиер Емил Димитриев или Зоран Заев. - Во овој момент можам да кажам дека поканите се испратени до премиерите, а имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата. Ќе...

Могерини ги поканила премиерите на балканските земји на вечера, меѓу нив и Заев

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, ги поканила премиерите од шест балкански земји на неформална вечера на 24 мај во Брисел, објави порталот „Нова ТВ“. Могерини го очекувала и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, без разлика дали дотогаш ќе било финализирано формирањето на новата влада на Македонија. Тема на неформалниот состанок ќе биде ситуацијата во...

Могерини и Хан: Мандатот на Заев е важен чекор за државата да излезе од кризата

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го ревидира својот став и да го додели мандатот за составување нова влада. „Ја поздравуваме одлуката на претседателот Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на господинот Заев, што претставува...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...