Полицаец застрелан кај „Мавровка“
ноември 8, 2014
Во престрелка кај трговскиот центар „Мавровка“ доцна синоќа, еден полицаец е повреден. Според неофицијалните информации, во полицаецот стрелале две лица кои се дале во бегство. Полицаецот од Бит Пазар бил префрлен во болница и не се даваат информации колку се сериозни повредите. Полицијата најавува повеќе детали за денеска.