fbpx

Средба Џафери – Зеленски во Тирана: Потпишана заедничка изјава за евроатлантските интеграции на Украина

Во Изјавата заеднички се осудени злосторствата од вооружените сили на Руската Федерација врз цивилно население и цивилна инфраструктура на Украина, вклучително и енергетски објекти, училишта, болници и станбени згради, коишто се заштитени со меѓународното хуманитарно право

-

Претседателот на Владата Талат Џафери, во рамки на работната посета на Република Албанија, се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На средбата присуствувале и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски.

„Премиерот Џафери ја истакна поддршката на Владата и силната определеност и посветеност кон територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународни признаени граници. Притоа, потенцираше дека на билатерална основа, но и во рамките на НАТО, целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина, Северна Македонија од почетокот на руската воена агресија, манифестира континуитет во својата позиција и ќе продолжи сè додека е тоа потребно“, се вели во владиното соопштение.

Претседателот Зеленски, како што велат од Владата, изразил длабока благодарност до Владата и граѓаните на Северна Македонија за силната и сеопфатна поддршка, пред сѐ политичка и воена на земјата, како и за приемот на украински бегалци. Потенцирал дека Украина посебно цени што Северна Македонија се приклучила кон Бучанската Декларација за повикување на одговорност за најтешките воени злосторства извршени на територијата на Украина.

Премиерот Џафери и претседателот Зеленски, по средбата, потпишаа „Заедничка Изјава на Република Северна Македонија и Украина за евроатлантските интеграции на Украина.

Во Изјавата заеднички се осудени злосторствата од вооружените сили на Руската Федерација врз цивилно население и цивилна инфраструктура на Украина, вклучително и енергетски објекти, училишта, болници и станбени згради, коишто се заштитени со меѓународното хуманитарно право.

Нагласена е потребата за итно и целосно повлекување на сите трупи и вооружени формации на Руската Федерација од суверената територија на Украина, во рамките на нејзините меѓународно признаени граници од 1991 година. Посочено е и на важноста од истрага за воените злосторства на територијата на Украина, во согласност со меѓународното право.

„Во однос на евроатлантските перспективи, во Изјавата е истакнат значителниот придонес на Украина за безбедноста на евроатлантската област, особено украинските напори да одвратат на неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација. Во таа насока, посебно е нагласен заедничкиот став за потребата од дополнително зајакнување на консолидираниот капацитет на евроатлантската заедница, со цел ефикасно спротивставување на постојните и на потенцијалните глобални предизвици и безбедносни закани“, велат од Владата.

Потенцирани се и заедничките напори да се обезбеди натамошен напредок кон имплементацијата на стандардите на ЕУ и НАТО, со цел членство на Украина во Европската Унија и во Северноатлантската алијанса. Потенцирана е и меѓусебната поддршка за време на процесот на пристапните преговори на Украина и Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...