fbpx

Ревизорите влегоа во Фондот за здравство: Oтсуство на ИТ стратегија, недостиг на кадар и застарена серверска структура

Побарувањата за дадени аванси за лекување надвор од земјава нецелосно се евидентирани и не се воспоставени соодветни контроли за потврдување на фактурите од странските болници. Ваквата состојба довела до тужбени барања од странска болница, утврдиле ревизорите

-

Не се следи успешноста на пациентите лекувани во странство, а побарувањата за дадени аванси за лекување надвор од земјава нецелосно се евидентирани и не се воспоставени соодветни контроли за потврдување на фактурите од странските болници. Ваквата состојба довела до тужбени барања од странска болница, за кои постои неизвесност за крајниот исход.

Ова го утврдил Државниот завод за ревизија во својот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, каде што се утврдени бројни неправилности.

Па така, ревизијата во континуитет укажува на слабостите во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради отсуство на ИТ стратегија, недостиг на ИТ кадар и застарена серверска структура.

„Ова во 2023 година резултирало со сајбер напад на ИТ системот на Фондот. Од друга страна, при спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки на опрема и услуги за ИТ системот ревизијата констатира неправилности, односно дел од договорите не се склучени во законски предвидениот рок и не е обезбедена конкуренција“, констатираат ревизорите.

Директорката на Фондот за здравство не открива детали како се случил хакерскиот напад

Ревизијата и во овој извештај известува за слабостите во контролата за вршењето на здравствените услуги во здравствените установи кои не се соодветно воспоставени или спроведени, поради што нема целосна потврдува на фактурите за извршени здравствени услуги.

„Непостоењето на единствен интегриран систем за издавање упати, лекарски извештаи и пресметки за извршени здравствени услуги, кои се основа за изготвување на месечни фактури/извештаи создава ризик од пропусти и грешки“, стои во извештајот.

Во делот Клучни ревизорски прашања, во ревизорскиот извештај се укажува дека не е обезбедено вистинско купување на услуги предвидено со Законот за здравственото осигурување, односно Фондот наместо да ги надоместува извршените здравствени услуги е принуден, во рамки на утврдениот буџет, да обезбеди средства за целосно функционирање на сите јавни здравствени установи.

„При тоа 2/3 од нив не успеваат да остварат обем на здравствени услуги во висина на договорениот надоместок, поради што имаат статус на неодржливи, што покрај останатото се должи и на неажурираните референтни цени на услугите“, утврдуваат ревизорите.

Ревизијата повеќе години наназад известува дека ЈЗУ и Фондот не ги прават потребните анализи на трошоци за приближување на референтните цени кон реалниот потрошок за единица здравствена услуга, а кои е потребно тековно и континуирано да се менуваат поради влијанието кое го имаат јавните набавки во цената на услугите како и зголемувањето на платите на вработените во ЈЗУ.

Покрај тоа ревизијата известува и за Листата на лекови на товар на Фондот која не е ажурирана и за Националната стратегија за е-здравство која сѐ уште не е усвоена.

Исто така, се вели во извештајот, непостоењето на единствен интегриран систем за издавање упати, лекарски извештаи и пресметки за извршени здравствени услуги, кои се основа за изготвување на месечни фактури/извештаи создава ризик од пропусти и грешки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Венко Филипче е нов лидер на СДСМ

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Денешното гласање се спроведе во 77 избирачки места, а...