fbpx

СДСМ: Адвокатот на Груевски за 46.000 евра ангажиран во ЕЛЕМ

-

„Дали откако се излечи душевната болка на Никола Груевски со 50.000 евра, сега е успокоен и неговиот адвокат? Адвокатот Никола Додевски ќе биде ангажиран од државната компанија ЕЛЕМ, а за тоа, според договорот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, за едногодишната услуга, ЕЛЕМ ќе му плати повеќе од 46.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Случајно или не, ова е слична сума за адвокатот со педесетте илјади евра што ги доби Груевски. Интересно е што услов за склучување на договорот со ЕЛЕМ била најниска цена, имало пет понуди, но за постапката не била предвидена електронска аукција, туку зделката е договорена токму со адвокатот на Никола Груевски. Сега е уште појасно колку, всушност, била „тешка болката“ на Груевски, за случајот „Македонска банка“, што го објави претседателот на СДСМ и тоа го чинеше 50.000 евра. Поврзаноста на државните инстутуции, премиер, суд, државни компании, потврдува дека во Македонија нема држава и дека сè е партија“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...