fbpx
Таг: Боки 13

таг: Боки 13

Боки 13, Крлеуша: Kога „Rest In Peace (RIP)“ стана „Одморете се во мир“…

Порталот „ Екран“ денеска (13.08.2019) објави текст со наслов: „(ВИДЕО+ФОТО) БОКИ 13 „РЕКЕТИРАЛ“ ПОРАДИ ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: „Курир“ открива што плус се крие зад аферата „Рекет““,  комплетно преземен од српски „Курир“ заедно со фотографиите и без никаква јазична, лекторска интервенција.   Освен што во споменатиот напис не е направена никаква проверка на искажаните тврдења во „Курир“ барем кај уште еден извор, туку е пласиран како да се работи за стопроцентна вистина, има проблеми и со преводот.  Уште...

Пендаровски бил разочаран од тоа што го слушнал, повикува на брза и темелна истрага

Лично, како човек, разочаран сум, одговори претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Шефот на државата денеска напладне одржа прес-конференција за случајот „Рекет“, на која повика на брза и темелна истрага, обвиненија против сите инволвирани и политичка одговорност на сите кои било како се поврзани со случајот. - Јас, јавно, уште на самите...

Српски медиуми повторно во напад врз Заев, иако го нема во „Рекет“

Дел од српските медиуми блиски до тамошната власт и во вчерашните написи за аферата „Рекет“ и новите објавени снимки од италијанскиот весник „Ла Верита“, продолжија со тактиката директно да го врзуваат премиерот Зоран Заев со овој скандал. Впечаток е дека овие медиуми оркестрирано излегоа со сензационалистички наслови во кои јасно се препознава намерата да се дискредитира актуелната македонска Влада...

ЈО: Новите снимки не излегоа од кај нас

Јавното обвинителство денеска официјално соопшти дека снимките што деновиве ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, кои одекнаа во јавноста во земјава, не се произлезени од кај нив, но и дека биле дел од доказниот материјал за случајот „Рекет“. „Јавното обвинителство ја известува јавноста дека снимките објавени во еден италијански медиум поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството. Станува...

Ла Верита со нови аудио снимки за „Рекет“ – тврди дека се слуша и Катица Јанева

Италијанскиот дневен весник „Ла Верита“, кој вчера на својата веб-страница го објави видеото на кое се гледа како Боки 13 заминува откај Орце Камчев со „Луј Витон“ чанта во која наводно има огромно количество евра, денеска објави нови аудио снимки од разговори и дружење на Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец, а според весникот, во еден момент се...

Со сомнителни снимки од сомнителен извор се прави обид да се турне владата во Скопје

Не требаше да помине многу време од објавувањето на видео снимките од наводното земање на мито од страна на Бојан Јовановски и Зоран Милески - Кичеец во домот на Јордан Камчев, па да се дознае дека весникот „La Verita“, чиј веб-сајт ги објави овие снимки, всушност, е близок до актуелните популистички власти во Италија и веќе подолго време објавува...

Jанева: Не сум ја злоупотребувала должноста, Бојан Јовановски го злоупотребил моето име

Најодговорно тврдам дека не сум ја злоупотребувала должноста ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов сè уште ја извршувам. Не само Бојан Јовановски, и други го злоупотребувале моето име, изјави денеска Катица Јанева на прес конференција во СЈО. Таа се појави сама на говорницата, а откако го прочита тоа...

Бугарски портал со тендециозно тврдење дека Јанева зела поткуп

Со прилично тенденциозен и манипулативен наслов: „Травестит и обвинител земаат милиони од рекет во Скопје“, бугарскиот портал „bgdnes.bg“  на 17.07.2019 година објави поширок напис за скандалот „Рекет“ придружен со повеќе фотографии од специјалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски - Боки 13 (кој во текстот се нарекува „травестит“). Барем засега (18.07.2019) официјално не е соопштено  дека „ и обвинител земал „рушвет“ во истрагата која на 15.07.2019...

Српски медиум со куп дезинформации за и околу Катица Јанева

Српскиот портал „Информер“ излезе со текст со кој уште во насловот ја дезинформира јавноста. Во гломазната насловна конструкција: „Аферата „Рекет" ја тресе Северна Македонија! "Падна" Боки 13, главниот обвинител под истрага, а сега се огласи и премиерот Зоран Заев!“, (AFERA "REKET" TRESE SEVERNU MAKEDONIJU! "PAO" je BOKI 13, glavna tužiteljka POD ISTRAGOM, a sada se oglasio i premijer Zoran Zaev!)...

Како македонската Моника Маковеј од симбол на правдата стана „случај“ во афера за милионски рекет

Специјалната обвинителка на Северна Македонија Катица Јанева, од персонификација на борбата против деценискиот режим на Никола Груевски изразена во крикот „нема правда нема мир“, преку еден буквално неверојатен сплет на случувања, се трансформираше во предмет на јавен линч и потсмев исполнет со повици за нејзино апсење и безброј шпекулации и дезинформации околу целиот случај. Јавноста, сè уште во шок од...

Каде српски „Курир“ виде „хаос во Македонија“?

Српскиот портал „Курир“ на 15.07.2019 година објави текст со пресилен наслов:„ Хаос во Македонија поради Боки 13: Јовановски  уапсен  поради скандал со  8.000.000 евра, а замешан е и обвинител! Во Македонија нема хаос, сите институции на државата функционираат. Во прашање е скандал кој го тангира и Специјалното јавно обвинителство и кој се заканува да добие поголеми димензии, но во секој случај  нема хаос, како што тврди насловот. Фактички, станува збор за...

Причините за пожарот во возилото на таткото на Боки 13 засега непознати за полицијата

Возило, марка „бмв икс 5“, ноќеска било опожарено на улицата Варшавска, во скопската населба Тафталиџе, информираат од полицијата. Причините за пожарот, кој избувнал околу 1.40 часот, засега се непознати, а возилото, сопственост на Ј.Ј., било целосно опожарено. Пожарот, како што информираат од полицијата, бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада во 2.25 часот. Увид на местото ќе се врши денеска. Инаку, медиумите...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...