fbpx
Таг: 8 март

таг: 8 март

Шекеринска: Бројот на жените во одбраната не е на задоволително ниво

Состојбата со бројот со жените во АРМ не е доволно добра, но таква е ситуацијата во речиси сите армии и во европските, кои се неколку чекори понапред во однос на Македонија, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на трибината на тема „Родова перспектива во одбраната”, организирана по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Нагласи дека...

Во Македонија има 283.834 вработени жени – најголем дел во приватниот сектор

Државниот завод за статистика објави податоци за жените во Македонија по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Според нивната последна статистика за 2016 година, вкупниот број на вработени жени изнесува 283.834 од кои 74,8 отсто се вработени во приватни компании. Бројот на дипломирани жени изнесува 6.787 или 58 отсто од вкупниот број на дипломирани студенти. Жени магистри на науки изнсува 1.107...

ССНМ ќе го поддржи Маршот за женски права поради дискриминација на новинарките

Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) ќе даде поддршка и ќе му се приклучи на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост, кој ќе се одржи утре, во 12 часот, пред споменикот „Олимпија“ на плоштадот „Филип Втори“. Маршот е за еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и за должно почитување.- На 8 март 1977...

Цветковска: Синдикално организирани, жените се посилни во одбрана на работничките права

Секцијата на жени при Конфедрацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), преку летоци ги информираше граѓаните за потребата од нивно синдикално организирање на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. - Не случајно го одбравме овој ден, ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и за социјална рамноправност, да дознаеме дали жените се запознаени со тоа што, всушност,...

По повод 8 Март, КИЦ „Култура 365“ со подарок книга за секоја жена

Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, ќе спроведе акција под мотото „Книга за секоја жена“. Утре, во текот на целиот работен ден, секоја жена што ќе го посети КИЦ „Култура 365“ на улица Цар Самоил Охрид, ќе добие подарок книга со проза или поезија по сопствен избор. Акцијата се спроведува со поддршка од локални...

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со музички настан го одбележа претстојниот 8 Март

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид попладнево пред Центарот за култура „Григор Прличев“ го одбележаа претстојниот меѓународен ден на жената 8 Март со културно-уметничка програма на која настапија КУД „Ѓердан“ и познатиот естраден уметник Петар Нечоски. Како што истакнаа од унијата, целта е на скромен и на достоинствен начин да се одбележи 8 Март и да им се честита празникот...

Зоран Заев од Охрид вети подобрување на положбата на жената

Ајде сите заедно да го проветриме заедничкиот дом што се вика Македонија и да си ја вратиме земјата на вистинскиот, европскиот пат. Ова денеска го истакна лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во говорот пред жените учеснички на традиционалниот осмомартовски марш во Охрид, организиран од форумот на жени на СДСМ под мотото: „Ти си таа промена - Заедно за Македонија!“. - Промените се почнати....

Форумот на жени на СДСМ ќе организира традиционален марш по повод 8 Март

Форумот на жени на СДСМ денеска во Охрид ќе организира традиционален марш под мотото „Ти си таа промена - Заедно за Македонија!“, по повод меѓународниот Ден на жената, 8 Mарт. Маршот ќе почнe во 12 часот, од спортскиот центар „Билјанини извори“, ќе продолжи по булеварот Туристичка, низ чаршијата и ќе заврши на плоштадот во близина на пристаништето во Охрид. По завршување на...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...