fbpx

ДИК побара да се направи увид во изборниот материјал на гласачко место 2.024

-

Со пет гласа „за“ и со четири „против“, членовите на Државната изборна комисија изгласаа дека треба да биде направен увид во изборниот материјал од гласачко место 2.024 во шестата изборна единица, за кое СДСМ има поднесено приговор.

За избирачкото место 2.016 сите членови на ДИК изгласаа дека треба да бидат повикани членовите на избирачките одбори и да дадат изјава, односно треба да го проверат и потврдат оригиналниот записник, бидејќи вкупниот број на запишани гласачи се 843, а при сумирање на гласачките ливчиња бројот е 842.

Според членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев, во сите избирачки места во Теарце се корегирани резултатите, записниците се преправани без согласност и присуство на претставници на политички партии.

Претходно, Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на СДСМ за избирачките места 2.010 и 2.025, кои исто така се во шестата изборна единица во општина Теарце.

СДСМ до ДИК достави осум приговори за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...