Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

По отпочнување на прегледот, превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока – замрзнато свинско месо, чија вредност, согласно дополнително приложените документи, изнесувала 11 илјади евра

-

Мобилен тим на Царинската управа викендов спречил криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните, соопштија од Управата. Превозникот, а воедно и сопственик на транспортното возило, не го пријавил месото со царинска декларација, ниту пак поседувал ветеринарен сертификат за истото.

Настанот се случил во саботата на царинската испостава Богородица на влез во земјава од Грција. Во товарното возило со грчки регистарски ознаки, со царински документ биле пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки.

Заради извршување на детален преглед, возилото било пренесено во царински склад, каде, по отпочнување на прегледот, превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока – замрзнато свинско месо, чија вредност, согласно дополнително приложените документи, изнесувала 11 илјади евра.

По поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело криумчарење на стока.

Одбележан месецот посветен на ракот на дојка во Градскиот парк во Скопје

Светскиот месец посветен на ракот на дојка се одбележа вчера во Градскиот парк во Скопје, со настанот „Розов Пикник“. Посетителите имаа можност да добијат едукативни материјали на информативните штандови,...