Таг: Бојко Борисов

таг: Бојко Борисов

Грција и Бугарија ја повикаа македонската влада да го почитува владеењето на правото

Грција и Бугарија бараат Балканот да покаже демократски вредности и да го напушти стариот националистички менталитет. Тие испратија индиректна порака до македонската влада да се придржува до европските принципи за владеење на правото, одржување на демократски вредности и за почитување на добрососедските односи. Индиректната порака доаѓа преку заедничката декларација на грчката и на бугарската влада, која вчера беше потпишана...

Грчката и бугарската влада на заедничка седница во Софија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска е во еднодневна посета на Софија за заедничката седница на грчката и на бугарската влада. Ципрас ќе има тет-а-тет средби со својот бугарски колега, Бојко Борисов, и со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев. Заедно со Ципрас во Софија се и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, како и министрите за миграција, економија, туризам, труд...

Ципрас во Софија ќе разговара и за ситуацијата во Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас в понеделник заминува за Софија на заедничка владина седница меѓу Грција и Бугарија. Ципрас во бугарската престолнина ќе се сретне со премиерот Бојко Борисов и со претседателот Росен Плевнелиев, а потоа ќе има заедничка седница меѓу грчката и бугарската влада, за што во Софија доаѓаат речиси половина од министрите на СИРИЗА. На состаноците се очекува да...

Борисов со Иванов: Загрижени сме поради политичката криза во Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов изразил загриженост за ситуацијата во земјава и потенцирал дека таа може да се разреши само преку дијалог меѓу сите политички партии, се наведува во соопштението од неговиот кабинет. „За време на разговорот премиерот Борисов изрази загриженост за ситуацијата во соседна Македонија. Како добар пријател на Република Македонија, Бугарија...

Борисов: На Груевски не сакам ни добар ден да му кажам

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера во Софија изјави дека воопшто не комуницира со македонскиот премиер Никола Груевски. - Кој што ме познава, знае дека со Груевски не зборувам. Не сакам ни добар ден да му кажам. Тие што ме познаваат, знаат дека избегнувам секаква средба – рече Борисов, додавајќи дека Груевски повеќепати барал да се сретнат. Борисов рече дека не му...

Борисов: Податоците од Иванов за мигрантските рути ги предадов на ДАНС

Информациите добиени од македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, за новите мигрантски рути, ги предадов на службите, изјави денеска во бугарскиот парламент премиерот на земјата, Бојко Борисов, пренесува „БГНес“. - Тоа што пред неколу дена претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ме замоли, јас го пренесов на средбата на Европскиот совет. Нивните служби ги добија новите рути. Сето тоа е доставено на...

Иванов: Сакам Бугарија да ја прегрне Македонија и да ја поддржува

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за бугарската новинска агенција „БГНес“ изјави дека не постојат јазични бариери со Бугарија и оти таа треба најмногу да ја поддржува Македонија и да ја прегрне. - Сакам Бугарија да биде државата што најмногу ќе ја поддржува Македонија, Како што се вели, да ја прегрне Македонија. Ние немаме јазична бариера. Имаме отворени прашања од минатото. Не можеме да...

Бугарија се подготвува да подигне „мала ограда“ на границата со Грција

Бугарија е подготвена да постави „мала ограда“ на границата со Грција доколку поголема група мигранти се обиде да влезе во земјата, изјави денеска бугарскиот премеир Бојко Борисов. Борисов во парламентот рекол дека проблемот со бегалците во Бугарија доаѓа од Грција. - Грчката влада веќе неколку месеци не презема мерки, а распоредувањето бродови на НАТО во Егејското Море исто така не дава резултати...

Софија: Борисов и Иванов договорија заеднички безбедносни операции на границата

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, во телефонски разговор договориле во наредните денови да бидат спроведени заеднички македонско-бугарски копнени и воздушни операции за заштита и за контрола на заедничката граница од илегални премини на мигрантите, стои во соопштение објавено на интернет-страницата на бугарската влада. Како што се појаснува во соопштението, Иванов и Борисов разговарале за проблемот со бегалците...

Борисов: Бугарија ќе испрати војници на границата со Грција

Бугарија ќе испрати повеќе од 400 војници и други припадници на безбедносните сили да ја чуваат границата со Грција, поради стравот дека протекот на мигранти долж балканската рута ќе се зајакне со стоплувањето на времето, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов. - Стотина луѓе, повеќе од 400 од редовите на војската, паравоената полиција и од полицијата, ќе останат овде – изјави...

Бугарскиот премиер добил смртна закана

Бугарскиот премиер Бојко Борисов добил смртна закана, јавуваат бугарските медиуми. На адреса на владата во Софија стигнало писмо со фотографија од Борисов, куршум и заканувачка порака, јавуваат медиумите, повикувајќи се на извори на безбедносните служби. Борисов вели дека не е загрижен и оти сè се случува поради неговата борба против корупцијата и шверцот. Бугарскиот премиер минатата недела нареди да се запрат сите...

Отфрлено барањето за гласање недоверба на бугарската влада

Бугарскиот парламент денеска го отфрли барањето на опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Бојко Борисов. Барањето на опозицијата е отфрлено со 130 гласа. 80 пратеници гласале „за“, додека пет биле воздржани. Коалициската влада на Борисов, која е на власт од ноември 2014 година, нема апсолутно мнозинство, но има поддршка од две помали партии. Опозицијата ја обвини владата дека не спровела реформи...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...