fbpx

Ратко Давидовски од ВМРО-ДПМНЕ не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово

Давидовски само претседаваше со вонредната седница, а не бил избран за претседател на Советот

-

Општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Давидовски не е избран за претседател на Советот на Општина Тетово, туку ја водеше вонредната седница за елементарните непогоди. Тоа е затоа што Советот на општината во моментов нема претседател бидејќи досегашниот претседател стана министер, додека во отсуство на претседателот, според законот, седницата ја води најстариот советник, кој во случајов беше Давидовски, пишува Порталб.мк.

На 29.06.2024 година, Советот на Општина Тетово одржа вонредна седница на која беа донесени одлуки за елементарните непогоди и штети од поплавите кои се случија неодамна.

Со оваа седница претседаваше советникот од ВМРО-ДПМНЕ Ратко Давидовски, бидејќи Советот на Општина Тетово во моментов нема претседател, затоа што досегашниот претседател Бесар Дурмиши ја презеде функцијата министер за економија и труд.

Според Законот за локална самоуправа, член 47 став 5 вели: До изборот на претседател, седниците на советот ги свикува и ги води најстариот член на советот.

Во овој случај, задачата му припадна на Ратко Давидовски.

Ова значи дека Давидовски само претседавал со вонредната седница и дека не бил избран за претседател.

Но, во јавноста и на социјалните мрежи почнаа да се шират дезинформации дека Ратко Давидовски е избран за претседател на Советот на општината.

Тетовскиот огранок на Алијансата за Албанците (крилото на Зијадин Села) преку соопштение се изјаснија дека градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, им го дал претседателот на советот на општината на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од страна на локалната власт на Движењето Беса, од денеска и претседателот на Советот на општината го добива ВМРО-ДПМНЕ. Ова се случува во време кога во централната власт секојдневно продолжува деградирањето на Албанците од најважните државни функции“, велат од огранокот на Алијансата за Албанците во Тетово (крилото на Зијадин Села).

Ова беше демантирано од Општина Тетово.

„Советот на Општина Тетово сè уште не го избрал првиот човек на Советот, бидејќи денеска истече мандатот на Бесар Дурмиши, кој е именуван за министер. Врз основа на Законот и Деловникот за работата на советот, седницата ја води најстариот член на советот. Наскоро ќе се избере и новиот претседател на советот и за ова ќе биде информирана јавноста“, соопштија од Општина Тетово.

На вонредната седница му престана и функцијата на Бесар Дурмиши, а на негово место беше избран нов член. Изборот на новиот претседател или претседателка се очекува да биде на следната седница.

Потсетуваме дека Ратко Давидовски, како најстар член, ја водеше и првата конститутивна седница на Советот на општината на 7 септември 2022 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата со нов закон ќе ги укине економските директори во здравствените установи

Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. „Оваа промена има...