Силен земјотрес во Албанија синоќа почуствуван во земјава

Фото: Shefali Lincoln на Unsplash

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје синоќа во 22.13 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓал во Република Албанија, 147 км западно од Скопје.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML4,8 а е почувствуван од населението на земјава, особено во северозападните делови, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.