fbpx

Поради пожарите, исклучени се два далекувода во Неготинско од безбедносни причини

Во меѓувреме, припадниците на Армијата се справуваат со пожарите во Неготинско на тешко пристапниот терен на земја и од воздух

-

Двата далекуводa на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО.

„Дежурните далекуводни екипи на АД МЕПСО, во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица, каде што транзитираат 400kV далекувод ТС Дуброво – ТС Штип 1 и 110kV далекувод ТС Дуброво – ТС Бучим. Во координација со тимовите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија, двата далекуводи се исклучени од безбедносни причини, а се со цел овозможување на безбедни услови за интервенции како од воздух, така и од копно. Исклучувањето на далекуводите не предизвикува никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија“, се наведува во информацијата од АД МЕПСО.

Во меѓувреме, припадниците на Армијата се справуваат со пожарите во Неготинско на тешко пристапниот терен на земја и од воздух. Тие утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион во координација со сите инволвирани субјекти на многу тешко пристапниот терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола.

Двата хеликоптера од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенирале со 22 ведра и исфрлени се 44 тони вода на локациите на кои било побарано.

Пожарот на Серта разгранет на три страни, во гаснењето се вклучи и армијата

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...