Штип и Крива Паланка пред изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа

-

Со оглед на близината на магистралниот гасоводен систем, општините Штип и Крива Паланка меѓу првите почнаа со проектирањето, а ќе бидат веројатно и првите две општини што ќе може да стартуваат со секундарната гасификација. Општина Штип, според градоначалникот Благој Бочварски, е пред добивање на дозволата за градба.

– За гасификација сме на крај од проектирањето, почнувајќи од основниот проект, идејниот до инфраструктурниот проект, сите заедно во вредност од 2,5 милиони денари. Проектирањето е основно, што ќе го имаме по плаќањето на фактурите. Потоа следува издавање за градежно одобрение за секундарна гасоводна мрежа од 21,5 километри. Во текот на 2020 година, очекуваме почеток на гасификацијата на Штип – рече штипскиот градоначалник Бочварски.

За разлика од Штип, Крива Паланка има планирано многу помала секундарна мрежа од девет километри. Градоначалникот на оваа општина Борјанчо Мицевски потврди дека и нивната документација е пред градежна дозвола.

– Завршено е проектирањето за девет километри секундарна мрежа. Во фаза сме на документација за градежна дозвола. Останува да се најдат извори на средства за изградба на секундарната мрежа. Ние тие пари ги немаме – изјави Мицевски.

Рускиот гас, преку магистралниот гасовод од македонско – бугарската граница долг 98 километри, влегува кај Деве Баир и минува преку Крива Паланка. Проблем е како да се создаде систем, кој ќе го носи гасот до секоја институција и домаќинство во општината.

Идентично е и со Штип. Магистралниот крак кон Неготино е непосредно пред влезот на градот. Треба да се изгради секундарната мрежа.

Како ќе се изнаоѓаат средства за овој крупен проект, засега нема сигурна потврда. Владата постојано ги повикува општините да работат на неопходните проекти, меѓутоа, нема сигурен извор на средства за таа мрежа.

– Разгледуваме три опции. Она што ја фаворизира Владата е дека не треба да ги задолжуваме граѓаните преку градовите, општините, па дури и државата за проекти каде што има интерес по пат на јавно – приватно партнерство или концесија да се реализираат секаков вид проекти – изјави неодамна премиерот Зоран Заев.

Гасификацијата е голем залак за општините, но и за граѓаните, кои сами ќе треба да си го платат приклучокот. Општината Куманово донесе одлука за субвенционирање на секое домаќинство во висина од 150 евра за секој нов приклучок. Но, Куманово е општина каде гасоводот е во функција со години и има разработено мрежа. За општините како Штип и Крива Паланка, за почеток, од суштинско прашање е дали ќе заинтересираат компанија, која заеднички, преку јавно – приватно партнерство би влегла во секундарната гасификација.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...