вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: комисии | 37 резултати

Министерство за култура повика да се пријавуваат неправилностите, „доколку ги има“

февруари 15, 2018

Министерството за култура, по бројните реакции од опозицијата и од јавноста за наводни злоупотреби и непотизам во Годишната програма, упати јавен повик да му се достават таквите информации. „Наша недвосмислена определба е процесите на одлучување да бидат целосно транспарентни, да бидат фер и објективни, согласно начелата, критериумите и пропозициите на конкурсните апликации. Цврсто стоиме на […]

Судии се јавувале кај Караџовски да прашаат дали навистина ќе има масовни разрешувања

февруари 15, 2018

Судскиот совет на денешната седница нема да одлучува по барањата за разрешување на судии, туку ќе ја почне постапката со избор на членови на Советот кои ќе ги застапуваат барањата за разрешување и ќе се бираат комисии кои ќе истражуваат дали има основи за разрешување, по што ќе реферираат до Судскиот совет. Ова денеска го […]

Џафери ја одложи расправата за Законот за јазици бидејќи „нема технички услови“

јануари 29, 2018

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја одложи расправата за Законот за јазици, кој беше осма точка на дневниот ред на денешната 32. седница, бидејќи како што кажа, „нема технички услови за расправа“. – Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тие не се довршени. И деловната обврска за […]

Во Собрание комисии ќе расправаат за неколку закони

декември 21, 2017

Вкупно четири комисии во Собранието денеска ќе расправаат за повеќе предлог-закони, меѓу кои и законот за урбано зеленило, предложен своевремено, меѓу другите пратеници, и од Петре Шилегов, кој сега е градски татко на Скопје. Ќе се дискутира и за Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2016 година, како и […]

Почнува комисиската расправа за Законот за употреба на јазиците

септември 5, 2017

Собраниската комисија за европски прашања денеска ја почнува расправата за Законот за употреба јазиците. Законот, кој предвидува проширена употреба на албанскиот јазик, е „со европско знаменце“, што значи дека ќе се носи по скратена постапка. Станува збор за еден од клучните закони на владејачката коалиција, чие донесување беше дел од преговорите меѓу СДСМ и коалиционите […]

Едногласно усвоена предлог-декларацијата за забрзување на процесот за зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО

јули 14, 2017

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја усвои предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Комисијата бара предлог-декларацијата да биде ставена на дневен ред на посебна наредна седница. Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима […]

Закажани седници на пет собраниски комисии

јуни 20, 2017

Во Собранието денеска закажани се седници на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за труд и социјална политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за надворешна политика. Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план на „Македонската радио-телевизија“ […]

Владата одлучи патот кај Порој да се исчисти, а земјоделците да се обесштетат

јуни 7, 2017

На вечерашната трета владина седница на која се расправаше за штетите во поплавените подрачја во Порој, било истакнато дека Дирекцијата за заштита и спасување и Општината Тетово треба веднаш да почнат постапка за расчистување на наносот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, а Владата препорачала да помогне и Армијата. На патот имало нанос од песок и […]

Денеска Владата одржува нова седница

јуни 6, 2017

Втората седница на Владата почна во 12 часот. Се очекува и на оваа седница да се расправа за кадровските решенија во министерствата и во институциите. Владата вчера на првата седница ги формираше работните тела и комисии. Премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како […]

Владата на првата седница ги формираше работните тела и комисии

јуни 5, 2017

Владата на Република Македонија денеска ја одржа првата седница, на која премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика. Заев на другите министри без ресори им делегираше задолженија. Роберт Поповски ќе биде задолжен за комуникации, […]

Експресно завршени две собраниски седници, продолжува расправата за избор на влада

мај 31, 2017

Во експресни постапки, со едногласно гласање „за“, во Собранието завршија две седници – конститутивната и третата седница, на која единствена точка беше изборот на комисиите на Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираа конститутивната седница, на која требаше да се изберат претседателот, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата […]

ДИК побара да се направи увид во изборниот материјал на гласачко место 2.024

декември 16, 2016

Со пет гласа „за“ и со четири „против“, членовите на Државната изборна комисија изгласаа дека треба да биде направен увид во изборниот материјал од гласачко место 2.024 во шестата изборна единица, за кое СДСМ има поднесено приговор. За избирачкото место 2.016 сите членови на ДИК изгласаа дека треба да бидат повикани членовите на избирачките одбори и […]

Заменик-претседателката на шведскиот парламент во посета на Македонија

јули 18, 2016

Заменик-претседателката на Риксдагот (Парламент) на Кралството Шведска, Изабел Дингисан, денеска со делегација ќе престојува во посета на Македонија. За време на посетата, Дингисан ќе има средби со потпретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски, со пратеничката група за соработка со парламентот на Шведска, како и со претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и […]

Собраниска седница за Универзитетот „Дамјан Груев“

јули 14, 2016

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 108. седница, на која на дневен ред е предлог-закон за дополнување на Законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје, по скратена постапка. По оваа, Собранието ќе ја продолжи и 110. седница, на која на дневен ред се предлог-закон за изменување […]

Седници на три собраниски комисии

мај 26, 2016

Денеска во Собранието ќе се одржат седници на комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и на комисијата за образование, наука и спорт. На дневниот ред на седницата на комисијата за финансирање и буџет е, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2015 година, Предлог-одлуките за […]

Седници на пет комисии во Собранието

февруари 15, 2016

Во Собранието на Република Македонија, за денеска се закажани седници на пет собраниски комисии. На дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е предлог-законот за изменување на Законот за полиција, а Комисијата за политички систем ќе го разгледува предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за обезбедување на побарувањата. За неколку предлог-закони […]

Во Собранието ќе се одржат четири комисиски седници

февруари 5, 2016

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за одбрана, Националниот совет за евроинтеграции и Законодавно-правната комисија. Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, а Комисијата за одбрана – предлог-законот за измена на Законот за полиција. Законодавно-правната комисија, […]

Странците предлагаат нов закон за тајните служби

јануари 22, 2016

Работата на разузнавачките служби и на нивните вработени треба да биде регулирана со нов закон, бидејќи примената на актуелните законски решенија е на незадоволително ниво, поради што нема ефикасна контрола и надзор врз тајните служби. Ова го препорачале експерти од швајцарска организација за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), кои три месеци работеле заедно со […]

Две седници и две комисиски расправи денеска во Собрание

јануари 21, 2016

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 87. седница, на чиј дневен ред се предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, и предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за извршување на санкциите и за јавнообвинителска служба, двата по скратена постапка. По завршувањето на […]

Денеска во Собранието две седници на комисии

ноември 17, 2015

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржат седници на комисиите за одбрана и безбедност и за надворешна политика. На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог-законите за дополнување на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за одбрана, во прво, односно во второ читање. Членовите на Комисијата за надворешна […]

Страна 1 од 2