САД бара од Израел да ја зголеми хуманитарната помош во Газа во наредните 30 дена

Во писмото, САД изразуваат длабока загриженост за влошување на хуманитарната ситуација во Газа, каде што речиси 1,7 милиони Палестинци во областа ал-Маваси се под висок ризик поради екстремната пренаселеност

-

Соединетите Американски Држави испратија писмо до Израел во кое бараат да се зголеми хуманитарната помош во Газа во рок од 30 дена. Ако не се постигне подобрување, Израел ќе се соочи со можни намалувања на воената поддршка, што е најсилно предупредување досега, пишува Би-би-си.

Во писмото, САД изразуваат длабока загриженост за влошување на хуманитарната ситуација во Газа, каде што речиси 1,7 милиони Палестинци во областа ал-Маваси се под висок ризик поради екстремната пренаселеност.

Во писмото се вели дека Израел мора, почнувајќи од сега и во рок од 30 дена да дејствува на серија конкретни мерки за зајакнување на снабдувањето помош, додавајќи дека неуспехот може „да има импликации за американската политика“.

Во него се цитираат американски закони со кои може да се забрани воена помош на земјите кои ја попречуваат испорака на американска хуманитарна помош.

Се вели дека Израел мора „да ги зголеми сите форми на хуманитарна помош низ Газа“ пред зимата и да овозможи минимум 350 камиони дневно да влезат преку сите четири главни премини и новиот петти премин.

 

ИзворBBc

Кривична против три лица за пукањето во Чаир – еден е во бегство

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три...