петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: дистрибуција | 24 резултати

ЕСМ изработува три проекти за проширување на парното греење во Автокоманда и Железара

август 5, 2020

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) потпиша три договори за изработка на проектна документација за изградба, реконструкција и проширување на топловодната мрежа во скопските населби Автокоманда и Железара. Изготвувањето на проектите треба да биде основа за проширување на дистрибутивната мрежа во системот за снабдување со топлинска енергија од когенеративната електрана „КОГЕЛ“ што се наоѓа во скопската […]

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

јули 8, 2020

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за прекин на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска […]

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

мај 6, 2020

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број […]

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

април 11, 2020

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на […]

„Слободен печат“, „Вечер“ и „Нова Македонија“ добија 500.000 од вкупно 712.000 евра владини субвенции (инфографик)

февруари 11, 2020

Владата го објави списокот со 12-те печатени медиуми што добија субвенции преку Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Според објавените владини податоци, на повикот за финансиска поддршка за минатата година биле доставени вкупно 16 барања, за кои биле предвидени околу 810.000 евра. Од нив, одобрени се 12 барања […]

12 печатени медиуми ќе поделат 710.000 евра субвенции за печатење и дистрибуција

февруари 5, 2020

На 12 медиуми им се распределени околу 710.000 евра од владината Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Ова било одлучено на вчерашата седница на која е констатирано дека на повикот за финансиска поддршка за 2019 година пристигнале вкупно 16 барања, од кои критериумите ги исполниле само 12 медиуми. […]

Штип и Крива Паланка пред изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа

декември 30, 2019

Со оглед на близината на магистралниот гасоводен систем, општините Штип и Крива Паланка меѓу првите почнаа со проектирањето, а ќе бидат веројатно и првите две општини што ќе може да стартуваат со секундарната гасификација. Општина Штип, според градоначалникот Благој Бочварски, е пред добивање на дозволата за градба. – За гасификација сме на крај од проектирањето, […]

Владата почнува постапка за договор за јавно-приватно партнерство за дистрибутивниот систем на гас

декември 25, 2019

Владата на 172. седница донесе Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија. „Владата ги задолжи надлежните институции во рок од три дена до Министерството за економија да достават номинации за член и […]

Дистрибуцијата на гас ќе се врши преку јавно-приватно партнерство

април 24, 2019

На 131. седница Владата донесе Решение за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на целата територија. „Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно […]

Влада: Дистрибуција на природен гас по пат на јавно-приватно партнерство

февруари 8, 2019

Владата на вчерашната 119. седница донесе одлука за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас во земјава по пат на јавно-приватно партнерство, информираат од таму. „Владата вчера ја разгледа и ја усвои информацијата за изготвување на предлог модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Македонија, со предлог-одлука. Истовремено донесе одлука […]

Државата ќе развива системи за дистрибуција на природен гас

декември 19, 2018

На предлог на Министерството за економија, Владата на 110. седница ја прифатила информацијата за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Македонија. „Со цел да се изготви модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас, Владата го задолжи Министерството за економија да формира работна група составена од двајца претставници на Министерството […]

МОН: Дистрибуирани учебниците за основно, средношколците ќе ги добијат до 15 октомври

октомври 3, 2018

Учебниците за основно образование кои се откупени од издавачките куќи, ги испорачуваат до училиштата, а дистрибуцијата заврши минатата недела, информираат во Педагошката служба при Министерството за образование и наука. – Испораката на учебници за средно образование пак, очекуваме да заврши до средината октомври. Во процесот на испорака на учебници, им укажуваме на училиштата да внмаваат […]

Почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња до ОИК за референдумот

септември 27, 2018

Од печатницата „Киро Дандаро“ од Битола утрово почна дистрибуцијата на гласачкиот материјал за референдумот за името закажан за в недела. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека дистрибуцијата на гласачките ливчиња за референдумот започнало по проверката што членови на Комисијата ја направиле во печатницата „Киро Дандаро“. Оцени дека подготовката на референдумскиот материјал […]

Приведени диви продавачи на стока со брендовите на тимовите од Супер купот

август 8, 2017

Полицијата денеска на Плоштад Македонија привела две лица поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на фудбалските клубови „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“. „Денеска, околу 12 часот, на Плоштад Македонија две лица се приведени во Полициската станица Центар, поради продажба и дистрибуција на неавторизирана стока со брендови на „Реал Мадрид“ и на „Манчестер […]

Кљусев се изјаснил за виновен за нелегална дистрибуција на наркотици

ноември 30, 2016

Људмил Кљусев, син на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, пред Окружниот судија Алвин Томпсон во Хартфорд се изјаснил за виновен за нелегална дистрибуција на наркотици, како и за вршење измама со здравствена заштита, велат во соопштение за „Мета“ од Министерството за правда на САД. Според судските документи и изјави дадени во суд, Кљусев, […]

Грејната сезона може да почне порано од 15 октомври

септември 29, 2016

Дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ од 1 октомври ќе почне со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија, а целта е да се подготви и да се провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона, информираат од компанијата. – Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурата, грејната сезона може да почне порано […]

Владата не сака проектот за гасоводот да се политизира и да се злоупотребува

септември 18, 2016

За нас е очекувана ваква реакција на СДСМ полна со дезинформации, погрешни податоци и пристап и тие се резултат или на нивното непознавање на тематиката и материјата или, пак, се обид за груба манипулација на граѓаните, реагираат од Владата на соопштението на СДСМ за проектот за гасификација. – Нашите анализи на фактичката состојба говорат дека […]

Двајца браќа од Грчец осомничени за дистрибуција на детска порнографија

август 30, 2016

Единицата за економски и компјутерски криминал на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против 19-годишиниот С.М. и неговиот 15-годишен брат, двајцата од селото Грчец, кои се товарат дека во текот на јули и на август годинава, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ примиле, а потоа на повеќе лица им испратиле порнографски материјал со 12-годишно […]

Собрани 588.415 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

август 15, 2016

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 23.298.578 денари или 378.838 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.889.000  денари или 209.577 евра, или вкупно 588.415 евра. Од Црвен крст информираат дека акцијата на собирање на средствата е планирана […]

Филмот „Деца на Сонцето“ ќе се дистрибуира во Германија

мај 19, 2015

Филмот „Деца на Сонцето“, во режија на Антонио Митриќески, годинава е на маркетот во Кан преку дистрибутерот „Принц филм“… Продуцентот Дејан Милошевски информира дека со дистрибутерот „Принц филм“ од САД потпишале договор со еден од најголемите дистрибутери во Германија, „Лајтхаус филм ентертејнмент“. На почетокот на 2016 година ќе излезе во продажба во Германија. Голем интерес […]

Страна 1 од 1