fbpx

Руперт Мардок заминува од врвот на медиумското царство

-

Американскиот медиумски магнат Руперт Мардок на почетокот од 2016 година ќе му ја препушти функцијата извршен директор на конгломерат „Фокс“ (21 Сенчури фокс) на својот син Џејмс, објави денеска на порталот „Фокс њуз“.

Мардок (84) ќе остане претседател на групацијата, заедно со другиот син Леклен.

На чело на „Фокс њуз“ ќе остане сегашниот претседател Роџер Ајлс, кој директно му одговара на Руперт Мардок.

Мардок ја почна својата кариера пред повеќе од половина век во неговата родна Австралија, каде во наследство доби дневен весник, од кој настана медиумската империја „Њуз корп“. На британскиот пазар се проширил во 1969 година, со купување на неделникот „Њуз оф д ворлд“, а во 1985 година станува американски државјанин.

Акциите на „Фокс“ падна за 0,76 отсто по објавувањето на веста и сега изнесуваат 32,60 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...